��oj 154   30.03.2010
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 152

Број 151

Број 150

Број 149

Број 148

Број 147

Број 146

Број 145

Број 144

Број 143

...

16

СРПСКА ИЛИ ВМРОВСКА ЛИНИЈА ВО АТЕНТАТОТ?

Дали синот на експретседателот посочува на режимот на Милошевиќ или на одредени политички профили во Македонија со кои Киро Глигоров како политичар морал да се спогодува?


Пишува: Синиша Станковиќ

Глигоров помладиот само го зацврстува сомнежот за поврзаноста на српските тајни служби во атентатот врз татко му...“; „Останува отворено дали синот на експретседателот со неколкуте провокативни тези не посочува на одредени политички профили во Македонија со кои Киро Глигоров како политичар морал да се спогодува...“; „Се работи за изјава на која не треба да и се дава толкаво значење, зашто и самиот Глигоров не нуди никакви нови и информации и не посочува ништо и никого посебно...“, се само дел од неофицијалните реакции, по повод текстот од минатонеделниот број на „Глобус“, во кој беше пренесена и коментирана колумната „Лага или предавство“, на д-р Владимир Глигоров, објавена во електронското издание на белградското списание „Пешчаник“.

За жал, изостана реакција и од авторот на колумната, кој минатата недела во телефонскиот разговор ни порача дека не е заинтересиран да ги детализира изнесените ставови и дека негов став е оти во колумната и „нема напишано ништо ново и непознато за јавноста во Македонија“, како и од претседателот Киро Глигоров, кој според неговиот кабинет, опстојува на ставот да не навлегува во дообјаснување на тезите на син му кој е „самостоен истражувач, чие мислење го почитува, но чии ставови нема да ги коментира“.

Иако централна тема на колумната на Глигоров е годишнината од атентатот на српскиот експремиер Зоран Ѓинѓиќ и актуелната состојба во Србија, со паралелата што ја прави со двата атентатa извршени во Македонија врз татко му и дедо му (што, навистина може да биде и само некој вид историска „референца“ за компетентноста на колумнистот да пишува на тема - атенатите на Балканот) и со провокативните реченици „дедо ми не тежнееше кон договор со оние кои подоцна ќе го убијат. Татко ми тежнееше, ама имаше среќа“, Глигоров помладиот отвори нови дилеми во мистериозната приказна за нерасветлениот атентат врз првиот претседател на суверена Македонија. Со недообјаснувањето, тој и остава на јавноста да лицитира на што точно мислел, односно, дали нарачателите на атентатот ги лоцира во Македонија или вон неа и за каква спогодба на татко му „со оние кои се обидоа да го убијат“, станува збор и за кои проблеми?

Новоотворените прашања, пред се', се околу тоа - за каков вид тежнеење и кон каква спогодба станува збор и со кои сили во или вон Македонија? Мошне интересни се и нејаснотиите - дали и кому во Македонија Владимир Глигоров на ваков начин му испраќа порака, зошто е избран актуелниот тајминг, и дали, покрај разбирливата семејна траума (во седум децении врз двајца негови директни претци да бидат извршени атентати чиј исход бил една физичка елиминација и едно „политичко убиство“ со елиминација од државничката функција), Глигоров поседува и некои дополнителни информации кои не и се познати на македонската јавност? Како и да е, доколку е таков случајот, зошто само испраќа пораки, а не инсистира на дорасветлување на случајот што остави длабоки лузни врз македонската демократија и директно влијаеше на распоредот на политичките сили и на бизнис релациите во Македонија, но и на односите на Македонија со соседите и на распоредот на „фигурите“ во бескрајната партија на надмудрувања во целиот регион. 

ОДЛУКА Професорот Љубомир Фрчкоски, кој беше министер за внатрешни работи во време на атентатот врз Глигоров на 3 октомври 1995, за контроверзните реченици од колумната на Владимир Глигоров, е дециден дека, всушност, „не донесуваат ништо посебно и само ги потврдуваат сомнежите за инволвираноста на српските тајни служби во случајот“. Во изјавата за „Глобус“, Фрчкоски нема дилеми дека трагата на нарачателите и наредбодавачите води кон тајните служби на северниот сосед и кон нивните соработници во Македонија.

„За мене целата приказна околу расветлувањето на атентатот има само една варијанта која води на север. За жал, немаше доволно интерес за разоткривање на инсталациите на српските служби во Македонија, па така не се искористи ни акцијата ’Сабја‘ која ја спроведе новата српска власт по паѓањето на режимот на Слободан Милошевиќ. Не знам зошто тоа не беше искористено на вистински начин, но јасно е дека вакви драстични работи, како што е атентат врз претседател на држава, организира само оној кој тоа и може да го изведе! Јасно е и дека една таква сложена операција не можела да биде изведена и без поддршка од Македонија, но за жал, немаше консеквентност во истрагата, и сето тоа остана само на ниво на шпекулации“. Ексминистерот Фрчкоски е убеден дека Глигоров помладиот во својата „порака“, мисли на Милошевиќ и на сето она што неговиот режим го претставуваше во тој период. „Контекстот може да биде јасен само во светлина на одлуките кои тогаш ги донесуваше Киро Глигоров. Тој во 1995-тата немаше со кого и за што да се нагодува, одлуките беа донесени претходно. Ако се знае дека уште од 1992 па се' до 1996 кога се се пресели во Софија, центар на активностите на САД во регионов беше Скопје, и дека за сето тоа имаше согласност на македонскиот претседател, јасно е кому тоа му пречеше, и јасно е дека така се зацврстува сомнежот кон српските тајни служби. Се работеше за историска одлука на Глигоров како престседател на државата, која значеше и вистинска независност и раскинување на односите со поранешната држава и пред се', со Србија. Не треба да се заборави дека концентрацијата на активностите на Американците за случувањата во Босна и потоа на Косово, беше токму во Скопје и едноставно, режимот на Милошевиќ тоа не можеше да му го заборави на Глигоров... „ 

