��oj 339   22.10.2013
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Кога Германија ja легализираше проституцијата пред нешто повеќе од една деценија, политичарите се надеваа дека тоа ќе се создадат подобри услови и повеќе автономија за сексуалните работнички. Експлоатација и трговија со луѓе сепак остана сериозен проблеми. Еве што забележаа во редакцијата на "Шпигел"

ВЛАДАТА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ЗАДОВОЛНИ СО ЛОШАТА ОЦЕНКА ОД БРИСЕЛ

Се чини дека нашите официјални органи се задоволни што засега не "изгубија година" иако конечниот резултат за годинава е очевидно таков што одново ќе сме - повторувачи!

ЕКИПА НА ГЛОБУС

По објавувањето на Извештајот за напредокот од страна на Европската комисија, во јавноста можат да се слушнат најралични оценки, но речиси нема оптимизам дека овој, петти по ред пат, препораката ќе добие зелено светло во Европскиот совет во декември, со оглед на противењето на Грција.

ЗА ЈАЗИКОТ Прв со своја изјава се јави претседателот Иванов кој даде позитивна оценка на оценките?! На ова имаше и иронични коментари во дел од медиумите.

Индикативно е дека првите реакции и на социјалните мрежи, но и во институции од кои можеби не се очекуваат некакви реакции за политички теми беа врзани за Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков", фестивалот "Струшки вечери на поезијата" и македонските федерации за кошарка, фудбал и ракомет (!) кои со писмени реакции протестираа на неупотребата на придавката "македонски" во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Без оглед на оправданоста на реакциите ова како да ја измести критиката на Унијата кон нас а ја стави по малку во "заветрина" владата, како најодговорна за евроинтеграциите. Или и даде малку време за да смисли концепт за одговор, за себе и за медиумите кои ги контролира. Концептот е следен: критиките ќе се игнорираат, ќе се држиме за оние "парчиња" кои се поволни...

Како што навести Иванов од претседателската палата на Водно, владеачката колација беше умерено задоволна од извештајот на европската Комисија, а опозицијата потсети на сериозните забелешки, нотирани како горливи проблеми на државата-етничките тензии, изборниот законик, корупцијата и слободата на говорот

ПАРТИИ Милошоски во име на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и понатаму ке останат фокусирани на отстранување на забелешките. Интегративците пак се надеваат дека во декември ке отпочнат преговорите со Унијата.

Социјал-демократите го поздравија напредокот, но посочија дека и понатаму останува темниот облак врз државата - етнички тензии, притисокот врз слободниот говор и корупцијата во судството. Либерал-демократите сметаат дека извештајот покажал дека власта има проблеми со демократијата.

Според професорот Денко Малески, сее' уште не може да се направи пробив, бидејќи и двете страни тактизираат. Тој вели - ЕУ се обидува да не ги урне сите мостови со Македонија, да одржи каква-таква комуникација со властите, додека Владата на Македонија пак, се обидува да ги раздвои двете нераскинливи нешта, односно реформскиот процес - за кој самата Влада смета дека е успешен, и решавањето на проблемот со името.

Малески потенцира дека во извештајот се набележани општи работи, познати на сите, но дека Европската унија се обидува да не ги драматизира причините за евентуално раскинување на врската, бидејќи и самата не сака да ги отфрли надежите за враќање на Македонија кон нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.

ВНИМАТЕЛНО Со анализа на извештајот истапи Институтот за европски политики.

"Се повторува оценката дека "во задоволителна мерка се исполнуваат политичките критериуми". Се задржува препораката за преговори, со внимателно формулирање и димензионирање на критиките и препораките. Комисијата останува на ставот дека е потребно решавање на прашањето на името во рана фаза од преговорите. По блокадата на предлогот на Комисијата во Советот од минатата година, Комисијата прави дополнителен обид да добие време за решавање на прашањето на името со тоа што предлага отпочнување барем на скрининг. Новиот пристап на преговорите за поглавјата 23 и 24 (Правосудство и фундаментални правила, правда и внатрешни работи), според кој тие се отворени од почетокот до крајот на преговорите, го напоменува како можност за поголемо влијание за разрешување на клучните реформски прашања, кои ги загрижуваат државите - членки. Тоа јасно имплицира дека во државите - членки постои загриженост за демократските состојби", се вели во анализата на Институтот за европски политики.

На ред е Европскиот совет во декември да одлучи дали и како ќе ја прифати препораката на ЕК.

ЈАСНА ПОЛИТИЧА ВОЛЈА Меѓу пратениците во Европскиот парламент нема голем оптимизам. Известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, сепак смета дека ако се изврши влијание врз земјите - членки преку напредок во реформите околу клучните забелешки во извештајот по однос на правата и слободите, не е исклучено да се дојде до одлука која ќе овозможи преговори. Ховит, исто така, нагласува дека е потребно веднаш да се демонстрира јасна политичка волја за решавање на спорот, која, според овој европратеник, затаила како во Скопје, така и во Атина.

Од своја страна, европратеникот и поранешен шеф на хрватската дипломатија, Тонино Пицула, коментира дека за да се деблокира процесот за решавање на името, потребен е голем ангажман на САД, бидејќи самата ЕУ не може да го стори тоа поради тоа што Грција е земја - членка. Пицула направи паралела со словенечко - хрватскиот спор, за кој рече дека улогата на САД за разрешување на ова прашање била од суштинско значење.

Според претставник на Стејт департментот, САД и натаму се посветени на тоа да им помагаат на оние земји кои се обидуваат да ги остварат своите евроатлантски аспирации. Американската влада со нетрпение го очекува денот кога тие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што, за возврат, ќе ги продлабочи односите и партнерството меѓу САД и тие земји. Американската влада е задоволна што Европската комисија заклучи дека аспирантите за членство направиле значителен напредок кон интеграцијата во ЕУ, наведува претставникот на Стејт департментот.