��oj 158   27.04.2010
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број



Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 156

Број 155

Број 154

Број 153

Број 152

Број 151

Број 150

Број 149

Број 148

Број 147

...

04

LIFESTYLE: Марија Каева

Постмодерен анти-модел

Марија Каева, пеачка, музичарка, текстописец и радио-водител е и „новото лице“ на изложбата на „анти-модна“ фотографија на Кире Галевски во перформансот „ID“ на студиото за моден дизајн Чарли

Идејата на „ID“ е изразување на индивидуалноста и бегство од стереотипите: наместо кукли – индивидуи, наместо модна фотографија – „анти-модна“. Во овој концепт совршено се вклопи и „анти-моделот“ Марија Каева, позната по нејзината индивидуалност и специфичен начин на изразување.

Каева ја паметиме по дуетот со Александар Ристески - Принц во песната „Фројд е жив“. Оттогаш поминаа десет години. Во меѓувреме Марија се посвети на радиото како медиум одржувајќи го контактот со музиката. 6 години работеше како радио водител во Сити Радио и Kлуб ФМ, а сега е музички соработник и водител на независното радио Канал 103.

Минатата година Марија му се придружи на новиот бран македонска музика предводен од издавачката куќа PMG Recordings за која го објави своето прво официјално издание „4 Инциденти“. Во моментов Каева е самата менаџер на своето време и го користи за довршување на студиите по филозофија и работа на нов музички материјал за нејзиниот прв соло албум.

Tекстот го напиша: Билјана Црвенковска

Арт-директор: Кире Галевски

Computer handling: Гоце Цветаноски

Фотографијата е направена на 20 април 2010 година во Скопје