��oj 75   23.09.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 73

Број 72

Број 71

Број 70

Број 69

Број 67-68

Број 66

Број 65

Број 64

Број 63

Број 62

...

20

СТОТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Обид на „Глобус“ да состави таква листа на поединци надвор од сферата на политиката

пишува: НЕБОЈША ЈАКОНОВ

Кога во едно интервју го прашале Чарлс Рајт Милс – човекот чија книга „Елити на моќта“ се смета за „буквар“ за прашањето на општествените елити и дистрибуцијата на „моќта“ во демократско-либералните општества – кој владее со Америка тој, зачуден од прашањето, одговорил: па, нормално, оние најбогатите. „Но“, додал Милс, „работите не секогаш изгледаат така едноставно бидејќи демократсткото устројство на општеството подразбира помал или поголем степен на делегирање на моќта на други општествени групи“. За разлика од децидниот и врз долгогодишно искуство изграден став на Американците по оваа прашање, ние Македонците - што ќе рече, ние од таканаречените транзициски општества кои колку вчера зачекоривме во зоната на либералната демократија – се' уште, се чини, имаме сериозни методолошки проблеми околу разбирањето на феноменот на општествената моќ и на влијанието врз заеницата што ја имаат одредени нејзини припадници. Од една страна, имено, на брзина го отфрливме Маркс и неговите материјалистички, во основа чисто рационалистички разбирања за природата на, како што тој ги нарекува, „општествените сили“ и односите што владеат меѓу луѓето, а од друга страна се' уште во умот си ги задржавме старите фолклорни претстави за нештата кој ни велат дека симболи на моќта во заедницата се царот, попот, кадијата, пандурот и, евентуално, еќимот. Оттаму, веројатно, добар дел од денешните Македонци се приврзаници на крајно редукционионистичката „доктрина“ за структурата на општествената моќ и за местото на таканаречените општествени елити, сведувајќи ги нештата на повеќе или помалку „мистичните“ термини „олигархија“, „тајкуни“, „цинцарско лоби“ и на разни „масонериски“, „трилатерални“ и други „форми“ на задескриени, на народот непознати групи луѓе кои, наводно, од зад сцената владеат со нашите животи.

Несомнено, со самото тоа што во „китапот над китапите“, во Уставот, ставивме дека го прифаќаме принципот на застапнички, делегиран модел на избор на оние што во наше име ќе ги носат и применуваат законите, дека приватната соптвеност е неприкосновена како и тоа дека слободното претприемништвото на граѓаните, и тоа не само во економската сфера ами и, генерално, во општеството, се темелна категорија во креирањето на општествениот динамизам, и пред нас Македонците како да се отвори патот за некаква генерална ревизија на разбирањето на поимот елита и тоа во насока како таа работа се разбира кај оние народи што од поодамна живеат во либерално-демократско устројство. Небаре полека ни станува јасно дека тој збор не е „безобразен“, како што беше во времето кога верувавме дека сите сме еднакви (со тоа што некои, оние од „номенклатурата“, беа поеднакви од останатите) и дека не секогаш мора да подразбира негативна одредница во морална смисла. Кажано поинаку, лека полека го апсолвираме граѓанското (порано велевме „буржоаското“) становиште дека „општествената моќ“ е реална, во конкретни луѓе и групи персонализирана категорија и, што е уште поважно, дека тоа е една од најважните „општествени сили“ што, како велеа марксистите, дијалектички ги креираат „општествените односи“.

Е сега, за докрај да го разбереме ова, се чини, по малку како да не буни, како да ни го расипува есапот за нас сепак се' уште новиот поим демократија, што ќе рече иделниот модел на граѓанските општества кој поаѓа од претпоставката на крајот сите луѓе во заедницата да имаат, ако со ништо друго тогаш барем со општото право на глас, свој удел во креирањето на условите под кои ќе се одвива „општествената игра“. Во оваа смисла, имено, како се' уште да мешаме и жаби и баби до точката дури и образованите луѓе да не прават дистинкција меѓу „социјалниот хардвер“, што ќе рече сопственичките и политичките елити (кои се, така да кажеме, категории „по себе“, првите во смисла дека со својот капитал и имот им обезбедуваат работа и леб на оние останатите, а вторите во смисла на формално и нормативно „владеење“ со системот) и она што по дефиниција во современата социологија се нарекува „општествени елити“ што, пак, е една многу поширока и покомплексна одредница.

Обидот на „Глобус“ да се направи една претпоставена листа на 100 највлијателни луѓе, условно кажано „најмоќни“ поединци во Македонија тргнува токму од таа разлика. Имено, ниту имавме намера пред јавноста конечно да ја обелодениме фамозната „листа“ на македонските олигарси и тајкуни ниту, пак, сакаме да им покажеме на читателите кој тоа „владее“ со земјава. Се држевме, конечно, од една страна, до доктринарниот граѓански принцип дека белким и во Македонија „владеат“ граѓаните, а од друга страна до здраворазумското, од животната пракса изведеното разбирање – она истото што го застапувал Чарлс Милс, а предходно многу други учени и умни луѓе, вклучувајќи го и Маркс – дека, добога нормално, со општеството владеат „имачите“, пред се' оние што имаат азно, а потоа и оние што, формално, во свои раце ги имаат полугите на власта. Нашата „листа“, значи, пред се' е листа на кандидати за „лигата“ на општествените елити (намерно ги исклучивме „богаташите“ и имателите, актуелните и потенцијалните, на политичките функции), што ќе рече претпоставен список на поединци и групи (така и ја структуриравме нашата листа - на поединци и на издвоени групи) кои, во еден во основа демократски општествен амбиент, се персонификација на општествената моќ било по тоа што, на едне или друг начин, во помал или поголем степен, се поблиски од останатите членови на заедницата до институциите каде се донесуваат формалните политички одлуки и имаат можност да влијаат врз процесот на донесување на тие одлуки, или, пак, со самото свое јавно делување, со припадноста на одредени професионални и други општествени асоцијации креираат општествени норми или барем, како „урнеци“, дефинираат одредени типови на општествено поведение. Конечно, зарем не е факт дека учените во оваа материја отсекогаш велеле оти најлапидарната дефиниција за „општество“ е токму тоа - низа на правила и норми со кои се уредени сложените меѓусебни односи на луѓето здружени во заедница.

