��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

НЕКОИ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ИМААТ ПОДРШКА ВО МАНУ, ДРУГИ ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ НЕРВИРААТ

Премиерот Груевски преговара за албанската платформа, граѓанинот Груевски е патриот. МАНУ беше кибицер на сите настани во последните 11 години во земјата, дури и најдраматичните, но затоа станува инспициент на располагање на идниот опозиционерски состав. Дури по поводи за кои академиците претходно вртеле глава - кај албанското јазично прашање да речеме и во 2008 и повод предлогот кој постоел во 2015

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во нашето општество се чини дека се уште либералната јавност има помало влијание на МАНУ отколку што тоа го има Влахов Мицов, човекот кој како пирински дисидент бараше заштита во земјава, но се претвори во дневен уредник на политичките програми на политичките институции. Иако се уште не ја знаеме содржината на декларацијата или сличниот документ кој го готви МАНУ, по повод Декларацијата на албанските партии, која се поставила како тема на дневен ред на Академијата, од настапите на академик Манџуков на ТВ Нова и ТВ Сител, на 9 и 11 февруари, може да се наслути каде ќе дуваат ветровите. И од гостувањето на академик Ќулавкова на ТВ 24 вести, во четвртокот, на 10 февруари, додуша во поширока дебата, па размислувањето беше малку дисперзирано, наслутивме дека нешто е ставено на ринглата на МАНУ по ова прашање.

ВОДЊАНСКИ ПРЕИСПИТУВАЊА И писмото на споменатиот Влахов Мицов, упатено до претседателот Иванов а објавено во медиумите, имплицира дека на Водно тој треба да стави нешто како вето на примената на овој документ во програмата на идната Влада, ако таа се состави. Да не заборавиме дека Иванов уште пред интервенцијата на Мицов (или писмото го добил порано, пред јавноста да дознае за него!) му навести на Заев дека заедно со евентуалните потписи на пратеници кои гарантираат формирање на Влада, ќе треба да му достави политичка програма која тој би ја "преиспитал"...

Навидум, нема ништо чудно во ненадејното будење на МАНУ по важни општествени прашања, какви што се меѓунационалните односи? Па дури и од издавањето на некаков документ кој би сведочел, претпоставуваме, во корист на заштитата на македонскиот јазик како официјален и единствен во земјава. Ама спорен е моментумот, бидејќи,е' расонувањето се совпадна со пропаста на коалицирањето на старите партнери во власта, ДПМНЕ и ДУИ! Го немаше во декември, кога оваа тема беше актуелна, па потоа во јануари, ама февруари "се погоди"!

Ова само значеше дека и МАНУ влегува во одбрана на делото и ликот на Груевски и екипата, бидејќи, се што е резултат на неговото владеење нема во МАНУ дежурен опонент а и кога го има тоа е само на "дневна база", каков што беше случајот со претераното задолжување на земјава и оној фамозен и незаживеан бројчаник на долгови на Таки Фити. Кога се во прашање други политички коалиции во земјава работите се гледаат "темелно", дури и во овој "јазичен случај", кој, како што рече Ќулафкова постоел и во август 2008 година, кога, да додаме нешто не се сеќаваме дека МАНУ мрднал со прстот. Тој случај имал и своја репетиција пред некое време, кога се готвел законски проект кој е со доста посвеж датум (2015). Предлогот близнак со Декларацијата на албанските партии постоел а МАНУ или не знаела или не реагирала. Во секој случај, МАНУ морала да знае за неговата содржина по својата позиција во општеството?!



ПОТСЕТУВАЊЕ Да се потсетиме на овој момент малку поодблизу. Платформата на ДУИ за албанските прашања не е новост за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, откри Нова тв, користејќи се со официјалните документи, објавени на страницата на Владата. Не само што не е новост, туку од позиција на премиер Груевски во детали преговарал за точките од актуелната платформа која станала владин нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од Платформата. Она што го спречувало донесувањето на актот во тоа време бил стартот на "бомбите", земјата влегувала во сериозна криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата, објаснуваат во оваа телевизија, дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали, што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ!

