��oj 72   02.09.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број

Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 70

Број 69

Број 67-68

Број 66

Број 65

Број 64

Број 63

Број 62

Број 61

Број 60

Број 59

Број 58

Број 57

...

04

LIFESTYLE: Рахим Бурхан

Театарски султан

Рахим Бурхан, човек чие име влезе во светските антологии на современата театарска режија, има планови да режира низ половина Европа. Во родното Скопје уште никој не' го поканил.

Кариерата на Рахим Бурхан, театарскиот режисер кој од ромското културно-уметничко друштво „Пралипе“ од Скопје успеа да направи еминентен европски театар, човек чие име влезе во светските антологии на современата театарска режија, кому му се даваа и даваат епитети како „ромски театарски крал“, секогаш била номадска. Диспропорцијата меѓу комплиментите и реалните услови за преживување секогаш била огромна. И сега, за време на својот престој во својот роден град, во Скопје, човекот чија адреса е некаде во Германија, ни ги објаснува плановите. Во Словенија ќе го режира нобеловецот Орхан Памук, во Приштина ќе го работи „Тартиф“ заедно со нашиот Бајруш Мјаку, за Будва подготвува еден антички текст, предизвик му е да направи мјузикл со работен наслов „Мама Есма“, по животописот на Есма Реџепова, сака да ја обнови култната „Соске“ (Зошто?) на „Пралипе“ но овојпат како „Соске Сараево“...

Само во родното Скопје го нема и само тука не се сеќаваат на него. Последен обид за соработка имало пред повеќе години кога директорка на Драмскиот театар била Лилјана Велјанова. Тогаш Бурхан требало да ја постави „Домот на Бернарда Алба“ на Лорка (патем Бурхан е еден од најдобрите познавачи на Лорка кај нас), но дошло до некоја директорска смена и проектот – пропаднал. Можеби и ние еден ден ќе уживаме во мајсториите на султанот меѓу театарските донкихоти.



Текстот го напиша: Ѕвездан Георгиевски

Арт-директор: Кире Галевски

Aсистент на фотографија: Филип Херин

Computer handling: Гоце Цветаноски

Фотографијата е снимена во среда во Скопје, на 27 август 2008 година

Благодарност до кафулето New Age