��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

ТРОЈАНСКИ МАНАСТИР: ПРЕКРСТИ СЕ И ПОЧНИ ДА ПИЕШ

Инспектори откриле над 1500 литри нелегална ракија во тројански манастир. Вработени на агенцијата "Царини" откриле над 1500 литри нелегална ракија во тројански манастир, пренесе БТА.

РУСЛАН ЈОРДАНОВ

Импозантни количества на ракија се откериени по инспекција на царината во Тројанскиот манастирот на 8-ми февруари) Пронајдените шишиња со ракија имале легални бандероли (важечка акциза), но тие довеле до простории каде имало и таква која е чувана во пластични шишиња и буриња. Просториите каде е криен алхохјолот е службен и таму инало 1.500 литри. Одделно се пронајдени и 372 шишиња по 0,5 литри ракија без бандероли.

Игуменот на манастирот Величко епископ Сиониј изјави дека пронајдените шишиња од страна на царинските службеници е "колекција на светата обител", собирана многу години наназад од неговите претходници, и треба да остане во манастирот како традиција и спомен, бидејќи никогаш не е користена за комерцијални цели.

"Најстарата е од 1965 година Ракијата е средена за богатство, убавина и хармонија на оваа визба, која е традиционална за регионот и отелотворуваат цела една епоха. Во реонот главното занимање на населението било одгледување на сливи во домашни градини и потоа - производството на ракија", објасни тој.

Сиониј додаде дека ракијата била запечатена соодветно, според законите на земјата. Дел од неа е земен за хемиска обработка. Според свештеникот луѓето од Царината пројавиле разбирање и претстои потпишување на договор со кој од манастирот ќе биде платена акциза на ракијата, за да може таа "да остане во светата обител".

Тројанскиот манастир (бугарски: Троянски манастир) е трет по големина православен манастир во Бугарија, по Рилскиот и Бачковскиот манастир. Тој е ставропигијален манастир на Бугарската Православна Црква. Се наоѓа во северниот дел на земјата, на брегот на реката Црн Ос'м, во близина на селото Орешак, на 10 километри од градот Тројан. Денес, посетителите на манастирот можат да ја дегустираат познатата сливова ракија, варена според стар рецепт од манастирот.

Манастирот е основан кон крајот на 16 век. Во текот на 17. и 18. век, тешко бил оштетен од страна на неколку турски напади, по што бил обновен во 1830 година. Познат е по својата исклучителна резба, која е дело на занаетчии од градот Тројан, а особено по својата чудотворна икона на Богородица Троерачица. Иконата е копија на чудотворната икона од Хиландарскиот манастир од 14 век. Според легендата, иконата била донесена на ова место од страна на монах од Света Гора. Тој останал испосник во овие краишта кратко за време на своето патување во Влашка. Црквата "Пресвета Богородица", во која се чува иконата, е изградена во 1835 година. Фреските на манастирската црква се дело на познатиот бугарски мајстор Захарија Зограф.

Покрај религиозното значење, Тројанскиот манастир е познат и како место во коешто твореле познати писатели, учители и преведувачи. Меѓу нив, особено значење има Спиридон Габровски, автор на делото "Кратка историја за бугарскиот словенски народ" (1792). Исто така, манастирот е поврзан и со борбата на Бугарите против отоманската власт. За време на Руско-турската војна од 1877 до 1878 година, манастирот бил претворен во болница за лекување на руските војници.