��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

ФИЛМ ЗА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕТО ГО ОТВОРИ БИЕНАЛЕТО

Делото "Џанго" говори за фасцинатниот гитарист Рајхарт кој како припадник на индискиот народ имаше проблеми со својата слобода - колку е тоа актуелно и денес, нели?

Во присуство на број ни германски и светски филмски ѕвезди и многу политичари нод гегерманското милје во Берлин во четвртоктот навечер започна 67-та постав ка на Берлиналето, еден од четирите најголеми филмски фестивали во светот. "Уметниците на прво место" - изјави на церемонијата на отворањето германската министерка за култура Моника Гритерс. Таа алудираше на она што неода мна го рече Трамп - "Америка на прво место", со што актуелниот американски претседател доби свој "пандан" на европско тло, во присуство на многу медиуми.

Таа нагласи дека Берлиналето останува "фестивал на уметничлките слободи" и повеќе пати во своето излагање алармираше дека популоизмот кој е во парст ги загрозува сите слободни уметници. Па така "тивката" сокриена тема на ова Берлинале е фактот дека големите политички системни пропаѓаат и доаѓаат нови кои секогаш, како дел од тие крупни проме ни со себе носат големи популисти. За говореше директорот на Биеналето Дитер Кошлик.

И изборот на филмот кој го отвори Фестивалот - според зборовите на н еговиот режисер Етјен Комара, тематизира еден актуелен проблем. "Има бројни паралели со современото општество, било да се работи за слободата на движењето или настапот пред пдредена публика" - рече францускиот режисер Комар. Имено филмот "Џанго" го тематизира жив отот на францускиот џез гитарист Џанго Рајнхарт, кој како припадник на народот Синта бил прогонуван.

Ова дело е едно од 24-те кои ќе се натпреваруваат вза официјалната награда Златна мечка и кои ќе бидат програмата отегната се до 19 февруари. Останати пет програми се вплетени во Саевмот на европскиот филм, кој ќе оди паралелно. Вкупно на платното ќе минат 399 дела.

Македон ија оди со две копродукциони дела - "Денот кој немаше име" на Теона Митевска (премиерата на 19 февруари) и "Реквием за госпоѓа Ј.." кој е и српско-бугарски (премиерата е на 13 февруари) и кој е кандидат за награда. Посебно се вложени надежи во толкувачката на главнатаа улога Мирјана Карановиќ. Кја нашите медиуми ова дело речиси не се споменува.

На програмата на Берлиналето се и два хрватски филмови во детската програма.

Од светските филсмски ѕвезди оваа година се очекува пристигањето на Кетрин Денев, Пенелопе Круз, Хју Џекмен и Роберт Патисон. Најавено е дека гостинот Ричард Гир има дури и договорено средба со канцеларката Меркел!

Претседател на овогодинешното издание на фестивалот е холандскиот режисер Пол Верховен ("Робокап"). Други членови на жирито се американската актерка Меги Гиленхал, данскои-исландскиот катер Олафур Елиасон, германската катерка ЈУлија Јенташ и кинескиот режисер и поранешен добитник на Златната мечка Ванг Куанан.

Германските медиуми и оваа година го критикуваат фактот дека на Берлинале ниту оваа година нема да се појават многу ѕвезди и го забележуваат трендот според кој познати режисери и продуцентски куќи своите филмови не ги испраќаат на Берлинале, туку сакаат да ги "сочуваат" за погламурозните фестивали како Кан и Венеција.