��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА ВО МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР

Пацифизирање на постојните критички организации кои власта ги смета за проблем започна токму во медиумскиот сектор

Термините владини - невладини организации ГоНГО или партиски невладини организации ПоНГО ретко се користат во Македонија. Наместо овие термини се користат зборовите како "паралелни" или "контра-здруженија". Но, независно од придавката, основната намена на таквите организации е секаде иста - да ги пацифизираат постојните критички организации кои власта или одредена партија ги сметаат за проблем.

Кај нас тој метод што кулминира со формирањето на фамозната организација Стоп операција Сорос се чини започна да се применува токму во медиумскиот сектор.

МАН Е ОПОНЕНТ НА ЗНМ Документите и сведоштвата врз кои се базира истражувањето на ССНМ на оваа тема покажуваат дека паралелните медиумски организации во Македонија се обновени или воспоставени токму за да го замолкнат гласот на медиумските организации кои се критични кон политиките на власта.

Во екот на дебатата и отпорот за медиумските закони во 2013 година, една дотогаш неактивна новинарска асоцијација - МАН регистрирана во 2002 по повеќе од децениско хибернирање повторно оживеа и гласно застана зад намерата на власта да воведе Закон за медиуми.

Македонската асоцијација на новинари е формирана во ноември 2002 година, два месеца по парламентарните избори на кои дојде до промена на власта и дотогаш владејачката ВМРО ДПМНЕ премина во опозиција. Според зборовите на колегите кои учествуваа во формирањето на МАН, оваа асоцијација е резултат на незадоволството во новинарските заедница од работењето на ЗНМ во тој период.

Пацифизирање на постојните критички организации кои власта ги смета за проблем започна токму во медиумскиот сектор



ПОД ПОКРИВОТ НА БОЈО Адресата на ова здружение од тогаш до денес не е сменета - Булевар "Свети Климент Охридски" бб во Скопје или како што се прецизира во Службениот весник каде што е објавена регистрацијата, станува збор за адреса на редакцијата на неделникот "Национал".

За претседател на МАН во првиот состав е избран Илија Максимовски, кој беше и сопственик на неделникот "Национал" и на чијашто адреса се регистрира здружението. Станува збор за канцеларии во внатрешниот дел на објектот на некогашна "Нова Македонија" каде што денес е Европскиот универзитет на Бојо Андревски, кој е сопственик и на дневниот весник "Вечер" чиишто канцеларии се во истата зграда.

Оваа адреса останува официјалната адреса на МАН. Меѓутоа, ако субјектот за заштита на правата на "седмата сила" го побарате на таа адреса, нема да наидете на никаква табла или натпис што би упатувале на него. Се обидовме да ги најдеме канцелариите и преку телефонскиот именик на "Телеком", но оттаму велат дека на посочената адреса нема новинарска асоцијација. На интернет страницата на МАН како телефон за контакт е оставен мобилниот број на претседателката Слаѓана Димишкова.



АДРЕСИ, АДРЕСИ... Како адреса за контакт во врска со официјалната веб страница на организацијата е наведена електронската адреса latas@me.com. Павловиќ - Латас е генерален сектретар на МАН уште од неговото основање како што е наведено на старата веб страница на асоцијацијата.

Во Извршниот одбор на МАН од неговото основање е и Дејан Николовски (НЕТПРЕС).

Актуелниот состав, според веб страницата на МАН, ги вбројува и Ивона Талевска (ТВ Сител), Маја Дамјановска (ТВ Канал 5), Градимир Марковски (ТВ Нова), Катерина Нешкова (Дневник) , Ѓорѓи Томиќ (ТВ Канал 5), Мартин Пушевски (МРТВ) и Филип Момировски (ТВ Сител). Потпретседатели се Цветин Чилиманов (МИА) и Петар Ѕалев (МРТВ), а претседател е Слаѓана Димишкова (ВЕСТ).

Претседателката Димишкова ја добивме на нејзиниот мобилен телефон и ? испративме прашања на кои се согласи да одговори, а се поврзани со работата на МАН и состојбата во новинарството во земјава. Но, одговори од неа или од кој било од членовите на МАН, сепак, не стигнаа.



МЕДИУМСКИ ЗАКОНИ И АКТИВИЗАЦИЈА Потпирајќи се на достапните документи како што е Статутот на МАН објавен на нивната веб страница, видливо е дека последното Собрание било одржано на 16 март 2012 година.