Кажано со други зборови, со нашиов македонски „топ 100“ (во кој, секако, има и многу „субјективни“ грешки во изборот, поради што листата треба да се разбере, евентуално, како поттик читателите истата да ја дополнуваат или да ја редуцираат) намерата ни беше да покажеме еден пожелен, демократки модел на „општествени елити“, на групации кои се можеби „ексклузивни“ и издвоени од мноштвото (а со тоа и склони кон приграбување на разни привилегии, што подразбира нивно негативно влијание врз вкупните општествени текови), но и групации кои се во некој вид слободен „претприемашки“ натпревар што, пак, подразбира дека во нивното реално општествено делување лежи и потенцијалот за корекција на сите евентуални девијации на системот. Оти, тоа е барем јасно, дури и процесот на демократизацијата на општеството подразбира реална „општествена моќ“ на оние кои ќе го „туркаат“ тој процес. Впрочем, кој ќе го знае. Можеби токму ако почнеме навистина да ги разбираме таинтвените и сложени „механизми“ преку кои се манифестира таканаречената „општествена моќ“ во либерално-демократските заедници на крајот ќе успееме да се ослободиме и од некои евидентни „недугавости“ на нашава бескрајна „транзицијата“, на состојбава на општество „ни ваму ни таму“, допола заглибено во социјалистичкиот егалитаризам, а одпола желно да се вивне во динамизмот на „буржоаските заедници“.

Г. Г. Петар

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар - Еден од најекспонираните членови на Светиот синод на МПЦ. Меѓу останатото, г. Петар е познат и по неговата претензија за архиепископскиот трон, поради што му се припишуваа обиди за „лобирање“ во круговите на политичките елити. Тоа, велат, и го наредува меѓу црковници со добри врски, за што, според некои, потврда е и неговото опстојување и покрај приличниот број контроверзи сврзани со него. Иако е често преку океанот во епархијата која ја администрира, и денес важи за еден од најмоќните митрополити.

Г. Г. Методиj (Златанов)

Митрополитот Американско-канадски г. Методиј (Златанов) - Ракоположен на 21 јуни 2005-та, е еден од најмладите владици и предводник на новиот бран и на таканареченото интелектуално крило во Синодот. Важи за едуцирана личност со широка лепеза на интереси и познавања. Како челник на средното Богословско училиште беше омилен меѓу добар дел од младите сили во МПЦ, а како поет и колумнист, има свои симпатизери меѓу световните интелектуалци па дури и во скопската андерграунд сцена.

Владика Кирил

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил – Владиката Кирил е најстариот член е единствен во составот на сегашниот Синод на Македонската православна црква од архереите што ја возобновија македонската црква во времето на Социјалистичка Република Македонија. Дали поради ова дел од јавноста го гледаше владика Кирил како човек близок со некогашната социјалистичка номенклатура, па оттаму и како архереј близок до левиот политички корпус.

акад. Иван Катарџиев

Еден од основоположниците на македонската историска наука. Виден припадник на македонската интелигенција преокупирана со македонски национални теми, со тоа што се смета за приврзеник на левата политичка опција. Богатото академско

Г.Г. Стефан



Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – Престојник на Светиот синод на МПЦ. Роден како Стојан Вељановски, тој е еден од помладите македонски духовници (од славната генерација на ученици на Богословското училиште) кои остварија брза промоција во клерот на МПЦ до точката со само 44 години да стане Архиепископ. Важи за црковник со добри врски со политичките кругови, особено со ВМРО-ДПМНЕ. Со теолошки факултет во Белград и со специјализација во Италија, важи за теолошки добро поткован

искуство и широкиот научен опус му обезбедува интелектуално влијание врз креирањето на јавното мислење во земјава, меѓу другото и со тоа што често јавно истапува во разните полемички расправи што во центарот го имаат прашањето на превреднување на историското минато на Македонија.

акад. Георги Старделов

Доктор по филозофски науки. Естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар. Во моментов претседател на Македонската Академија на науките и уметностите, институција која сама по себе се смета за еден од „општествените столбови“. Тоа ја засилува влијателноста на професор Старделов, кој, патем, и пред превземањето на оваа функција беше солно присутен во јавноста, особено во теоретските и литературните кругови.

акад. Блаже Ристовски

Книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар од постарата генерација. Во деведесетите еден од најприсутните и најангажираните македонски интелектуалци, вклучувајќи го и непосредниот политички ангажман. Човек кој со својот академски опус се ибори за статус на еден од најнастојчивите бранители на македонизмот. Таа позиција го прави и натаму доста влијателен во јавноста и покрај тоа што сега веќе не е толку присутен како некогаш.

