��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

УЧИТЕЛСКА ШКОЛА: "СКОПЈЕ 2014" ПРОТИВ ОПШТИНА "ЦЕНТАР"

Факт е дека Општина Центар сега и да сака нема да може да ја спречи изградбата на старата учителска школа. Во случајов, се' е во рацете на централната власт. Станува збор за "градба од посебен интерес" и сите ингеренции се во Министерството за транспорт и врски, а изработката на проектот, изборот на изведувач и слично ќе го спроведува Владината служба за општи и заеднички работи

ВАСКО МИЛАНОВ

Една од формите преку кои Владата на РМ, преку својот проект "Скопје 2015" влезе во нова војна со раководството на Општина "Центар" е одземањето на дворот на скопската комуна. Тоа се најави уште пред неколку години кога македонската влада со нов објект го узурпираше дворот на скопската општина Центар? Поконкретно - владината служба за општи и заеднички работи го избра идејното архитектонско решение за изградба на Стара учителска школа во центарот на Скопје. На распишаниот владин Конкурс биле поднесени само три авторски труда, од кои два се откупени.

Првиот откуп во висина од 350.000 денари е доделен за изработено решение на авторот Петар Стошиќ, додека вториот откуп од 250.000 денари го добила авторката Калина Герасимова. Идниот објект од "Скопје 2014" би требало да има образовна намена, при што во него би се сместиле Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и Ликовната академија од штипскиот Универзитет "Гоце Делчев", пренесе порталот Билд.

Маркицата за објектот е нацртана со владина одлука. Одобрението за градба ќе го издаде Министерството за транспорт и врски

За поголем дел од читателите веројатно е малку познат историјатот на Учителската школа. Истата е инакуизградена уште во време на турската окупација.

Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Pa?a), роден во Багдад, доаѓа во 1820 година во Скопје за скопски валија. Меѓу другото ,неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште "Идадија" во близина на Градскиот парк, кој е исто така е негово дело, во тоа време познат под името "Ислахански парк".

Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.

Набрзо потоа се претвора во гимназија, а во 1898 г. во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година таму завршиле 287 ученици.

На 9 април 1909 година турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграле и првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.

На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.

Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.

Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.

Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа "Никола Карев" - Скопје.

Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила. Во 1962 година реката Вардар по втор пат го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година зградата се урива,, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.

Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.

Портата на старата Учителска школа, која наоѓа во дворот на Општината Центар се обновуваше од време на време.

Денес пред порталот младенците се фотографираат за спомен, откако ќе излезат од регистрацијата во матичната служба, која се наоѓа во непосредна близина.

Факт е дека Општина Центар сега и да сака нема да може да ја спречи изградбата на старата учителска школа. Во случајов, се' е во рацете на централната власт. Станува збор за "градба од посебен интерес" и сите ингеренции се во Министерството за транспорт и врски, а изработката на проектот, изборот на изведувач и слично ќе го спроведува Владината служба за општи и заеднички работи. Од Општина Центар, потврдуваат дека во случајов тие немаат никакви ингеренции. Убедени се дека не случајно објектот се третира како "градба од посебен интерес" и поради тоа и потребниот урбанистички план, како и дозволата за градба е во рацете на централната власт, односно ингеренциите се во Министерството за транспорт и врски. Министерството, со владина одлука, со урбанистичка планска документација има предвидено маркица за градба. Притоа, објектот, потенцираат од Центар, нема да се гради на местото на сегашните општински бараки, туку непосредно до нив, во дворот на Генералштабот на РМ. Дозволата за градба ќе треба да ја издаде Министерството за транспорт и врски.

Од Центар велат дека ова е уште еден случај Владата да направи упад во ингеренциите на Општината и да го одземе земјиштето преку соодветна владина одлука.

"Поради тоа, уште во 2015 година градоначалникот на општина Центар поведе иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на таквата одлука. До ден денес, Уставниот суд се нема произнесено по ова прашање. Ист таков упад, Владата направи за уште две парцели во Центар, односно во парцелата на која се наоѓа Станбеното претпријатие и во парцелата на бараките на Град Скопје", велат од Општината.

Инаку, во неколку наврати беше промовирана владината идеја за изградба на Старата учителска школа. Планот е во Скопје да бидат "преселени" и предавачите по класично сликарство од Украина и од Русија, кои во моментов предаваат на Ликовната академија на штипскиот универзитет. Владата замислила да ги спои во исти простории студиите од Штип, кои се стари само неколку години, со оние од Факултетот за ликовна уметност.