Во реактивирањето учествувале 20-тина новинари меѓу кои и Мирка Велиновска, Јанко Илковски, Дејан Николовски и Градимир Марковски.

По неполн месец веќе на 14 април 2012 новото раководство на МАН тврди дека има "бројно новинарско членство" и испраќа писмо до Владата во кое бара услови во кои "достојно ќе ги застапува".

Поточно, тие бараат да учествуваат во дијалогот на ЗНМ со Владата и право да предлагаат свој член во СРД, или во најмала рака да го дели мандатот со членот предложен од ЗНМ.

Причините и мотивите за враќањето во живот на МАН се кријат во прислушкуваните разговори содржани во "бомбите" на Заев. Во време додека ги објавуваше Заев на првите луѓе на ССНМ и ЗНМ им посведочи дека постојат низа разговори од кои е јасно дека целата операција за формирање и дејствување на МАН е во координација со власта.

БОМБИТЕ Според сознанијата на ССНМ меѓу предадените материјали на Специјалното јавно обвинителство постои посебна папка насловена како "МАН" во која се снимени разговори на високи претставници на власта и новинари кои учествуваа во етаблирањето на оваа асоцијација како контратежа на ЗНМ.

Во време додека ги објавуваше "бомбите" Заев на првите луѓе на ССНМ и ЗНМ им посведочи дека постојат низа разговори од кои е јасно дека целата операција за формирање и дејствување на МАН е во координација со власта

Но и без таквите докази, што засега се скриени од очите на јавноста, времето на формирање и начинот на делување се доволни показатели за природата на ова паралелно здружение.

Имено, обновувањето на МАН се случува во период во кој беше планирано усвојување на првиот Закон за медиуми, во тоа време во надлежност на Министерството за транспорт и врски под раководство на Миле Јанакиески.

НАВИДУМ ЈАВНОСТ Обидот за полутајно протнување на тој закон заврши соочен со обединет отпор на медиумските организации на јавната дебата одржана во салата "Борис Трајковски" во декември 2011.Тогаш васта навидум се повлече и дозирано на почетокот на 2012 започна да лиферува информации дека законот се подготвува и ќе биде ставен на увид на јавноста.

"Првиот од планираните два брана расправи ќе биде во април. Во дебатите ќе бидат вклучени повеќе медиумски организации, и НВО-а и владата. ", рече Јанакиески 2012 година.

МАН се реактивира токму во пресрет на јавната расправа што ја најави Јанакиески.

На седницата одржана на 16 март 2012 со која претседавал Драган Павловиќ Латас како причина на реорганизација и повторно активирање на здружението се наведува таа да се вклучи, меѓу другото, и во "актуелните настани врзани за легислативата поврзана со работата на новинарите".

Плановите за новиот Закон за медиуми сепак не се реализираа во април, туку темата падна во втор план. С? до почетокот на 2013 година кога министерот за информатичко општество Иво Ивановски комплетно се посвети на усвојување на медиумските закони и кога МАН со нескриена поддршка од власта се наметна како паралелен фактор на Здружението на новинарите и другите медиумски организации што пружаа отпор на законскиот текст.

НЕАКТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕДВИДЕНА СО ЗАКОН Нашата потрага по информации за работата на МАН н? одведе до документ од Централен регистар според кој во 2013 година МАН се води како - неактивна. Станува збор за статус кој најверојатно произлегува од непријавување завршна сметка.

Денес МАН е активна организација, па се чини дека "неактивноста" и тогаш никој не ја сметал за сериозна пречка. Таа на пример не го попречи Министерството за информатичко општество не само да одржува консултации со оваа асоцијација, туку и да се бори таа да има загарантирано столче во составот на новото регулаторно тело - Агенцијата за електронски медиуми и во Советот на МРТВ, како и на сите конференции и средби на кои се говореше за медиумската сфера, меѓу кои и на јавната расправа за законите во Собранието.

МАН кон крајот на 2013 година добива и финансиска помош од градоначалникот на општина Карпош, Стефчо Јакимовски, кој откако стана коалицонер партнер на ВМРО ДПМНЕ, одлучи да донира 500.000 денари или нешто над 8 илјади евра за набавка на ИТ-опрема за асоцијацијата.