акад. Луан Старова

Писател и факултетски професор. Поранешен амбасадор на Република Македонија во Франција. Како врвен стручњак за франкофонијата спаѓа во редот на луѓе со добри меѓународни врски. Како литературен творец е еден од ретките писатели со албанско потекло кој поеднакво е ценет и присутен и во македонските и во албанските литературни и интелектуални кригови. Иако нема непосредни политички ангажмани, важи за човек чие мислење има јавна тежина.

акад. Али Алију

Есеист, критичар, книжевен теоретичар. Присутен и ценет на македонската литературна сцена уште од средината на седумдесетите години, тој е човек со добри и силни врски со албанската интелектуална елита на Балканот. Цврсто изразувајќи ја својата заложба за остварување на поголеми права на Албанците во Македонија важи за еден од највлијателните интелектуалци преокупирани со националните прашања на Албанците.

акад. Владо Камбовски

На правниот факултет во Скопје предава кривично право, област за која се смета за врвен експерт порад што бил ангажиран, меѓу другото, и во повеќе експертски тоимови кои подготвуваа разни законски текстови. Во 1998 и 99 година беше министер за правда. Учествувал во разни проекти на меѓународни

акад. Гане Тодоровски

Академик Гане Тодоровски - Поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист. Еден од највлијателните и најетаблираните македонски интелектуалци од постарата генерација чие делување е исцело посветено на националните теми. По 1990 имал и политички ангажмани: еден е од оснивачите на МААК, Движењето за семакедонска акција, а бил и амбасадор. Во моментов се смета за еден од корифеите на македонската национална интелигенција што, само по себе, му обезбедува широко влијание во јавноста, каде сега, главно, е присутен преку истапувањата во рамки на активностите на Македонската Академија на науките и уметностите

организации од УНИЦЕФ и ЕУ до Фондацијата Отворено општество. Член е на Советот на Европа. Покрај овие меѓународни релации, важи за човек со вонредно добри врски со разни сегменити од македонската општествена структура, од бизнис секторот, преку политиката до академската средина.

акад. Алајдин Абази

Електро-инженер по образование. Ректор е на Универзитетот на југоисточна Европа од основањето на ова образовна институција, при што беше и еден од иницијаторите за основањето на ЈИЕУ како и директор на Фондацијата што оперативно го водеше тој проект. Овој факт го потврдува неговиот висок „рејтинг“ во одредени меѓународни кругови, при што Абази важи и за човек со добри врски и со разни сегменти од македонскиот општествен и интелектуален естаблишмент.

Д-р Денко Малески

Редовен професор на Правниот факултет во Скопје. Предава меѓународна политика и право како и современи политички системи. Американски специјализант. Поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија (1991-1993) и преставник на земјата во Обединетите нации (1993-1997). Колумнист. Редовно присутен на јавната сцена каде ги изразува своите погледи насочени кон прашања на демократските стандарди во земјава, нејзината меѓународна поизиција и геополитичките ориентации.

Д-р Димитар Мирчев

Долгогодишен професор на Правниот факултет во Скопје, еден од иницијаторите за основање на ФОН универзитетот, а од неодамна професор на Европскиот универзитет. Експерт за политичка социологија и политички систем. Беше македонски мбасадор во Словенија и при Светата сотолица. Интелектуалец со висок општествен рејтинг уште од времето на политичката пресметка со таканаречените „либерали“ во седумдесетите години. Тој ореол на независен и критички настроен толкувач на македонската општествена и политичка стварност професор Мирчев го носи и денес со најразновидни општествени пројавувања.

Д-р Абдулменаф Беџети

Професор на Универзитетот на југоисточна Европа, каде е еден од продеканите. Економски експерт со искуство на работа во државната администрација – во инспекциски назор и во Дирекцијата за јавни приходи. Во 1996 и 97 беше министер за развој, а потоа (97-98) министер за транспорт и врски. По завршувањето на политичките ангажмани се враќа на универзитет. Сега, гавно, во јавноста се експонира како независен економски аналитичар.

Д-р Ѓорѓе Иванов

Професор на Правниот факултет во Скопје. 48-годишен. Ракоиводител на одделот за политички студии на факултетот со статус вонреден професор, а воедно е и

Д-Р Срѓан керим

Професионален дипломат и челник на медиумската групација „Медиа принт Македонија“. Како кадар поникнат во круговите на некогашната југословенска допломатија Керим е еден од најценетите меѓу луѓето кои по осамостојувањето на Република Македонија ја градеа дипломатската мрежа на земјата (едно време беше и министер за надворешни работи), со завиден рејтинг и во пошироката јавност. Ценет, меѓу другото, и порди своите добри и бројни релации дома и во светот, за што говори и неговото ангажирање како прв човек на најмоќната медиумска групација во земјава во сопственост на германскиот конгломерат ВАЦ, како и престижната функција на Претседател на Генералното собрание на ОН

продекан. Својот интерес за политичките прешања го манифестира не само теоретски туку, во извесна смисла, и на практичен план. Главно поле на академскиот интерес му е прашањето на демократијата и човековите права. Еден е од советниците на премиерот Никола Груевски. Човек со големо влијание врз студентите, ни и пошироко во јавноста каде што постојано е присутен со свои истапувања.

Д-р Бранислав Саркањац

Професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Еден од нашите ретки експерти на полето на филозофијата на политиката. Активен и со одредено влијание во академските кругови (член е на комисијата за акредитација). Редовно со свои гледишта се појавува во јавноста и е автор на неколку забележани книги. Советник е на премиерот Никола Груевски.

