��oj 332   03.09.2013
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Стјепан Краљ на Тито му изгради рај на Ванга, но за тоа мораше да молчи цел живот

Дали луѓето во случај на голема старост нема да имаат потреба од деца? То со фактот дека ќе се продолжи добата на фертилитет?

OФАМАНАМАН: Златни ретривери

Бранко Тричковски

Врз грнчарското колце на политиката почна обликувањето на говното (24 декември) во нови форми и вредности! Цела една собраниска група и таканареченото собрание ќе го врти тој исерок и ќе го заплукува и замочува до последната капка се со цел да не се засуши и да не случајно потпрестане да смрди.

Тоа не се некои посебни каприци. Од разбојот на говњарското минато излегуваат најфантастичните ќилими на македонската политика според истата технологија според која од говната на минатото нацијата секојдневно произведува шпагети и макарони за своите се поскромни оброци.

Сите ние сме некаква подврста златни ретривери- убави, меки, добри, послушни кутриња кои мислат дека никој не ги сака и дека се незабележливи ако не се осмрдат во првото говно што ќе го сретнат на патот кон миризливата иднина.

Дури и на таканаречените светли точки се фокусираме, односно не фокусираат само затоа што призмата на денешнината ни овозможува да ја забележиме говњарска димензија во нив. Што е Ченто без Чашуле, Шатев, па Брашнаров, па не знам кој уште не, светлат само преку смрдливите луксови на жртвата, Трајковски исто така, Македонија е осмрдена творба што заслужува презир и презирот е тој што се слави, затоа што државичката е сведоштво на неоствареноста и на посебноста што не смеела да се случи!

Инцидентот од 24 декември не се случи затоа што собраниската работа и буџетската дебата не беа адекватно нормирани туку затоа што имаше политичка воља тие нормативи да се урнат во името на очекуваниот политички профит исто како што никаква доправка, поправка и преправка на нормативите не може да гарантира дека инцидентите од тој или уште пострашен вид нема да се повторат ако културата, контролата и санкциите не фомираат свет во кој политиката ќе биде ограничена независно од убедливоста на изборните резултати. Не може да се каже дека нашата правна основа е совршена, далеку од тоа, но нашиот проблем не е правната основа како таква колку што е тоа деформацијата на таа правна основа пред налетот на примитивецот на кој некакви историски околности му го ставиле в рака копјето на неограничената моќ!

Обидите за беневолентни нормативни и политички интервенции во еден тоталитарен систем ја репродуцираат и засилуваат неговата тоталитарност, а од благонадежните иницијатори и партнери произведуваат будали. Особено тоа важи за сиутации кога таканаречените подобрувачки интервенции се прават врз основа на општата слика за системот која не е точна, која што го прикажува системот како демократски или малку од малку, што би се рекло, демократски. Тоа е исто како да се обидувате на крокодилот да му ставате макс фактор на усните со идеја дека фоката ќе изгледа поубава! Без да знаете дека, прво, фоката не се шминка, а второ, дека фоката не е фока туку е крокодил!

Со други зборови, ние немаме работа со дефектите на еден систем или со дефектите во самиот тој систем, туку имаме проблем со системот како дефект и со отсуството на свест и изводи во адекватната формулација и операционализација на политичката акција. Ние сме проблемот, во крајна инстанца, тоа е тоа!

Дури и таму кај што има свест или знаци на свест за радикалната смена на системот и на културната матрица, опозицијата дозволува да ја носи инерцијата и таа делува според старата методологија. Новиот систем е совршено отпорен на такви дејствија. Како кога со облоги од кромид или со пијавици се обидувате да го лечите ракот на белите дробови или сепсата.

Еве земете ја иницијативата на Заев да расправа со Груевски за избирачкиот список. Убаво. Но, јас тврдам дека во меѓувреме е настаната ситуација која гарантира дека Заев ќе ги загуби изборите дури и ако во списокот влезат само неговите роднини, пријатели и љубовници. Со каков избирачки список може да победи Анг Су во Мијанмар? Ти имаш противник кој ги приватизирал и монополизирал сите државни ресурси, административни, финансиски, институционални, репресивни, културни, медиумски, урбанистички, гомнојадачки, а тебе те интересира избирачкиот список! Јас се чудам што досега не излезе Надвојводата Шарло да му порача на Заев: еве, бе Зоки, напрај си список каков сакаш, јас пак ќе те тепам!!!

Луѓето таму одбиваат да учат и да се менуваат така што во услови на новите критериуми и брзото течение на времето, драстично се зголемуваат разликите меѓу политичкиот капацитет на опозицијата и предизвиците на историскиот момент.

Најголемиот проблем е во тоа што опозицијата не може да ја конролира својата љубов кон Татковината. Па видете, ве молам, што се во името на таа љубов дозволија: да ги исфрлат од таканареченото собраание, да ги вратат во таканареченото собрание, да загубат се што имаа и можеа да загубат на локалните избори, да се откажат од препочитуваниот енд сакан лидер, да бидат прогласени за "залутани во просторот и времето" од човекот кој тврди дека "п.с." на крајот на писмата значело и се читало како пост скриптум (уф, јеботе бог да те јебо- се извинувам за оваа србокомунистичка јазична и мисловна варијација), да го потпишат "говњарскиот извештај" за 24 декември, најдисциплинирано да внимаваат да не случајно остават некоја нефарсична трага врз политичките процеси... А, еве, сега, слушам, ќе го гласале европскиот меморандум на антиевропските сили во Македонија со тоа што веднаш потоа ги чека нов предизвик: неограничен престој во ликовната академија во Лазарополе каде што ќе берат капини и шумски јаготки и ќе творат на тема "македонската наива енд користољубие и евроатлантските интеграции на земјата"! Со постројување, кревање на македонското знаме и интонирање на химната, секое утро во 6, ако од Скопје, Илинденска б.б. (б.б. значи без број, н.з., тоа, пак, значи наша забелешка) не наредат поинаку!



Проект на владата на бившата држава на Македонците!



Има еден весник кој прв дознава се. А мене ми е драго кога ќе успеам да бидам втор! Е, сега, овој што се дознава прв, дознал дека низ европските институции циркулира некој "нон-пејпер" (види кај Груевски што ова значи) во кој се тврдело дека македонската нација е производ на дејството на коминтерновскиот комунизам и титоистичкиот југословенизам врз едно парче од бугарскиот етнички корпус во услови на Втората светска војна и повоената блоковска поделба на светот.

Старо лајно кое му се нуди на македонскиот ретривер, куче што се шета по Малиот ринг и си вика: слушај, бе, Бугарите се во право!!!