��oj 108   12.05.2009
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број

Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 106

Број 105

Број 104

Број 103

Број 102

Број 101

Број 100

Број 99

Број 98

Број 97

...

04

LIFESTYLE: Жанета Гелевска Вељаноска

Бои и нијанси

Жанета Гелевска Вељаноска - Жани ликовен уметник од Македонија, веќе подолго време гради успешна кариера во Лондон, нејзините дела се изложувани во повеќе од 15 земји, а во моментов се подготвува за уште една самостојна изложба во Франција.

Кариерата на Жани започнува во Скопје, како студент на ликовната академија, која ја завршува во 1989 година. По повеќе самостојни и групни изложби, во 1999 година Жани е поканета да изложува во престижната галерија Blains Fine Art Gallery во Мејфер, Лондон, а набргу потоа се сели во Лондон, каде во моментов работи и креира.

Во нејзините дела, Жани експериментира правејќи специфичен микс од различни материјали, кои даваат посебна форма на сликите, како и комбинација на живи бои и нијанси - во што се состои и препознатливоста на оваа уметничка. Како што самата вели, инспирацијата ја зема од секојдневните искуства, доловувајќи ги во своите дела релациите помеѓу јавниот и приватниот простор, сеќавањата од минатото и визиите за иднината.

Скопската публика имаше можност да ја проследи последната соло изложба на Жани минатата година, во Културно информативниот центар во Скопје, додека нејзините дела се дел од постојана поставка во Македонската амбасада во Лондон. Ние и посакуваме многу успех на Жани на претстојната изложба во Франција.



Tекстот го напиша: Билјана Црвенковска

Арт-директор: Кире Галевски,

Computer handling: Гоце Цветаноски,

Фотографијата е снимена е во четврток 30 април во Лондон.