Д-р Ванчо Узунов

Вонреден професор на Правниот факултет во Скопје. 44—годишник. Академска специланост му е облајста на меѓународната економија и, особено, местото на македонската економија во глобалните токови. Во кариерата бил активно ангажиран и на неколку проекти поврзани со економскиот реформски процес во Македонија. Редовно е присутен на јавната сцена било со авторски текстови, било како учесник на разни трибини.

Бранко Азевски

Претседател на Стопанската комора на Македонија. Некогашен припадник на македонската младинска номенклатура, кој за разлика од другите од тој круг не ја избра политиката туку бизнисот како зона за свој ангажман. Пред изборот за престојник во Стопанската комора извршувал разни менаџерски функции во повеќе македонски и странски фирми, специјализирајќи се за областа на туризмот. Човек со добри врски во бизнис сферата, но и со контакти во политичкиот естаблишмент.

Венко Глигоров

Претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, асоцијација во која се издвоија дел од македонските фирми, главно оние помалите, незадоволни од третманот во Стопанската комора. Глигоров доаѓа од информатичкиот сектор (основач, сопственик и менаџер на фирмата „Логин системи“), кој повеќе години наназад е еден од најдинамичните во македонската економија. Глиговор на чело на ССМ се покажа како ефикасен лобист на интересите пред се' на малите и средни бизниси.

Живко Мукаетов

Претседател на менаџерскиот борд и извршен директот на Алкалоид А.Д., една од најуспешните и најпрофитабилните македонски компании. Машински инженер по образование, потоа специјализиран во Велика Британија во областа на Маркетингот. Син на сега покојниот Трајче Мукаетов, еден од поголемите акционери во компанијата, Живко Мукаетов во македонските бизнис кругови важи не толку за „сопственик“ колку за урнечен претставник на кај нас се' уште малубројната групација на современи и динамични менаџери.

Д-р Глигор Бишев

Генерален директор на Стопанска банка А.Д. Банкарски експерт поникнат во Народната банка на Македонија каде стигна до позицијата заменик гувернер. Со специјализации во Виенскиот институт за споредбени економски студии и во

Д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски

Предава меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје. Од 1990 до 1997 година извршува разни министерски портфељи во владата на Република Македонија – најнапред без ресор, потоа министер за внатрешни работи, а 1996 и 97 е министер за надворешни работи. Академската кариера, но и споменатите политички функции го прават човек со широки врски како со домашните така и со надворешните политички чинители. Константно со своите рески ставови е присутен во јавноста, особено преку влијателната колумна во дневниот весник „Дневник“.

славната Школа за економија и политички науки во Лондон важи за еден од теоретски најпоткованите банкарски експерти во земјава, рејтинг што и му го обезбеди местото прв човек на Стопанска банка по купувањето од страна на Националната банка на Грција и Европската банка за обнова и развој. Со солидното образование тој работи и како професор.

Хари Костов

Хари Костов – Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка А.Д. Човек со долгогодишно искуство во македонската администрација и банкарство уште од времето на социјалистичка Македонија, ангажмани што тој ги продолжува и во плурализмот (во 1994 беше заменик министер за финансии). Едно време работи и во Светската банка. По завршувањето на политичката кариера, како министер за внатрешни работи и премиер, се враќа во Комерцијална Банка како нејзин прв човек. Важи за менаџер од стар ков, со добри врски со резни сектори од македонкиот естаблишмент.

Ѓорѓи Јанчевски

Претседател на Управниот одбор НЛБ Тутунска банка. Еден од најистакнатите македонски менаџери во секторот на банкарството – секор кој можеби најдобро го одразува создавањето на овдешна менаџерска елита која се' уште е во повој. Професионалните квалитети и доброто понавање на овдешниот стопански амбиент и луѓето од македонскиот бизнис на Јанчевски му го обезбедија раководното место во оваа банка и по доаѓањето на странските сопственици – Нова Љубљанска банка.

Иван Штериев

Главен извршен директор на Македонска берза А.Д. Самата природа на фирмата со која раководи го вбројува Иван Штериов во влијателните членови на македонската бизнис и менаџерска елита. Штерјов оваа функција ја доби по напуштањето на берзата на нејзиниот прв директор. Генерална оценка за него е дека добро „плива“, дотолку повеќе што на берзата, по еден период на раст што уследи со забележителното зголемување на „играчи“, во последно време се случуваат пазарни турбуленции како одраз на глобалната финансиска криза.

Минчо Јорданов

Претседател на Одборот на директори на Макстил А.Д. и член на Бордот на швајцарската фирма „Дуферко“ С.А. Еден од ретките менаџери од стариот систем (генерален директор на Рудници и железарница „Скопје“, за потоа да стане

Д-р Ферид Мухиќ

Професор на филозофскиот факултет во Скопје. Предава современа филозофија. Интелектуале со долгогодишен стаж на присутност на јавната сцена. Човек со особена харизма, особено за студентската популација. Често се јавува со свои опионион текстови во медиумите. Немал политички ангажмани инсистирајќи на тоа да остане независен интелектуалец.

претставник во странство на „Техноометал-Вардар“) кој ја преживеа транзициската чистка и остана успешен бизнисмен и менаџер. За влијателноста што Јорданов го има во македонските бизнис кругови потврда беше и поканата за учество во владата на премиерот Владо Бучковски каде беше заменик претседател задолжен за стопански прашања.

