��oj 332   03.09.2013
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Стјепан Краљ на Тито му изгради рај на Ванга, но за тоа мораше да молчи цел живот

Дали луѓето во случај на голема старост нема да имаат потреба од деца? То со фактот дека ќе се продолжи добата на фертилитет?

"ПИНК ПАНТЕРОТ" ХАЏИСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ЗЕМЈАТА ЗАРАДИ ТОА ШТО ПЕЛЕСНО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД ПРИТВОР!

Убиецот на Мери Јошевска, за чие бегство беше обвинуван актуелен политичар на СДСМ, денес во другиот табор, тешко дека ќе дојде пред нашите судии. Француските власти ќе си го задржат за себе човекот кој беше во Легија на странците. Но, неговото апсење на потсетува на тоа како кај нас немаше притвор дури и за сурово убиство, ама има таква мерка за случаи каде е целосно непотребен (случај Кежаровски)

Додека нашата јавност, посебно и стручната, но и колегите новинари говорат за злоупотребата на мерката притвор, една вест која дојде од Франција на таа тема и дава додатни "зачини". Имено, дознавме дека француската полиција го фати недофатливиот Миле Хаџиски, кој кај нас се бара за свирепо убиство на својата девојка Мери Јошевска. Иако е познат како успешен бегалец од добро чуван затвор, оној во Лозана, тој кај нас не излезе пред лицето на правдата само заради тоа што беше направено банално "замешателство" кај одредување на мерката притвор и тој мирно си излезе од затворот и си замина во Бугарија, од каде патуваше низ Европа се до Франција, каде најде нов дом во Легијата на странците. Па испадна дека кај нас немаше притвор дури и за сурово убиство, ама има таква мерка за случаи каде е целосно непотребен (случај Кежаровски).

Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот "АВНОЈ" бр. 104 во Скопје. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. Од здобиените повреди Јошевска починала на лице место. Увидот покажал дека и на паркетот имало траги од силината на ударите со нож што ги оставил убиецот.

Хаџиски потоа зел неколку парчиња златен накит и го напуштил станот, оставајќи ја Јошевска да почине. Според полицијата, убиството било извршено со умисла, на свиреп начин и од користољубие. Основниот суд Скопје 2 го осуди на казна затвор во траење од 20 години.

По бруталното злосторство што го изврши Миле Хаџиски, семејството Јошевски не можеле повеќе да живеат во станот. Станот досега променил најмалку три стопана. Никој како да не сака да живее тука, велат станарите.

Семејството на Хаџиски за време на судскиот процес изјавуваа дека тој не бил виновен за убиството на девојката. Мајката и братот на Хаџиски тогаш изјавуваа дека имало пропусти во истрагата.

Како што веќе споменавме Миле Хаџиски од притворот не и избегал на полицијата, ниту им избегал на затворските чувари. Тој тогаш ги искористил т.н. недореченостите во законот во однос на максималното траење на притворот од 30 дена за полесни кривични дела и 90 дена за дела од најтежок вид. Имено, Хаџиски беше осуден на 15 години, но заради слабости во истрагата, пресудата беше поништена и требаше одново да му се суди, па тој излезе од затворот, место да остане во притвор. Тогаш (1996 година) од затворот Идризово биле ослободени сите што биле со неправосилни пресуди. Педесетина затвореници добиле право да се бранат од слобода. Новото судење бил одложувано неколку пати (беше речено заради летните одмори, меѓу другото!), па Хаџиски си отшета од земјата.

Во тоа време се отвори полемика по медиумите дали на убиецот му помогнал да побегне негов роднина, кој беше министер а потоа и амбасадор во една соседна земја. Ова беше една од оние афери кои влијаеа на падот на популарноста на владата на премиерот Црвенковски, ја еродираше сликата за неефикасноста на правната држава и за коруптивноста, колку и да имаше основаност или не тезата за "министерската" врска кај бегството на Хаџиски од земјава.

