��oj 98   03.03.2009
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број

Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 96

Број 95

Број 94

Број 93

Број 92

Број 91

Број 90

Број 89

Број 88

Број 87

...

04

LIFESTYLE: Сашо Мацановски Трендо

Милионерот во тренд

Сашо Мацановски Трендо, водител на квизот „Кој сака да биде милионер“, по стотина емисии од овој телевизиски производ и уште околу 20.000 Интернет-статии, се' уште е во тренд.

Британскиот филм „Милионер-бездомник“ на Дени Бојл ги освои срцата на членовите на Американската академија за филм, што значи дека освои осум „оскари“ и, што е уште поважно, значи дека ќе ја освои и светската публика. Еден од продуцентите на филмот е „Селадор“, продуцентската куќа што го измисли квизот „Кој сака да биде милионер“, и која се надева дека со овој филм повторно ќе го врати сјајот на својот квиз-бренд.

На нашиот „Милионер“ не му недостасува популарност. Напротив, и по сто емисии, гледаноста е прилично голема. Еден од најзаслужните за овој успех, секако, е Сашо Мацановски-Трендо, водител и заштитен знак на овдешниот „Милионер“. Трендо своевремено работеше како уредник на информативната програма на Сител и на Канал 5, а го помнат и по емисиите „Балкан експрес“ и „Валкан експрес“, што ги работеше заедно со Логин Кочишки. Според него, има околу 200 колумни и околу 20.000 статии на on.net.mk, една од најпопуларните македонски Интернет-страници. Трендо се смета за татко на македонското блогерство (само што децата како да не тргнаа во насоката што ја сакаше таткото). Вели дека за да те знаат кога пишуваш, потребно е луѓето да бидат писмени, а ако си водител на „Милионер“, доволно е да имаат телевизор.

За разлика од „Милионер-бездомник“, Трендо има дом, сопруга, дете, две гитари, џубокс и 60 сингл-плочи во него.


Tекстот го напиша: Ѕвездан Георгиевски

Арт-директор: Кире Галевски

Computer handling: Гоце Цветаноски

Фотографијата е снимена во четврток, на 12 февруари 2009, во Скопје.