Трифун Костовски

Соптвеник и генерален менаџер на компанијата „Кометал трејд“. Иако менаџерската функција сега му е во мирување поради позицијата на градоначелник на Скопје, Костовски и натаму е забележително присутен во деловните трендови во земјава преку компаниите и финансиските организации чиј е основач и сопственик. Поникнат е во легендарниот „рудник“ на македонски бизнис елити - „Технометал“. Карактеристичен аспект на неговата присутност во јавноста е каритативната дејност како и спонзорството во спортот.

Светозар Јаневски

Првиот човек на бизнис групацијата М6. На времето како генерален менаџер на „Пиварница Скопје“ многумина го нарекуваа „патријарх на македонскиот бизнис“ не само поради деловноста ами и поради јаките врски со кругови во политичкиот естаблишмент. Својата евидентна претприемчивост (хотелиерство, други бизниси) Јаневски ја покажа и со решението за преоѓање во една сосема нова деловна сфера, винарството, која во Македонија важи за доходовна, но и доста ризична поради честите пазарни турбуленции. Потфатот да ја купи најголемата и најстарата винарска визба „Тиквеш“ говори дека Јаневски и натаму добро стои во круговите на македонската бизнис елита.

Ристо Гуштеров

Сопственик и менаџер на фирмтата „Римако“, но и финансиски инвестирот, берзански шпекулант и посредник во деловни зделки. Еден од „изданките“ на некогашниот трговски гигант на Социјалистичка Република Македонија „Технометал-Вардар“. И натаму важи за еден од најбогатите луѓе во земјава иако е очигледно дека засега нема намера да живее од дивиденда. Своевремено беше

Д-р Венко Андоновски

Факултетиски професор и книжевник. Подеднакво успешен и присутен на обете полиња. Често јавно ги изразува своите интелектуални становишта учествувајќи во дебати и пишувајќи колумни. Во последниве неколку години гради позиција на независен интелектуалец со силна критичка опсервација на севкупните случувања во земјава. Таа позиција му носи евидентна влијателност врз делови од македонската јавност, особено онаа помладата.

и со големи политички амбиции ангажирајќи се во Либералната партија. Јавниот престиж го гради и со каритативно делување и спонзорство. За неговиот висок рејтинг во круговите на извршната власт говори и актуелниот ангажман како посредник во носењето на странски инвеститори во земјава.

Веби Велија

Претседател на управниот одбор на компанијата „Ве-Ве груп“. Иако, формално, Веби Велија спаѓа во категоријата на странски бизнисмени (тој е албански државјанин, но бизнис кариерата ја градел во поширокиот балканскиот регион) некои од неговите деловни и, пошироко, општествени ангажмани јасно ја покажуваат неговата заинтересираност да биде активен дел од македонската јавна елита. Тоа пред се' се гледа од финансирањето на телевизијата „Алсат М“ која набрзо по основањето се нареди во редот на релевантните опинион мејкери во земјава.

Велија Рамковски

Сопственик и менаџер на повеќе дистрибутивни и производствени фирми, но и на телевизија и печатени медиуми. Еден од пионерите на приватниот бизнис во Македонија. Рамковски, можебе повеќе од деловна успешност, покажува голема издржливост како и силна желба да биде присутен на јавната сцена, вклучувајќи ги тука и повремено искажаните политички амбиции. За тоа говорат бројните инвестиции во медиумскиот бизнис, но и основањето на „Фондацијата Велија Рамковски“ со широка лепеза на јавно делување, од грижата за значајни имиња и настани од македонското минато и од сферата на културното творештво, па се' до јавна афирмација и поддршка на најразлични видови творештво и претприемаштво.

Никола Младенов

Основач и сопственик на неделникот „Фокус“. Дел од македонската „медиумска пролет“ во сегментот на печатените медиуми како припадник на славната генерација новинари на „Млад Борец“. Како основач на еден од првите приватни весници во земјава тој сиве овие години нуспева да се одржи во врвот на највлијателни новинарски имиња, меѓу другото и со негувањето на нагласено критичен однос кон политичките процеси и, воопшто, кон случувањата во македонското општество.

Бранко Геровски

Новинар, колумнист и аналитичар. Во моментов е предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Еден од најекспонираните во генерацијата на новинари кои во деведесетите години го започнаа процесот на дисперзија на македонскиот медиумски простор на сопственички, идеолошки и жанровски план. Важи за новинар кој знае да гради добри врски со структурите на политичкиот естаблишмент, но и да инсистира на новинарската автономност.

Александар Дамовски

Новинар. Во моментов е главен и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“. И тој е припадник на групата новинари кои го започнаа процесот на прилагодување на новинарството на новите општествено-политички и доктринарни рамки на македонското општество. Промени повеќе редакции каде што работеше, а еволуираше и во политичките становишта, но со своите анализи и коментари остана присутен и влијателен на јавната сцена.

Миле Јовановски

Новинар и менаџер во медиумскиот сектор. Извршен директор во Медиумската групација МПМ. Јовановски е, како и претходните двајца, еден од новинарите кои активно влијаеа во формирањето на новиот македонски медиумски амбиент,

Владе Милчин

Извршен директор на фондацијата „Институт Отворено општество Македонија“. Иницатор за основање на една од првите невладини организации во македонија која со своите бројни активности ги следеше сите општествени промени во земјава во изминативе 17 години. Заслужен за првичното етаблирање на духот на цивилно организирање Милчин и натаму останува силно присутен во јавноста, како со активностите на фондацијата така и преку јавното искажување на своите становишта.

особено во печатените медиуми. Со време тој станува професионално повеќе заинтересиран за проблемите во менаџментот, при што со постигнатите резултати ќе се покаже како еден од првите вистински медиумски менаџери по современ, западен терк.

