��oj 275   31.07.2012
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

РОЗВЕЛ КАКО ВСЕЛЕНСКИ ВОТЕРГЕЈТ

Пред 65 години се случи највозбудливиот настан на релација вселена - Земја! И до ден-денес не е јасно што се сокрила Армијата на САД во таа, можеби единствена можност да ја најдеме нашата еволуциска папочна врпца

ДАВИД РАВАЗОЛ

Вечерта од 2 јули 1947 година, околу 9:30, чиниш бура ја навјасала пустината на Ново Мексико, се сеќавал Вилијам Бразел (48), фармер кој одглeдувал овци на ранчот Фостер. Тој живеел во една кабина без вода за пиење или електрична енергија, што се наоѓала сто километри северно од малиот град Розвел. Најблискиот сосед - Проктор, живеел оттаму 15 километри.

ЛУЊА Одеднаш, среде бурата, место линиите на громовите Вилијам здогледал на небото прстени, кои давале звук многу посилен од вообичаениот татнеж на невремето. Бразел, навикнат на гневот на природата во оваа дивина, забележал дека ова што го гледа, до тогаш го нема видено.



Уште било почудно кога следниот ден, фармерот открил чудни метални остатоци. расфрлани во сите насоки наоколу, меѓу себе оддалечени по неколку стотици метри. Стадото овци што го довел до пасиштето, каде вообичаено било напасувано и претходно, одбивало да ја премине областа. Бил Бразел зел некои од парчињата и заминал кај најблиските соседи, Флојд и Лорета Проктор, да им го покаже своето откритие.

Бразиловци, обично многу молчеливи, покажале ентузијазам и исклучителна љубопитност. Бил го убедувал Флојд Пректор да дојде до местото каде што тој ги видел остатоците од "нештото", за и тој да земе остатоци.

Наскоро вестите се рашириле меѓу локалните фармери кои доаѓале на споменатото место и земале примероци за сопствено истражување и собирале елементи од оваа мистериозна сложувалка. Според неколку податоци, сите остатоци кои биле кај фармерите армијата ги собрала и ги задржала за себе во наредните денови.



ШЕРИФ На 6 јули Бил Бразел одлучил да го достави неговото откритие на обласниот шериф Џорџ Вилкокс. Заеднички договориле да ја алармираат воената база во Розвел и се сретнале со тројца офицери: полковникот Бланшар, командант на воената база, мајорот Џеси Марсел, разузнавачки офицер, а таму бил и капетанот Шеридан Кевит. Истата вечер, остатоците се испратени до Пентагон, во Вашингтон. Ова било веќе вторникот, на 8 јули, кога портпаролот на базата - Валтер От, објавил сензационална изјава, диктирана од полковник Бланшар:

"Многуте гласштата во врска со летање на некакви светлечки дискови станаа реалност вчера, кога разузнавачките служби на групата на 509-та воздухопловна единица во Росвел, дојдоа во посед на чинија со помош на еден локален фармер и на канцеларијата на шерифот. Летечкиот објект слетал крај еден ранч во близината на Росвел, минатата недела. (...). Објектот е земен од ранчот и се проверува во базата Росвел".



Изјавата е испратена до два локални весници и радио станици, каско и станиците со поширок дострел - KGFL и KSWS. Веста предизвикала шок и заради бранот на други, претходни исто такви важни видувања на летечки чинии во изминатите две недели и по првиот документиран материјал - видување на НЛО и медиумското покривање во дваесеттиот век, од страна на Кенет Арнолд, од 24 Јуни 1947. Овој бизнисмен, авијатичар - ветеран, видел од неговиот неговиот CallAir А-2, додека летал во близина на планината Рение, девет летечки објекти кои се движеле како "чинии кои се одбиваат од водата." Споредба, лошо транскрибирана од страна на новинската агенција, доведува до првото појавување на терминот запомнат од потомството како "летачката чинија".