Значи голема е веројатноста сите услови кои лидерот на ДУИ,Али Ахмети им ги поставуваше најпрвин на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, кој ги прифатил, велат од Мала Речица, и сега на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ. ДОСТАПЕН И ОФИЦИЈАЛЕН ДОКУМЕНТ Само што тогаш ги немало ниту МАНУ, ниту Влахов Мицов, ниту се слушало некакво мрморење од претседателската палата. Текстот во документот, како што го претстави оваа тв куќа, нема никаква федерализација, кантонизација, поделба на државата, туку има само услови поставени во Охридскиот рамковен договор, иако нема ништо од она што потоа биле приоритети со Договорот од Пржино. Тој документ и стои во владиниот документ кој е достапен на веб страната на владата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.

Во извештајот на 273 страници направена е детална анализа, донесени се заклучоци и дадени се препораки за целосна имплементација на Рамковниот договор.

При изготвувањето на документот насловен како "Преглед на Охридскиот договор за социјалната кохезија" учествувале шест владини работни групи, под мониторинг на ОБСЕ и Европскиот институт за мир на Питер Фејт. А потоа, извештаите биле презентирани и дискутирани со невладините организации, академски институции и политички партии во текот на октомври и ноември 2015 година. Темите за кои се донесени заклучоци и насоки се: децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20 отсто во населението.



ДЕФИНИРАНО Тоа значи дека употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година. Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува "да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор".

Платформата од Тирана е значи копија на македонскиот владин документ! Премиерот Груевски преговара за албанската платформа, но граѓанинот Груевски е патриот.

САНУ ИЛИ МАНУ Што рече ВМРО-ДПМНЕ за платформата деновиве? Во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека "платформата на ДУИ е обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор". "Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор. Со цел да не се донесе земјата во уште посложена ситуација, а имајќи во предвид дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на Пандорината кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа.

Оттаму, реакциите на поединци институции се проценуваат како тактички спој со потребата на Груевски да има силно опозиционо оружје уште пред да седне во Парламентот во опозиционото столче. Манџуков посебно паѓа во очи. Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов дури неговото гостувањето на две провладини телевизии го нарече "срамно" Спасов истакна дека "академикот Митко Маџунков ги презентираше ставовите на Српската академија за наука и уметност за Албанците, како свои. Во интервју емитувано во централниот дневник на Сител, Маџунков целосно се согласи со ставовите на Латас за тоа што значела Платформата на политичките партии за состав на влада".

Што се забелешките за настапот на Манџуков: Најпрвин, Платформата на политичките партии ја нарекол "ултиматум пред војна". Таа нему, како и на Латас, му личела на Призренската лига. Албанците во Македонија и до сега ја имале половина од власта а сега ја сакале сета власт во Македонија! Понатаму, како "втор проблем" Рамковниот договор бил бомба ставена во Македонија. Во Уставот требало да стои "Македонија е држава на македонскиот народ". Не можело Албанците или припадници на некоја од другите етнички заедници да бидат државотворен народ.

Трето: за промена на името не смеело да се разговара. Албанците немало што да учествуваат во разговори со Грција или со Бугарија за прашања од македонски национален итерес.

Четврто, констатира Спасов, Маџунков е убеден дека Иванов нема да му го даде мандатот на СДСМ за да може тој да состави влада, ако СДСМ не гарантира одбрана на македонските национални интереси како тој и Латас што ги подразбираат. Но, Заев му е сомнителен

Има и нешто "петто". Ако СДСМ ја прифати Платформата на Албанците и формира влада, "со ДУИ ќе има војна".

Потсетени сме од страна на Маџунков дека тој веќе подготвил подолг текст во врска со најновите политички настани и ќе барал од МАНУ да завземе "исправен" став. Веројатно Маџунков мисли на онаков став каков што завземаше САНУ во времето на Милошевиќ и на Добрица Ќосиќ. А тоа може и го посакуваат и очекуваат некои од лидерите на ДУИ.