��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ПОСТХУМНО ПОТСЕТУВАЊЕ НА НОВЕ ФРАНГОВСКИ

"Собитија" се состои од два дела, првиот на минијатури од последната негова апстрактно-експресионистичка фаза, а во вториот уметникот веќе прави пресврт во творечкиот вокабулар, и во него се случува одредено навраќање на фигурата (сè уште предадена со апстрактен јазик), навраќање на човекот, на антропоморфноста - толку својствена за неговите први фази во уметноста и стил по кој оставил свој единствен печат во некогашната југословенска ликовна сцена

Во Музејот на град Скопје, неодамна беше отворена постхумната изложба "Собитија" на академскиот сликар Нове Франговски, на која се презентирани над 110 дела од авторовиот истоимен циклус. Делата Франговски ги создавал во последните 10 години, но не и беа познати на пошироката публика.

Многубројна публика присуствуваше на отворањето на изложбата, на кое говореа Томислав Микулчиќ, в.д. директор на Музејот, историчарката на уметност, Викторија Васева-Димевска и Ана Франговска, кустос и ќерка на Нове Франговски.

Со поставката се опфаќа еден специфичен дискурс од развојот на творештвото на овој значаен македонски современ уметник, неговиот најнов циклус дела, по кои Франговски досега не е познат на пошироката јавност, а во дадениот контекст ќе даде едно поинакво светло за неговиот уметнички развој.

- Последниот творечки опус на Франговски е своевиден творечки рекапитулар по долгата авторска и животна патека, создаден како амалгам на сите научени и стекнати визуелни сензации и доживувања - велат од музејот.

"Собитија" се состои од два дела, првиот на минијатури од последната негова апстрактно-експресионистичка фаза, а во вториот уметникот веќе прави пресврт во творечкиот вокабулар, и во него се случува одредено навраќање на фигурата (с? уште предадена со апстрактен јазик), навраќање на човекот, на антропоморфноста - толку својствена за неговите први фази во уметноста и стил по кој оставил свој единствен печат во некогашната југословенска ликовна сцена.

Нове Франговски (02.08.1939, Галичник - 25.03.2017, Скопје), беше еден од најекспонираните претставници на средната генерација ликовни уметници во Македонија.

Основно образование и училиште за применета уметност (вајарски оддел) завршил во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности (оддел сликарство) во Белград, 1966 година. За време на студиите излагал на повеќе студентски изложби, а во 1965 година се појавува и на "Октобарски салон" во Белград. Член е на ДЛУМ од 1967 година.

Во 1965 бил на студиски престој во СССР. Потоа, во 1973 бил на специјализација на Академијата за убави уметности во Рим. Други студиски престои: 1977, Париз, како добитник на стипендијата "Моша Пијаде"; 1992, Чешка; 1997, Париз.

Овој евалуиран и докажан сликар (застапен и во изданието "Umetnost na tlu Jugoslavije", од едицијата "Slikarstvo XX veka", застапен и во колекциите на нашите водечки установи од областа на современата уметност, во 1990 ја основа Ликовната колонија "Галичник" со интернационален карактер. Има реализирано над 20 самостојни изложби во Скопје, Куманово, Охрид, Велес, Струмица (Македонија), како и во Бор, Белград, Нови Сад, Рим, Сараево, Париз, Нирнберг, Истанбул, а учествувал на огромен број групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство. Добитник е на наградите: 1969 - Награда за сликарство на изложбата "25 Години АСНОМ"; 1982 - Награда "Нерешки Мајстори" на Годишната изложба на ДЛУМ; Награда "Никола Мартиноски" на изложбата ДЛУМ - цртеж 83".

Со своето плодно, неколкудецениско творештво, Франговски придонесе во дефинирањето на македонската нова фигурација, работејќи во повеќе стилови на теми со ангажирана социо-политичка димензија. По фигуративната фаза ќе се занимава со апстракција, се до последните години, кога успеа да ги спои апстрактниот жар со асоцијативната фигурација. Негови дела се вклучени во значајни домашни и светски колекции, а трагата што ја остава во домашното сликарство, поради силното уметниково чувствување на реалноста, е моќна и бележита. Голем е неговиот придонес и во афирмацијата на македонската култура и уметност во светот со формирањето на Ликовната колонија во Галичник, која со своето речиси тридецениско постоење, со исклучителен квалитет, претставува една од водечките ликовни манифестации од овој тип во земјата.