ОБЈЕКТИВНОСТ Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за време на чие министерување беше распишана награда од еден милион тогашни германски марки за трага што ќе доведе до извршителите или нарачателите на атентатот, пак, не и придава поголемо значење на колумната на Глигоров. „Се работи за член на семејството на експретседателот кој е директно засегнат и во прашање е неговата информираност и објективност. Како син на Киро Глигоров, тој, можеби, има некои информации до кои дошол, зашто и самиот претседател кога се врати на функцијата пројавуваше интерес и се обидуваше да провери преку службите одредени сознанија кои нему му биле презентирани или до кои доаѓал низ средби и разговори, но сметам дека сега единствено може да се случи, да ни се повторуваат некогашните приказни за кои немаше и нема никаква потврда“, изјави Трајанов за „Глобус“.

Според него, за ниту една од опциите кои биле разгледувани во истрагата, немало никакви валидни докази. „Почнувајќи од обидот за обележување на тогашната опозиција преку изјавите за „лица со бради“ или за „внуците на Михајлов“, па преку „Мултигруп“ до „Братиславската врска“, ниедна релевантна информација не водеше кон опозицијата, односно кон ВМРО-ДПМНЕ, иако на почетокот постоеше нечија интенција токму така да се сврти истрагата. Тоа беше само желба за компромитација на опозиционата партија, која имаше за цел замаглување на истрагата и нејзино пренасочување, можеби поради некои други внатрешно-македонски релации. За жал, никогаш адекватно не беа разгледувани воено-разузнавачките структури во Македонија, почнувајќи од исчезнувањето на воениот експлозив, па се до инсталациите на военото разузнавање кои останаа во Македонија или кои беа присутни во регионот, а кои беа обучувани за ваков вид дејствија. Веројатно се сметаше дека ако се дојде до податоци за евентуални пропусти на службите во АРМ и одбраната, дури и ако не се директно поврзани со атентатот, тоа негативно ќе се одразеше во јавноста за тогашната влада на СДСМ која толку препотентно владееше во тој период. Дури и за време на акцијата ’Сабја‘ во Србија, нашите разузнавачи, ако и имале контакти со српските и со нивната служба - БИА, за жал, тоа се свело на формално покажување интерес...“

За разлика од Фрчкоски, Трајанов не е убеден дека Глигоров во колумната мислел на Милошевиќ и на неговите поддржувачи во Македонија, и остава отворено дека е можно, од лични причини, нетрпение или со желба за некаква одмазда, тој да посочува и кон „цели“ во Македонија. Трајанов не ја исклучува можноста дека со наведувањето на двата атентата во неговото семејство, врз дедо му и татко му („Мојот дедо по мајка е убиен во политички атентат во 1924. Атентаторот е фатен и српските власти го казниле. Налогодавачите се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот е прогласен за херој и маченик“, пишува во колумната за убиството на војводата Стојан Мишев, татко на Нада Глигорова, кој бил егзекутиран во 1924 по наредба на Ванчо Михајлов), Владимир Глигоров да сакал да посочи на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од оние со кои татко му можел да тежнее кон спогодба. „Можеби Владимир Глигоров сака да посочи на ВМРО-ДПМНЕ и можеби сака да одработи нешто за актуелната опозиција во Македонија, иако не знам од кои причини би го правел тоа, но јасно е дека истрагата не покажа ништо во таа насока. Навистина, за сето ова време, како сите да креваа раце од истрагата за атентатот и од најразноразни причини, како никому да не му одговараше да се постигне некаков има напредок, а во државната безбедност како да немаше ни клима, ни елан за работа. Неколку личности кои беа доведувани во врска со атентатот мистериозно ги губеа животите, но досега сите шпекулации за евентуално „чистење“ на наводните сведоци, беа недокажливи...“, ни изјави Трајанов 

ТОЛКУВАЊА Откако, како што и можеше да се очекува во Македонија, немаше официјални реакции, од некои од бројните учесници на никогаш незатворената истрага, со која од време - навреме се занимаваа македонските медиуми во последните 14,5 години, и од дел од нејзините медиумски, политички и полициски проследувачи, во јавноста и понатаму ќе се лиферуваат разни верзии на „толкувања“ на „пораката“ на Владимир Глигоров. Според една од нив, на пример, која ни беше елаборирана од извор што сакаше да остане анонимен, Глигоров помладиот и не посочувал директно никого како евентуален виновник за атентатот врз Киро Глигоров, туку само направил јасна дистинкција на начинот на однесување на дедо му, војводата Стојан Мишев во дваесеттите години на минатиот век, и на татко му, кој седумдесеттина години подоцна ќе остане запаметен и како политичар кој перманентно се залагал за водење на мирољубива политика и за позиционирање на Македонија низ одржувањето еквидистанца со сите соседи. За застапниците на ваквото толкување, примери за „тежнеење“ на Глигоров кон спогодби во политиката се и платформата со Алија Изетбеговиќ и Привремената спогодба за нормализација на односите со Грција и Договорот за меѓусебно признавање со СРЈ, потпишан со Милошевиќ.

Според друго толкување на она што можеби сакал да го порача Глигоров помладиот, иако на Киро Глигоров му остана хипотеката поради рокот од „двата месеца“ за привремената референца - БЈРМ, токму тој, во годината пред атентатот, бил најтврдокорниот застапник на ставот за непроменливост на уставното име на Република Македонија во спорот со Грција, што наводно била една од причините за обид за негова елиминација од политичкиот живот на Македонија... n