Од 24 јуни таа година, сведоштва од луѓе кои тврдат дека го виделе "летечки чинии" се зголемувале.

КОНФУЗИЈА Во соопштението на американските воздухопловни сили од базата во Розвел стои хипотезата дека таа е дел од постојната треска. До вечерта стигнува голема разочарување. Армијата "признава" дека постои неверојатна конфузија во нејзните редови и дека "летачката чинија" била обичен балон.

Рејми, командант на Осмиот воздухопловните сили во Форт Ворт, Тексас, ги зел работите во своја рака. Тој организирал прес-конференција за време на која им покажал на новинарите ленти и листови од алуминиум, легнати на трска, кои претходно биле балон во комбинација со радар, па потоа паднале на местото на несреќата. Никој не се сомневал во официјалната верзија на армијата и сензацијата пукнала како меур.

Така било се до 1978 година, кога уфологистот Стентон Фридман го интервјуирал мајор Џеси Марсел, кој од првата армиска група пристигнал на местото на несреќата. Тој ја напуштил активната служба во 1948 година, откако бил унапреден во потполковник. Тоа бил огаш, во 1089 г. еден стар човек, на возраст од 71 година, кој ја отворил Пандорината кутија: Џеси Марсел вели дека е убеден дека остатоци собрани на ранчот Фостер не биле оние налик на балонот од тогашниот армиски прес и дека генерал Рејми му рекол дека негова должност е да молчи за она што навистина го видел! Тој ги повторил геераловите зборови пред телевизиските камери, а во еден свој напис, објавен од страна на Боб Прат во 1979 година во "National Enquirer", опишал: "Наидовме на метал, мали парчиња од метал, но најмногу најдовме некои материјали кои се тешки да се опишат. Никогаш не сум видел нешто слично на ова, и јас се уште не знам што е тоа ", вели тој во интервјуто. Тој додава дека некои знаци се впишани на остатоците: "Нешто неразбирливо. Лично јас никогаш не сум видел нешто слично на ова. Ги нарекувам нив хиероглифи. Јас не знам дали тие некогаш биле дешифрирани или не ".

АРХЕОЛОЗИ А тоа телевизиско интервју со Џеси Марсел предизвика поплава од нови сведоштва следната година. Стентон Фридман и Чарлс Бертиц ја напишаа првата книга за мистерија Розвел - "Судир на Корона". Луѓе се разборуваа, напишаа многу книги и приказни кои се поврзани меѓу себе, често индиректни, а понекогаш и контрадикторни, кои просто се размножуваат.

Во своето интервју за "National Enquirer", Џеси Марсел имав спомнато друга област покриена со остатоци "западно од Каризозо". Приватните инспектори, убедени дека тие се соочуваат со "Космичкиот Вотергејт", како што гласи насловот на бестселер од 1981 г. од Вилијам Л. Мур и Стентон Фридман, ја следат оваа патека и да откриете дека тим од археолози биле присутни на местото на втора несреќа, што се случила речиси во исто време со несреќата во Розвел и која требала да сведочи за друг, паралелен судир во воздухот меѓу два воздухоплови. Конечно, "алиените" влегле во игра.

Наводно археолозите се нашле лице во лице со телата на мали суштества со сива кожа, па дури наводно имало и еден преживеан. Еден undertaker од Розвел "открива" дека армијата наредила ие тела да се стават во мали, запечатени сандаци. Ова укажувало дека најмалку една третина пд областа била под влијание на вонземјани и покриена со сили на армијата нас САД.

Постепено, Росвел се претвора во неверојатно слоевита торта од која секоја има засебна приказна за нпознатите што дошле од вселената. Некои од нив се набвситина вознемирувачки, а другите се дискредитирани од страна на темелните истражувачи.