Обвинетиот со лажен идентитет успева да дојде до Франција и таму ги мина првите години од егзилот а потоа се движел на релација Франција - Швајцарија. На почетокот на минатата година тој е притворен во Лозана, за дела кои ги извршил во Швајцарија, но брзо успева да избега и од тој затвор

Француските медиуми, како што пренесува дописникот на МИА од Париз, објавија дека уапсениот е 41-годишен маж со македонско државјанство, кој бил баран од француската полиција поради убиство и грабеж, направени во Македонија и во Швајцарија.

Криминалецот бил откриен со локализирање на неговиот мобилен телефон, откако неколку седмици го барала француската судска полиција.

Хаџиски бил поранешен легионер и се претпоставува дека е член на бандата "Пинк Пантер". Хаџиски во мај годинава успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозана.

По убиството во Скопје, како што е сега познато, Хаџиски бега во Франција, каде со лажен идентитет (српско државјанство) се приклучува во Легијата на странци на француската армија. По излегувањето од армијата направил провеќе грабежи во Швајцарија, а се занимавал и со трговија со дрога.

Јавното обвнителство на Франција сега треба да одлучи каде Хаџиски ќе биде екстрадиран - во Македонија или во Швајцарија.

Во МВР потврдуваат дека од француската полиција добиле потврда дека во Авињон бил приведен Хаџиски..

Македонија тогаш поведува постапка за негова екстрадиција во земјава. Министерството за внатрешни работи тогаш преку Интерпол доби потврда дека бегалецот Миле Хаџиски е пронајден. Тој цело време го користел името на извесен Зоран Томиќ, роден во 1966 година. "Според информациите со кои располагаше македонската полиција, осомничениот изминативе години честопати се движел на релација меѓу Франција и Швајцарија. По извршеното дактилоскопирање на лицето и вештачење и споредување на отпечатоците, беше утврдено дека се работи за лице идентично со Миле Хаџиски, по кој е распишана меѓународна потерница од 1996 година", изјавуваа лани во февруари од МВР.

Kарактеристична лузна на брадата на уапсениот била една од главните причини швајцарските полицајци веднаш да се посомневаат дека станува збор за Миле Хаџиски, а не за Зоран Томиќ. На меѓународната потерница распишана по Хаџиски забележлива е лузната на неговото лице.

Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски, кој беше уапсен на 19 август во близината Авињон на југот од Франција, по барање на Швајцарија и Македонија, нема да ? биде испорачан на Швајцарија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Одлуката на Апелацискиот суд од Ним ја образложи со фактот дека Зоран Томовиќ имал француско државјанство во 2011. во моментот кога ги сторил делата за кои се бара во Швајцарија. Имено Франција не ги екстрадира своите државјани.

Што се однесува до барањето за екстрадиција од страна на Македонија, одлуката на судот од Ним е одложена за 25 септември.Засега е малку веројатно дека Хаџиски ќе го видиме во Идризово а се чини дека тоа им дава олеснително чувство на оние кои евентуално му помогнале да побегне од земјава.

Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски во Македонија е осуден во отсуство на 20 години затвор поради убиство. За разлика од делата за кои го товари Швајцарија, во случајот со Македонија тој во моментот немал француско државјанство. Интересно е дека истиот ден францускиот суд треба да се изјасни и за барањето на Хаџиски за пуштање на слобода. Од правен аспект ова е важен момент.

Тој зад него има криминално досие, како осуда за убиство во Македонија во 1993 година, каде е баран за издржување на казната. Според француските медиуими тој очигледно се криел во Франција при судењето во негово отсуство во Македонија. Во тој период успева да се ангажира во Легијата на странците на француската армија под туѓ идентитет, со српско државјанство, при што не го открил своето минато.

Тој располагал со повеќе идентитети и се претпоставува дека и припаѓа на фамозната банда "Пинк Пантер", во која оперираат криминалци од просторот на поранешна Југославија.

Апсењето од француската полиција е направено со меѓународен налог издаден од Македонија и Швајцарија. Тој успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозана во мај оваа година, за што јавија повеќе западни медиуми.

(Љ.К.)