��oj 383   02.09.2014
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Неодамнешното броење од страна на HFEA потврди дека само 21 смрзнати клетки дале пород во Велика Британија, како резултат на 253 вакви обиди меѓу 1991 и 2012 година - лош резултат, со успех од само 8 отсто

Вашингтон, Лондон и Берлин, со координиран настап во меѓународните финансиски институции ја критикуваат македонската Влада за намената на парите што ги обезбедува преку задолжувањата, ниското ниво на отчетност, недостапноста на податоците за висината на јавниот долг како и за одржливоста на долгот

КАКО ЖЕНИТЕ ГО ЗАМРЗНУВААТ БИОЛОШКИОТ ЧАСОВНИК (2)

Неодамнешното броење од страна на HFEA потврди дека само 21 смрзнати клетки дале пород во Велика Британија, како резултат на 253 вакви обиди меѓу 1991 и 2012 година - лош резултат, со успех од само 8 отсто

Дали замзнувањето на јајцето е своевидна "репродуктивни полиса за осигурување"? Гласно малцинство од експерти во оваа област ќе каже, "не". Роберт Винстон, специјалист плодноста и презентер на Би-Би-Си, инсистира на мислење дека таа постапка со замрзнување на јајцето е "трик на доверба", кој им овозможува алчност на приватни клиниките за плодност да ги ограбуваат очајни жени со тропка надеж. "Жените трошат огромна сума на пари на овој третман, но успехот гледан статистички едноставно не постои. Всушност помалку од 10отсто од жените кои го минуваат ова стануваат бремени."

Всушност, неодамнешното броење од страна на HFEA потврди дека само 21 смрзнати клтки дале пород во Велика Британија, како резултат на 253 вакви обиди меѓу 1991 и 2012 година - лош резултат на успех од само 8 отсто.

Но, важно е да се запами дека тие бројки се земат предвид раните години на јајце - замрзнувањето, кога постапката била чисто експериментална. "Кога за прв пат се започна во 1986 година, јајце -замрзнувањето беше спектакуларно неуспешно", вели д-р Џилијан Локвуд, специјалист за плодност од болницата во Мидленд, Велика Британија, имаше седум успешни оплодувања со помош на смрзнати јајце клетки во последниве години. Но, денес, таа укажува дека успехот се зголемил значително, бидејќи на претворање во стакло, процес кој во суштина ги штити "школка" на јајцето со замена на јајце течноста со антифриз (!), со што се обезбеди течност да не замзнува многу односно полесно да се одмрзнува, што предизвикува јајцето да биде пофункцјонално.

Шпанија, водечка земја во Европа во однос на третманот на плодноста и користење на современа технологија и третман, стана дестинација за жени кои се обидуваат да забременат со пмош на донаторски јајца. Денес, речиси половина од овој тип на забременувања во Европа се прават таму. Според Локвуид, шпанските колеги се повеќе користат јајца од замрзнатите јајцеви банки на пациентите донатори, наместо свежи, и резултатите се исти во однос на свежите јајца.

Разликата, се разбира, е дека повеќето замрзнати донаторски јајца се од млади (обично под 35). Во реалниот свет, идеално време за жената да ги замрзне своите јајца е во доцните тинејџерски години или дваесетти години, време кога нејзините јајца се бројни и жилави, но и момент кога во нормалниот животот на една млада жена се очекува дека ќе ја обземаше инстинктот на мајчинството .

"Денес дури половината од високообразованите жени доброволно се одрекуваат од тоа да станат мајки" - вели Локвуд. Со други зборови, тие едноставно го губат потребното време кога тоа можат да го сторат на било кој начин, па природата ќе го стори своето, се разбира. Таа смета дека отпорот кон јајце - замрзнувањето е поглед на онзервативците како што е Винстон. "Во суштина тоа е поглед на женомрзец".

"Јас верувам јајце - замрзнувањето е феминистичко прашање", вели таа. "Тоа беше иста реакција кога беше воведен пилулата, ни беше кажано дека ќе го уништиме семејниот живот каков што го знаеме. Факт е, секогаш ќе има некои луѓе кои ја мразат идејата на жените за исти биолошки слободи кои ги имаат со мажите."




(продолжува во следниот број)