��oj 412   24.03.2015
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Денес, во едно антимакедонско време, време во кое македонската ревизионистичка историографија и десничарска политика, токму исто како и бугарската националистичка историографија и политика, ги рехабилитираат и величаат инспирираторите, организаторите и извршителите на убиството на "Пиринскиот цар", нужно потребно е да се потсетиме на Јане и неговата доследна антиврховистичка борба, колку за да имаме пример и поттик за патриотско дејствување! Тоа го правам преку пренесување на биографијата за Јане, од еден од најголемите македонски историографи - академик Манол Пандевски во книгата "Македонското ослободително дело во XIX и XX век".
Шведска почна засилено да ја губи сликата на социјална држава. Некогашниот синдикален лидер тргна да ја поврати таа слика и да ја инспирира социјал-демократијата во Европа

КАКО ДОБИВМЕ НАЈМЛАД СУДИЈА?

Софија Лаличиќ стана најмлад судија во исоријата на правосудството на Макеоднија, откако прксата после положувањето на правосудниот испит ја имала како портпаорлка!

Зоран Заев најави дека следат "бомби" за Никола Младенов, за затворањето на А1 телевизија, за убиството на Мартин Нешковски, за лустрацијата, но и за манипулациите со името и како што рече тој "какво предавство е направено". Ова не значи дека досегашните разговори не се јасна слика за една декласирана држава. И изборот на младите, нови судии е еден од посликовите докази за тоа.

Две снимки покажуваат дека братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, е оставен, како што вели Зоран Заев, да биде "капо ди тути капи", главен, во судството.

Најпрвин Мијалков ја известува неговата пријателка Софија Лаличиќ , која се одмора среде зима во снежниот Охрид, дека ја сместил за судијка а потоа известува и вработена во неговиот кабинет, дека и "средил работа", па таа станала судијка во Управен. И двете треба да честат.

Избраната Софија Лаличиќ, за која се вели дека вистинско име и е Сафија, стана судија на Кривичниот суд во Скопје. Како најмлада во историјата. Родена е 1984 година , и по положување на правосудниот работла како портпарол во Судот каде станала судијка на 28 години. Беше избрана веднаш штом го исполни минималниот законски услов да има три години работно искуство по полагањето на правосудниот испит.

Лаличиќ, која сега суди кривични предмети, од кражби до убиства, е во роднински врски со сопствениците на фирмата "Руле турс" што стопанисува со меѓуградската автобуска станица во Скопје. Таа немала многу допир со кривични предмети, што би било услов за некаква ефективна практика пред да стане судија. Се оценува дека некој со голема врска ја турнал и таму, веднаш до претседaтелката Лидија Неделкова.

Таа - се гледа низ снимките - е ептен блиска до директорот на УБК Сашо Мијалков, пред да вети ека ќе чести гооборува изборот на другите избрани, што Мијалков секако не моралд а и ги каже ако интимноста не е толкава да не може да го одбегне. Втората кандидатка Лидија Петровска, за која Софија открива дека моминското презиме и е Тупанчевска (асоцијацијата е на Никола Тупанчевски од Правен кој важи за близок до опозицијата). Пикантно е дека Петровска се додворувала на претседателкта на судот со Сваровски а таа самата добивала, но Лаличиќ ги одбивала подароците.

Лаличиќ лобира за тоа место да се избере Виолета Арнаудовска, која тогаш има 53 години и е сестра на Снежана Бајлозова, судијката од скопска Апелација, позната по тоа што не ги осуди тепачите кои ја искршија дискотеката "Процес" или каде што донесе скандалозна пресуда во предметот со Агим Красниќи и кондовската група.

Сепак, сестрата на Бајлозова беше избрана во таа група, но во Основниот суд Скопје 2 и сега суди предмети од работни спорови, додека Лаличиќ и Тупанчевска судат кривични предмети во "кецот". (В.М.)