СТЕФЧЕ ФИНАНСИРА Оваа одлука беше усвоена без советниците на СДСМ, а Јакимовски не објасни која е целта и оправданоста од парите на жителите на Карпош да се финансира ова новинарско здружение.

ЗНМ во тоа време јавно реагираше по добиените поплаки од регионални центри дека се врши притисок врз вработените да се зачленат во другата новинарска организација.

Во ноември 2014 година ЗНМ и МАН добија законска обврска податоците за членство да ги достават до Министерството за информатичко општество за да се утврди нивната репрезентативност.

Како одеше зачленувањето од МАН најдобро го илустрира сведоштвото на еден колега од телевизија Сител, кој побара да остане анонимен.

"Дојде еден од уредниците, ни подели на сите новинари пристапници што се подразбираше дека мора да се потпишат. Ако одбиеше некој, ќе си направеше проблеми", вели тој.

Епилогот на обновувањето на МАН е што со новите медиумиски закони добија право да предлагаат по еден член во новата Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и во Програмскиот совет на МРТ.

Не ни требаат реформи во медиуми

ПРЕГОВОРИ ЗА МЕДИУМСКИ РЕФОРМИ Активноста на МАН не заврши со усвојувањето на медиумските закони во 2014 година. Оваа асоцијација одигра можеби клучна улога во преговорите за медиумски реформи кои се водеа по договорот од Пржино со агресивно исцрпување на критичката мисла и дефокусирање од вистинските аргументи.

На интернет страницата на Македонската асоцијација на новинари, последното соопштение до јавноста е од 14 март минатата година како реакција на заедничкиот настап на пет медиумски организации кои се обединија во барањето итни медиумски реформи.

"Бидејќи над 90 проценти од медиумските работници во телевизиите се членови на Македонската асоцијацијана новинари, МАН смета дека реформи во медиумскиот сектор не се потребни."

МАН итно бара "ЗНМ и Синдикатот на новинари како експоненти на СДСМ, заедно со таа политичка партија да престанат да прават притисоци врз медиумите и да престанат да изигруваат цензор со што медиумите треба да им овозможат да дојдат на власт без избори", се вели во последното јавно соопштение на МАН.

Откако напорите за партиски преговори за медиуми се сведоа на кандидати за ад - хок регулаторно тело за набљудување на изборите што беше одбиено како решение од ЗНМ и другите медиумски организации, претседателката на МАН Димишкова и потпретседателот Чилиманов станаа членови на ова времено тело, на предлог на ВМРО ДПМНЕ.

По истекот на мандатот во ад - хок телото, потпретседателот на МАН, новинар во Македонската инфромативна агенција, е дел од ударната тројка на амбициозната операција за уништување на невладиниот сектор под кодно име "десороизација".

ВАНХОЈТЕ КАКО МОТИВ Откако за време на преговорите за медиумите на "пржинската четворка", а по предлог на олеснувачот Питер Ванхауте, меѓу организациите кои можат да номинираат членови на Советот на Агенцијата за аудио визулени услуги се најде и новинарскиот синдикат, намерата за формирање на неговиот пандан од зборови премина во стварност.

Предлогот презентиран на средба со новинарите на 30 ноември, експресно се ефектуира со "основачки" собранија на синдикати во порталот "Курир" во петок, 18 декември и во телевизија Сител и неделникот "Република" во понеделник на 21 декември 2015 година.

За претстедател на синдикатот на ТВ Сител е избран главниот и одговорен уредник на весникот "Вечер" - Ивона Талевска, истовремено член на Извршен одбор на МАН. Во неделникот "Република" претседател на синдикатот е главниот и одговорен уредник - Билјана Бабиќ, а во "ЕМ Медиа" односно "Курир" каде што на самата веб страница стои дека сите новинари на "Курир" се членови на МАН фигурира името на Ивана Ефремовски.

Од документите со кои располага ССНМ не е можно да се утврди дали овие собранија навистина се одржале или станува збор за еден ист основачки акт, односно идентичен текст со празно место за допишување на името на медиумот, па дури и на датумот.

НЕВИДЛИВ СИНДИКАТ По основањето на подружниците во "Курир", телевизија Сител и "Република" зачестија поплаките на колегите во неколку провладини медиуми дека се врши притисок врз нив да се зачленат во новиот синдикат поради што имаше и јавна реакција на ССНМ.

Паралелниот синдикат на новинари е најбрзо регистрирана организација во историјата на синдикализмот во Македонија.

