��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

БАТАЛИ ДИЈАЛОГ, СЕГА ЈАС ВЛАДЕАМ

Дијалогот е практично протеран од српската јавна сцена. Повеќе од кога и да е порано, јавноста e поделена на пријатели и непријатели и укината е секаква дебата

ИВИЦА ПЕТРОВИЌ

Дијалогот е практично протеран од српската јавна сцена. Повеќе од кога било политичката, културната и секоја друга сцена е поделена на пријатели и непријатели - поставени се барикади, подигнати се партиски и идеолошки знамиња, и укината е секоја дебата. Овој процес можеби најмногу може да се забележи на интернет, но освен на социјалните мрежи и разните форуми овој феномен се пренесе и на традиционалните електронски и печатени медиуми. Во ова тврдо застапување на некоја страна има и по малку комични моменти, одделни весници и телевизии кои во српското издание не ја сакаат Србија во НАТО, во црногорската верзија се жестоки заговорници за членство во таа воена организација. Новинарите кои се залагаат против членство на Србија во ЕУ и се за што поблиска соработка со Русија се најголеми симпатизери на премиерот Александар Вучиќ, кој по нивни мерила би бил оценет како еврофанатик. Слична појава се забележува и кај политичките партии, па така меѓусебно се поддржуваат партиите со целосно различни идеологии и ставови, и можеби поради тоа не е чудно што во сеопштата ментална и идеолошка конфузија не постои можност за дијалог.

Конструтивниот дијалог, додуша, никогаш не бил нешто со што може да пофали српската политичка сцена за време на плурализмот. На тоа упатува и новинарот на БИРН, Слободан Георгиев, кој вели дека сегашните власти наследиле едно медиумско опкружување кое било изложено на голем притисок од страна на власта. "Но, сето тоа не е споредливо со она што го имаме денеска, бидејќи во последните 4 години на Борис Тадиќ немаше ни дел од сето ова што на разни начини го презентираат власта и Александар Вучиќ. Тоа е една постојана пресија, каде со количеството случувања се анулира секое друго случување. С? повеќе се слуша само еден глас, и јас мислам дека луѓето сега почнаа с? повеќе да веруваат оти друг глас всушност и нема, што секако не е точно."



ДУХОВНИ ДЕЦА НА ТИТОИЗМОТ На историско-општествен конеткст инсистира и политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ. На повеќепати повтореното прашање дали сегашните власти со своето инсистирање на монолог всушност го укинаа дијалогот во Србија, Анѓелковиќ повторно се враќа на тврдењето дека дијалог во Србија всушност никогаш и не постоел, и оти однесувањето на актуелната власт никако не може да се набљудува надвор од тој контекст: "Сегашните власти се одраз на општеството и општествената атмосфера, исто како што и опозицијата е одраз на сето тоа", смета Анѓелковиќ. "Никој посебно не е виновен за тоа, виновен е духот кој го имаме во континуитет со титоизмот. Така сега зборуваме за вината на сегашната власт како за поголема во однос на вината на предходната власт, или во однос на оние кои на 6. октомври 2000. година тврдеа дека на Србија ? се потребни серија апсења и прогон, односно на оние кои пред 5. октомври се држеа на власт и често се однесуваа авторитарно, што е смешно. Едноставно, имаме континуитет на недемократска култура и авторитарно наследство."

И некој потоа нека каже дека е лесно да се воспостави дијалог во Србија во ситуација кога се негира оти воопшто постои проблем. Или пак постои, но за тоа никој не е виновен? Затоа можеби треба да се започне дебата. На обидот, на пример, да заборавиме на минатите времиња и минатите власти, и да ја оцениме сегашната ситуација, Анѓелковиќ одговара:

"Мислам дека приказната за тоа да го заборавиме минатото е манипулација. Невозможно е тие работи да се гледаат надвор од контекст. Оваа власт секако е и сама одраз на тој недостаток на демократска култура во српското општество, а во уште поголема мерка тоа се оние кои се ставија во служба на туѓите геополитички интереси и зборуваат за западни и европски вредности, а самите се духовни деца на титоизмот."

Случајот е затворен: во Србија нема дијалог, отсекогаш било така и засекогаш ќе биде така. Видливо е оти не постои дури ни обид да се запре таа низа. А изминатите неколку години на владеење на Српската напредна партија, секако, ги одбележа речиси целосен недостаток на дијалог. За социологот на култура, Ратко Божовиќ, добра илустрација на сето тоа е изјавата на Александар Вучиќ дека ќе се повлече доколку некој друг победи на претседателските избори: "Тоа е една ненормална ситуација", вели Божовиќ за ДВ. "На тој начин една партократска логика е воспоставена како нешто со што тој влегол во изборите. А кога на тоа ќе додадете дека имаме еден човек кој знае с?, речиси боженствено, и оти од него наместо од институциите и поделбата на власт зависи с?, тогаш не е чудно што се наоѓаме во оваа неподнослива и апсурдна состојба во која е секако невозможно да се има дијалог."



ИНТЕРНЕТ - ЛОШО МЕСТО ЗА ДЕБАТА? Голем дел од јавните дебати во Србија се одвиваат на интернет. А тука неистомислениците ги чека пеколна атмосфера. Секој, па дури и најмалиот обид за цивилизиран дијалог, брзо преминува во размена на лични навреди. Слободан Георгиев забележува дека интернетот и не е баш најдобро место за дебата: "Тоа е отворен простор без модерација, и тука нема некакви правила освен лични етички правила. Некои мислат дека тоа е место за плукање, па така и се однесуваат. Во тој смисол и не гледам оти во тој простор може да се води дебата која би довела до работи кои се од општа полза. Дебата е најпотребна во институциите, и во големите медиуми со релевантни соговорници." Сепак, премиерот Александар Вучиќ обидувајќи се да ја разубави состојбата на медиуската слобода наведе дека поголемиот број граѓани на Србија се информираат на интернет, и така се обиде да ја намали важноста на традиционалните медиуми. Слободан Георгиев смета оти тоа е бесмислено. "Вучиќ точно знае што ќе се појави во големите медиуми, кои се под негова контрола, и нему тоа на некој начин и му е здодевно. А го нервира тоа што не може да го контролира интернетот, и тогаш тој некој вид фрустрација се обидува да го претвори во некоја своја предност, од типот 'Еве таму луѓето ги дознаваат сите информации, делат информации, луѓето знаат сè што се случува'."