Ерол Ризаов

Новинар и аналитичар. Како припадник на средната генерација новинари Ризаов ќе ги премости двете епохи на македонското печатено новинарство. Со влијателна позиција и рејтинг во некогаш доминатната „Нова Македонија“, тој со неколкумина колеги подоцна ќе го иницира стартот на новиот „Утрински весник“, кој набрзо ќе се наметне како релевантно издание во формирањето на јавната свест и на политичките дискурси во Македонија.

Горан Михајловски

Главен и одговорен уредник на весникот „Вест“. Формално, по возраста, Михајловски припаѓа на помладата генерација меѓу уредничкиот корпус на македонското печатено новинарство. Сепак, со својата способност да гради добри релации со луѓе од бизнисот и од политичкиот скетор, како и со личните професионални квалитети ќе успее, во еден веќе заситен медиумски амбиент, да етаблира нов весник со завиден тиражен успех.

Даут Даути

Новинар. Даути долги години работи во редакцијата на своевремено единствениот весник на албански јазик „Фљака е влазеримит“ каде стигнува до функцијата главен и одговорен уредник. Еден од ретките новинари кој со свои анализи е присутен и во албанските и во македонските медиуми. Во моментов ангажиран на полето на новинарската едукација во Македонскиот институт за медиуми.

Мухамед Зекири

Главен и одговорен уредник на телевизијата „Алсат М“. Млад новинар со претходно искуство во „Радио Слободна Европа“ кој експресно ќе и' се наметне на македонската модијумска јавност со концпетот на информативната програма на националната ТВ станица „Алсат М“, која емитува програма на албански и македонски јазик. Неговата реакцијата на одредени притисоци од страна на политичките структури врз новинарите на оваа телевизија дополнително го зголеми рејтингот на Зекири.

Сашо Орданоски

Новинар, аналитичар, консултативен експерт и граѓански активист. Новинар по бекграундот Орданоски својот јавен рејтинг ќе го изгради најнапред со делувањето во медиумите, но ќе се експонира и како еден од првите кој успешно функционира и на полето на консултативните услуги (преку Центарот за стратешки истражувања и документација „Форум“). Активен е и на планот на цивилното организирање каде добар дел од јавноста го познава како прв човек на „Транспарентност Македонија“.

Ѓунер Исмаил

Политички аналитичар. Во кариерата се има занимавано со повеќе области. Бил културен работник, дел од културната администрација (министер за култура), новинар, новински издавач, а работи и како експерт на полето на

Александар Чомовски

За многумина Чомовски е актуелниот бард на македонското новинарство не само поради припадноста на една потврдена генерација новинари што своевремено ја препороди информативната програма на Македонското радио, туку и поради фактот дека е еден од малкумина од неговата генерација кои останаа присутни во медиумите и тоа со завиден рејтинг во јавноста. По бројните професионални ангажмани во моментов, со група колеги, работи на етаблирањето на информативната компонента на новата сателитска телевизија А2.

консултативните услуги (Центарот „Форум“). Континуирано е присутен во јавноста со своите анализи пред се' на политичките процеси во земјава, а зема активно учество и на разни јавни собири и трибини.

Ким Мехмети

Писател и граѓански активист. Повеќе години присутен во јавноста како независен интелектуалец. На полето на граѓанскиот активизам се експонира најнапред преку ангажманот во Институтот Отворено општество Македонија. Присутен на литературната сцена и во албанскиот и во македонскиот блок. Редовно се јавува во медиумите изнесувајќи ги своите ставови главно сврзани со прашањата на меѓуетничките односи.

Дарко Алексов

Претстојник на Граѓанската организација „Мост“. Организацијата на чие чело се наоѓа Алексов со примената светските стандарди во поглед на граѓанската контрола на изборниот процес се нареди меѓу најценетите и најпрестижните цивилни асоцијации во земјава. Удел во високиот рејтинг на „Мост“ имаа и објективните анализи како и настојчивоста на неутралноста во однос на политичките партии.

Исо Руси

Новинар, аналитичар и граѓански активист. Долго присутен како новинарско име во македонскиот медиумски простор Исо Руси особено се ангажира на полето на медиумскиот третман на прашања сврзани со меѓуетничките односи. На планот на граѓанскиот активизам јавноста го познава како долгогодишен член на Хелсиншкиот комитет на Македонија, аде во моментов ја врши функцијата в.д. претседател.

Д-р Владимир Борозанов

Претседател на Лекарската комора на Македонија. Претстојникот на цеховската асоцијација на лекарите -професионална групација која спаѓа во традиционалните општествени елити на граѓанските општества – е познат македонски кардиолог. Редовен професор е на Медицинскиот факултет во Скопје. Работи на Институтот за срцеви заболувања.

Жан Митрев

Основач и сопственик на првата приватна кардио-хируршка клиника „Филип II“. Веројатно најпознат лекар во Македонија што се должи не само на неговите стручни квалитети ами и на присутноста во јавноста. Човек со добри врски со

Штерјо Наков

Главен акционер и генерален менаџер на „Фершпед“. Името на овој македонски бизнисмен најчесто се споменува во контекст на таканаречената македонска „олигархија“ и сомнителниот проце на приватизаија на некогашните општествени фирми. И покрај сиот одиум во јавноста и отвореното непријателство што против него го покажуваат одредени политички кругови Наков и натаму опстојува во бизнисот, а очигледно не се откажува ниту од желбата за влијание врз јавноста со инвестирањето во медиумскиот бизнис.