Tрите подружници формално се структурираат во гранков синдикат на чело со Градимир Марковиќ, новинар на ТВ НОВА и член на ИО на МАН, во сабота на 16 април 2016, два дена по драматичното соопштение на МАН во кое ЗНМ и ССНМ се етикетираат како "експоненти на СДСМ".

Меѓутоа, интересно е што новата организација за заштита на работните права на новинарите не брза да се регистрира. Документите за регистрација во Министерството за труд и социјални политики ги поднесува дури на 28 јуни 2016.

Во тоа време во Министерството се враќа кадар на ВМРО ДПМНЕ, министерот Диме Спасов по оставката на Фросина Ременски која според Пржинскиот договор беше на чело на институцијата до мај.

Свежо вратениот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ Диме Спасов за десет дена од поднесеното барање издава решение за регистрација на синдикатот. Со тоа Независниот синдикат на новинари е најбрзо регистрирана организација во историјата на синдикализмот во Македонија.

БЕЗ СВОЈ ИНТЕРНЕТ Овој нов синдикат нема своја интернет страница, а неговото основачко собрание не беше јавно ниту транспарентно. Како адреса на седиштето е наведена улица "1732" број 2 во Скопје што го дели Кинески ѕид во Градски парк од кејот на реката Вардар.

Се обидовме да ја најдеме канцеларијата на Независниот синдикат, но таму не постои никаков знак за новото здружение. На истата адреса се водат и "Ладна" и "Добра вода", односно фирмата "Маргони ДОО Скопје" поврзана со сопственикот на ТВ Сител, Љубисав Иванов - Ѕинго.

Засега од новото синдикално здружение немало ниту едно соопштение или прес-конференција за да ја презентираат нивната мисија и целта за која се формирани.

Блискоста на МАН и новиот синдикат

Освен што првите луѓе на новиот синдикат се истовремено членови и на раководството на МАН блискоста на двете медиумски организации се огледа и во нивните статути.

Имено, тие се разликуваат речиси само во името на организацијата, адресата и Законите според кои се формирани. МАН според Законот за здруженија на граѓани, а НСНМ според Законот за работни односи.

Новинари од провладините медиуми велат дека и начинот на зачленување при формирањето на синдикатот бил идентичен како и во случајот со МАН.

"Дојде главниот уредник и рече дека колку пристапници донел во редакцијата, исто толку, само потпишани, мора да ги врати" е едно од сведоштвата за начинот на регрутирање на новата синдикална организација.

Заедничко и за НСНМ и МАН е што во своите Статути се повикуваат на Меѓународната и Европската федерација на новинари. МАН отиде и чекор подалеку, па на својата веб страница го стави логото на Меѓународната федерација на новинари што е дозволено само за членовите на федерацијата. на страната на МАН во секцијата - партнери

По интервенциите од Брисел, МАН го тргна логото на најголемата федерација на новинарски синдикати и здруженија каде што ССНМ и ЗНМ се полноправни членки. Оттогаш, иако во Статутот се повикуваат на новите принципи, Меѓународната федерација на новинари се врамува во негативен контекст.

СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА Е НА РЕД?

Советот за етика е најмладата медиумска организација, формирана во декември 2013 година. Само неколку години од нејзиното основање, Советот за етика од протагонистите на паралелната медиумска стварност, се именува како "уште еден од клоновите или производите на СДСМ и Фондацијата Сорос во Македонија".

До ова доаѓа по обидот во ноември 2016 преку зачленување на повеќе од 80 главно локални и регионални медиуми да се преземе контролата врз саморегулаторното тело. Мотивите за тоа не се кријат:

"Доколку сите овие гласила и организации бидат примени, тие би имале свои претставници на Собранието на советот и би можеле да гласаат и надгласуваат одлуки на раководството кое е под целосна контрола на Сорос", пишува "Вечер" во почетокот на декември 2016.

Овој текст коинцидира со информациите кои се лиферуваат во кулоарите на медиумската заедница дека веќе се планира формирање нов, контра-Совет за етика.

На тој начин практично трите организации кои се занимаваат со слобода на изразување, професионални и работни права, како и новинарски стандарди, би биле "покриени" со паралелни организации што како "потемкинови" села се повеќе или помалку успешни фасади на амбицијата на власта да го покрие автентичниот медиумски глас.


(ССНМ - Опремата е на Глобус)