Во првата категорија, ние можеме да ги класифицираме признанијата на Волтер От, човекот кој го напиша воениот рапорт со елементи за откритието на "летачката чинија". Иако беше негиран тој ја потврди хипотезата за несреќата на НЛО, дури и на својата смртна постела и тоа пред нотар, со писмена изјава во која вели дека материјалите кои ги видел и ги имал Џеси Марсел не се оние кои потоа се снимени и фотографирани од новинарите во канцеларија на генерал Рејми. Ништо од собраниот материјал таму не е презентиран! Тој е убеден дека се работи за материјалот кој бил некој вид на вселенско летало. Тој се заколнал дека дава вистинита изјава неприсилен или непоткупен од никого.

ОБВИНУВАЊА Американските воздухопловни сили не можеа долго да молчат, соочувани со постојани и сериозни обвиненија за прикривање на најважниот настан во историјата на човештвото. Во 1994 година, армијата пушта верзија дека несреќата во Розвел всушност крие ултра-таен шпионски објект кој требал да ги шпионира советските нуклеарни тестови, односно дека се работи за објект од т.н. Проект Магнат. Остатоците што биле пронајдени биле сет од топки, направени на необични материјали, со што се објаснува почетната конфузија поврзана за некакава можна индустриска дејност која доаѓа од некој друг свет. Покрај тоа, воздухопловните сили тврдат дека експериментот ја вклучувал употребата на балони кои имале кукли во форма на мали луѓе, како дел од трениг за идни падобранци кои учеле како на најдобар начин да се подготви теренот за пилоти или астронаутите, доколку тие би морале да го исфрлат товарот на голема надморска височина.



"Во 2004 година, армијата има дури и објавено обемна работа под наслов Инцидентот Розвел: случајот е затворен", со што се сакало да се стави крај на гласиштата.

Ова не наиде на некаков силен одглас кај подржувачите на вселенскиот Вотергејт. Во 1995 година, армијата посредно издаде филм кој требаше да ја демистифицира целата сторија. Ова е направено преку познатата аутопсија, пренесена на филм, издаден во Франција, најавуван со големи фанфари во емисија на Жак Прадел - "Одисејата на чудесното". Лекарите под наводно обезбедување и низ црно бели слики покажуваат како форензичари - хирурзи сецираат нешто налик на нечовечките суштества, кои имаат пресилни црти на објекти од пластика! Филмот генерира нешто повеќе од смеа, цинизам и одманувања со рака и во 2006 година продуцентите мораа да откријат дека се работи за измама, која, на крајот на краиштата ја зголеми скепсата кон приказните на уфолозите, што значи дека е филм со наменски дефект! Производителите на серија од Б категорија Реј Сантили и Гери Шефилд признале дека филмот е лажен, односно дека влагата го направила неуверлив?!

Ова видео, како такво значеше пресвртна точка во градењето на легендата roswelienne, со засидрувањето на сторијата во постојано популарна култура.

Денес, Росвел останува мека за фановите на НЛО, останува и исклучително профитабилна дејност за малиот и не без шарм град со 48. 000 жители. И анкетите на посетителите, правени периодично од National Geographic (последната е од ланскиот јуни), покажува дека 80 отсто од Американците веруваат дека нивната влада ја крие вистината за НЛО.

Најновата хард кор хипотеза ја изрече Чејс Брендон, поранешен оперативец на ЦИА, кој дури стана консултант во Холивуд, кој вели дека странско вселенското летало навистина се урнало во Росвел. Тој рече дека доказите ги имал во рака и дека тие се чуваат во архивите на ЦИА, без наведување на нивната точната природа: "Тоа нешто секако не беше метероролошки балон. Тоа беше токму она што луѓето на почетокот на настанот го имале пријавено. Тоа беше вселенски бродот кој не е од оваа планета. За мене тоа беше моментот што го потврдува сето она што се верува, го потврдува и она што многу други луѓе го сметаат за вистинито" - изјави тој во интервјуто за "Хафингтон пост".