политичкиот естаблишмент, особено со актуелно владеачкуите на ВМРО-ДПМНЕ. Покажува интерес и за други општествени ангажмани, пред се' на планот на актуелните реформи во здравството на кои има влијание и како советник на премиерот.

Сашо Кедев

Кардиолог. Лекар со широки општествени и политички врски. Важи за човек кој е близок на ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат беше за претседател на Република Македонија. Во моментов не е толку експониран во јавноста, но затоа многумина му припишуваат големо влијание во процесот на реформата на здравствениот систем, особено во доменот на трансформацијата на терцијалното здравство.

Јордан Плевнеш

Поет и драмски писател. Ценет по своите дострели на литературен план. Како франкофон, човек со добри релации во Франција, каде беше и амбасадор на Република Македонија, но и со други меѓународни институции како УНЕСКО. Во моменов е еден од регионалните претставници на УНЕСКО. Во моментов е ангажиран и на полето на високото образование со отворањето на факултет за филмски струки кој е поврзан со слични образовни институции во Франција.

Горан Стефановски

Драмски писател. Еден од најценетите литературни творци во Македонија кој во своите драмски текстови одразува мноштво од темте што доминираат во актуелната македонска општествена стварност. Поради ова во јавноста се ценети и неговите вонлитературни истапи низ интервјуа и есеистички и аналитички текстови. И покрај тоа што живее во Англија постојано се пројавува и на македонската јавна сцена.

Борис Трајанов

Оперски пејач. Интернационалниот престиж на Трајанов му отвори простор и за една поширока присутност во македонската јавност која не се однесува исклучиво

Орце Камчев

Сопственик и менаџер на „Орка спорт“. Како изданок на познато бизнис семејство, едно од првите што влезе во приватниот бизнис, Орце Камчев во себе ги обединува сцојствата и на старата и на новата македонска бизнис елита. Човек е кој несомено знае да се снајде во општествениот лавиринт и да ги ползува тие свои релаии во динамичкото ширење на своите бизнис интереси. Што се однесува до јавниот профил, Камчев настојува да остане во сенка, но тоа се' чини и го прави „интересен“ за пошироката јавност.

на уметничката сфера. Зема учество во разни општествен активности не ретко поврзани со програмските активности на актуелната влада, а често ги искажува и своите гледишта на политички теми при што ја нагласува компонентата на патриотизмот.

Акад. Катица Ќулафкова

Литературен теоретичар, поетеса и професор. Освен на полето на струката Ќулафкова во македонската јавност е присутна и како независен интелектуалец. Овој свој афинитет го искажува и преку ангажманот во Македонскиот ПЕН центар, меѓународна организација формирана токму за го артикулира гласот на творците и по разни општествени прашања. Во последно време Ќулафкова е присутна и со изнесувањето на своите гледишта за некои од горливите политички прашања во Македонија.

Никола Гелевски

Издавач, литературен теоретичар и колумниста. Иако главно ангажиран на полето на културата и литературното творештво Гелевски веќе подолго време јавно се пројавува и по разни општествени теми, вклучувајќи ги и најгорливите политички прашања. Неговите ставови и мислења се особено ценети кај помладите интелектуалци.

Роберт Алаѓозовски

Писател и културен работник. Претставник на најмладата генерација интелектуалци присутни во јавноста, кои го градат својот престиж и влијание со алтернативни погледи на општествените случувања во Македонија. Оваа, условно да ја наречеме, зона на алтернативно општествено делување има свое влијание највеќе меѓу помладата популација.

Алекс Букарски

Блогер. Букарски, попознат во јавноста под ник-нејмот Букаро што го користи на блогерската сцена, е пример за една сосема нова категорија во општествената елита која настапува од позиции на

Драган Павловиќ Латас

Телевизиски новинар. Иако не е поникнат од мејнстримот на македонскиот медиумски простор, Павловиќ се наметна како еден од македонските телевизиски новинари со голема харизма во јавноста, колку позитивна толку и негативна. Во моментов е глвната ѕвезда на два медиума . Уредник е на информативната програма на ТВ Сител и „главен од сенка“ на весникот „Вечер“. Важи за новинар кој лесно остварува контакти со луѓе од политичките кругови поради што некои го сметаат за „инструментализиран новинар“.

нагласен анти-елитизам користејќи ги новите медиуми за пласман во јавноста на своите погледи. Ценет и со несомнен престиж и влијание меѓу помладата урбана популација.

Симон Трпчевски

Музичар. Трпчевски е интернационална пијанистичка ѕвезда што му носи висок рејтинг и во пошироката македонска јавност. Многумина го сметаат за наш прв културен амбасадор во светот, што е повод неговиот врвен и признаен талент и во оперативна смисла да биде ставен во функција на меѓународната афирмација на нашата земја. Тоа му го отвора патот за контакти и релаии и со политичките и бизнис елитите.

Оливер Белопета

Мизички менџер и организатор на културни настани. Високиот рејтинг во јавноста Белопета го изгради како креатор и долгогодишен челник на Скопскиот џез фестивал, една од културните манифестации во земјава што се влезени на интернаионалната мапа. Како виден претставник на уметничката елита медиумите во Македонија често му се обраќаат за мислење по разни прашања не секогаш поврзани само со културната политика во земјава.

Горан Гаврилов

Основач и сопственик на радиото „Канал 77“. Еден од пионерите во електронските медиуми основани со приватни иницијативи. Рејтингот и степенот на општествено влијание што го има Гаврилов се должи колку на медиумската дисперзија на „Канал 77“ толку и на неговиот ангажман во формирањето и етаблирањето на Асоцијацијата на приватните електронски медиуми на Македонија АПЕММ.

