��oj 40   22.01.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Насловна

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 38

Број 37

Број 36

Број 35

Број 34

Број 33

Број 32

Број 31

...

54

МАРК РОТКО - ТВОРЕЦ НА ЕКСТРЕМНАТА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ

Ретроспективна изложба посветена на еден од најславните претставници на американскиот апстрактен експресионизам

пишува: ДЕЈАН БУЃЕВАЦ
d.bugevac@globusmagazin.com.mk

Марк Ротко (1903 -1970), еден од најголемите уметници на минатиот век, и еден од најбараните сликари од страна на колекционерите на апстрактниот експресионизам, според некои изјави на ликовни критичари, неодамна ја доживеа можеби својата последна голема ретроспективна изложба, односно дека во следните дваесет години сосема е сигурно дека не треба да се очекува ништо слично.

Станува збор за ретроспективна изложба која римската публика можеше да ја види во Палацо деле еспозиционе. Проект што е подготвуван неколку години и е насловен едноставно како „Марк Ротко“. Бидејќи организаторите на изложбата не сакаат да ја откријат висината на осигурувањето, реално е да се заклучи дека е во прашање настан што тешко ќе се повтори во блиска иднина.

Исто така, цената од 77,8 милиони долари, што минатата година се постигна на аукционерската продажба на „Сотби“ за сликата „Бела средина (жолта, виолетова и лаванда на розе)“ од 1950 година, силно влијае врз фактот дека се се' помали можностите делата на Марк Ротко да се појавуваат како досега, на разни привремени изложби.

Инаку, ретроспективната изложба е прва презентација на Марк Ротко во Италија по речиси цели 40 години. Поточно, тој имал две изложби во Италија. Првата била само неколку години по афирмацијата на апстрактниот експресионизам во Америка, точно пред 50 години, односно во 1958 години на Венециското биенале. Вториот пат се случува во 1970 година, непосредно по трагичната смрт на Ротко, повторно во склоп на биеналето, кога се организира комеморативна ретроспектива.

Најновата ретроспектива во изложбената палата, според реакциите, претставува поставка која совршено го следи развојот на Ротко, латвиски Евреин со американска адреса; од неговите почетоци врзани за фигурацијата и надреализмот до големите дела на интензивните бои, „класичните“ дела на Ротко по кои станал планетарно славен, делата што припаѓаат на правецот на сега веќе класичниот американски апстрактен ексресионизам.

РАЗВОЈ Маркус Роткович е роден во 1903 година во Русија, на почвата на денешна Латвија, во еврејско семејство. Прогоните на Евреите во Царска Русија влијаеле на одлуката неговото семејство да ја напушти земјата и да емигрираат во Америка. Благодарение на стипендија, од 1921 година, тој учи музика, сликарство и филозофија на универзитетот „Јејл“, но по две години го напушта универзитетот и заминува во Њујорк. Тука одел на предавања во Студентската уметничка лига, каде што се стекнал со знаење за кубизмот, за Сезан, хармонијата на боите и за германскиот експресионизам.

Во 1926 година почнува да слика во експресионистички манир, а во 1928 година изложува на групни изложби во њујоршките галерии, а од 1933 година прво во Портланд, а потоа во Њујорк се претставува и преку самостојни изложби. Ротко бил фасциниран од Платон и од Есхил, од Ниче, Фројд и од Јунг, додека неговото интересирање за формата или бојата егзистирало само ако тие ги изразувале основните човечки чувства. Во 1938 година станува американски граѓанин кога и го менува името од Маркус Роткович во Марк Ротко.

Околу 1945 година ја прифаќа техниката на надреализмот. За Ротко, надреалистичкото искуство останало основно искуство и кога ги напушта таквите двосмислени натуралистички алузии, и се врти кон есенцијалната слика, со која владеат светлината и боите, сложени во треперлива геометрија и збогатени со длабоки психолошки и духовни одгласи. Платната почнале постепено да се зголемуваат, симболите ги заменил со бои, цртежот го напуштил во целост, ја поедноставил композицијата, а на крај стигнал до хоризонталните форми наредени едни преку други. На неговите слики боите ја изразуваат емотивната напнатост и екстремната чувствителност: знаците и боите се вкрстуваат во своите суптилни конзистенции, се соочуваат и се преклопуваат како личен дневник на немир. Исто така, го напуштил и именувањето на делата, односно ги означувал само со броеви. Го негирал секое објаснување на своите слики, сметајќи деко секоја интерпретација само ја ограничува фантазијата на гледачот. Долго време одбивал да ги изложува своите слики, бидејќи не можел да го контролира поставувањето и позиционирањето на сликите во галериските простори.



ГОЛЕМИ ПОВРШИНИ Пространството во сликите на Ротко се запрепастувачки. Големината за уметникот била од животно прашање. Уште во 1943 година сликарот ќе напише: „Ние сме за едноставен израз на сложени мисли. За голем формат, бидејќи има несомнена сила. Сакаме да ја потврдиме сликарската површина. Ние сме за рамни површини затоа што ја уништуваат илузијата и ја откриваат вистината“.

Во 1964 година, Ротко добил нарачка да наслика неколку големи мурали за октогоналната капела во Хјустон, во Тексас. Бил воодушевен од таквиот предизвик, но, за жал, сликите не биле закачени во капелата се' до една година по неговата смрт.

ДЕПРЕСИЈА Неговата кариера траела пет децении. На светот на уметноста и' донел нов вид апстрактно сликарство.

И најпосле, откако ја добил почитта што ја заслужувал, Ротко бил несреќен. Се чувствувал заробено и вознемирено. Од 1967 година неговата депресија растела. Во текот на последните неколку години, почнал да слика со светли бои наспроти своето расположение. По долготрајните депресии, сликарот се самоубил во своето њујоршко ателје на 25 февруари 1970 година.

Светски рекорди

Иако во последните две децении на уметничките аукции како расположливи се појавуваат околу 150 дела на Марк Ротко, сепак, цената на една негова слика во „Сотби“ во 2007 година преставува светски рекорд во однос на другите слики. Сликата „Бела средина (жолта, виолетова и лаванда на розе)“, што семејството Рокфелер минатата година ја понуди на аукцијата на модерна уметност во „Сотби“, достигна цена од 77, 8 милиони долари - трипати повеќе од претходниот рекорд што изнесуваше 22,4 милиони долари за сликата на Ротко „Посвета на Матис“, и што беше поставен во „Кристи“ во 2005 година.

„Сотби“ тогаш гарантираше најмалку 40 милиони долари за сликата „Бела средина“ во наддавањето наспроти „Кристи“.

Платното „Бела средина (Жолта, лилава и лаванда на розе)“ од 1950 година, со години висела сама на ѕидот во канцеларијата на Дејвид Рокфелер (91) во центарот „Рокфелер“. Тој во 1960 година ја купил за помалку од 10 илјади долари. „Жал ми е што ја продавам сликата, но, исто така, ме прави горд и ме радува што половината од добиените пари планирам да ги дадам во хуманитарни цели“, рекол Рокфелер, кој инаку во светот на уметноста е попознат по великодушниот придонес отколку по продажба.