Слободан Унковски

Театарски режисер. Окитен со меѓународни признанија за неговата уметност Унковски своето влијание на општествената сцена во Македонија го гради и врз фактот што своевремено беше дел од културната администрација вршејќи ја функцијата на министер за култура. Поради ова особено се ценат неговите ставови за културната политика, ни и неговите гледишта на една поширока лепеза на општествени и политички прашања.

Милчо Манчевски

Филмски режисер. Со признанијата што неговите филмови ги освоија во светот Милчо Манчевски си обезбеди статус на еден од општествено највлијателните уметници во Македонија. Често се пројавува со свои гледишта за актуелните теми во земјава иако никогаш не покажал желба за некакво поконкретно ангажирање на политички план или во доменот на културната администрација.

Влатко Стефановски

Гитарист, рокер. Најпознатиот македонски музичар од сферата на популарната рок музика. Ѕвезда со интернаионален рејтинг во сиве овие години Стефановски е присутен во јавноста, пред се' преку честите интервјуа, со своите погледи на широка лепеза прашања од македонската општествена стварност. Во таа своја присутност во јавноста, како и со немниновните врски што ги создава притоа, Стефановски внимава да не го пречекори прагот и да остане тоа што е пред се' - уметник.

Калиопи Букле

Естрадна ѕвезда. Веројатно најетаблираната пејачка ѕвезда на македонската естрада, општествена групација која во новите околности во земјава добива статус на влијателна елита со врски со политичкиот и бизнис естаблишмент, но и со моќ да влије на оформувањето на јавното мислење. Во таа смисла Букле, освен како пејачка и музичар, често во јавноста ги изнесува и своите погледи на пошироките општествени процеси.

Дополна

Направете список по сопствен избор и вкус

Рековме дека спискот на „Глобус“ на 100-те највлијателни луѓе во Македонија треба да се разбере сосема условно, што подразбира дека е можеби обоен со субјективни ставови и дека во него се превидени некои моќни и општествено влијателни персони. Со еден збор тоа е само повод за размислување на местото и улогата во либерално-демократското општество на феноменто на општествените елити, кои треба да се разликуваат од сопственичките и политичките елити, а со сознание дека со напредокот и понатамошната демократизација на задницата нивната улога во креирањето на општествените норми и, воопшто, во оформувањето на генералните општествени дискурси ќе расте. Во та смисла нашата листа секој читател може да ја надоградува или ревидира по своја желба и според своите погледи на нештата, додавајќи некои луѓе или одземајќи им го на други правото да се наредат на неа. Со таа цел ја нудиме и дополнетава листа за така, формално барем, да се заокружи топ-100 рејтингот, со понуда од сите подгрупи во генералната одредница општествена елита, што ќе рече со влијателни претставници како на традиционалните елити (клерикалните, милитаристичките, адвокатските), така и на новите професионални елити и елитни групации од секторот на цивилниот активизам и останатите сектори што имаат поголемо или помало влијание врз јавната, општествена свест.

Традиционални елити

Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, Реис-ул-улема на Исламската верска заедница во Македонија; Д-р Киро Стојанов, бискуп на скопската Католичка бискупија

Професионални елити

Никола Поленак, адвокат; Саво Коцарев, адвокат; Александар Тортевски, адвокат; Ненад Јаниќевиќ, претседател на Адвокатската комора на Македонија; Јовица Угриновски, неурохирург; Спасе Јовковски, неврохорург; Тихомир Крцковски, торокален хирург; Дејан Докиќ, лекар пулмолог; Мирјана Кочова, педијатар; Зоран Караџов, лекар специјалист

Интелектуалци и граѓански активисти

Гордан Калајџиев, професор и граѓански активист; Мирјана Димовска, претседател на Антикорупциската комисија; Мирјана Најчевска, професор, колумнитска и граѓански активист; Жарко Трајановски, аналитичар и граѓански активист, Д-р Слаѓана Тасева, претседател на НВО „Транспарентност нулта корупција“

Уметнички елити

Раде Сиљан, писател и издавач; Божин Павловски, писател и издавач; Бранко Цветковски, писател и издавач; Љубиша Георгиевски, театарски ражисер и дипломат, Александар Поповски, театарски режисер; Глигор Чемерски, сликар; Сергеј Андреевски, сликар; Мери Аницин Пејовска, менаџер во културата; Сашо Миленковски, театарски режисер и менаџер во културата; Мирослав Масин, ликовен уметник; Благоја Стефановски, театарски работник и менаџер во културата; Оливер Арсовски, музичар и менаџер во културата; Ѓорѓи Јолевски, актер; Елизабета Шелева, литературен теоретичар; Сенко Велинов, актер; Бранко Ѓорчев, актер и менаџер во културата

Естрада и спорт

Иво Јанковски, менаџер во естрадата; Тони Михајловски, актер; Игор Џамбазов, актер; Есма Реџепова, пејачка; Весна Петрушевска, актерка; Коки Костовски, спортски менаџер; Насе Насев, член на МОК; Керан Идризи, менаџер во спортот; Бајруш Велиу, менаџер во спортот; Иван Бојков, спортски работник; Дарко Панчев, поранешен фудбалски интернационалец и спортски работник

За страниците во ПДФ формат кликнете овде:

 (или со десен клик одберете save as за да го снимите документот) 

За реакции на текстот кликнете овде