��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ЕФТИМОВСКИ ИНВЕСТИРА ВО ИМИЏОТ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА

ВАНЕ ГЕОРГИЕВ

Владимир Ефтимоски - претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола се стекна со 200 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. По промена на сопственоста бројот на акции во сопственост на Владимир Ефтимоски изнесува 10.025 обични акции. Најголем сопственик на акциите на Стопанска банка а.д Битола со 21,7 отсто учество e компанијата "ЗК Пелагонија Битола", која пак е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев. Сите други акционери имаат учество под 5 отсто.Оваа купопродажба треба во јавноста да означи дека во банката вреди да се вложува. Кај неа од 2010 година наваму секако имаше една динамика и собитија кои укажуваа на турбулентни времиња.

СТАРИ ГРЕВОВИ Посебно внимание создаде сознанието дека беа поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба, поднесени од страна на полицијата против двајца поранешни директори на "Стопанска банка"-Битола пред две години а за дела сторени во 2010 година. Директорите се сомничат дека во периодот од 2009 до 2010 година ја оштетиле банката на начин што возможиле на фирмата "Амадеус груп" од Охрид да се стекне со противправна имотна корист од 150 илјади евра, а на штета на битолската Стопанска банка. Полицијата ги товари двајцата поранешни директори за склучување на штетен договор во декември 2010 година, со кои го отстапиле побарувањето на "Амадеус груп" за хипотека од 2,61 милиони евра, што било износ помал за 150 илајди евра од реалното побарување, кое изнесувало 2,76 милиони евра. Двајцата директори за овој износ ја оштетиле банката, иако биле свесно за штетниот договор.

И во јуни 2015 година полицијата поднесе кривична пријава за поранешен втор генерален директор на Стопанска банка Битола, кој е осмничен дека во 2009 година ја оштетил банката за речиси 1 милион евра, со тоа што наместо да ја активира банкарската гаранцијата за обврските на две фирми, иницирал вонсудско решавање. Најголем акционер во "Стопанска банка"- Битола е "Орка холдин", чиј сопсвеник е бизнисменот Орце Камчев. Тој во 2011 година го купи мнозинскиот пакет акции во Земјоделскиот комбинат "Пелагонија", со што влезе и во Стопанска банка-Битола.



ОД ЕДНА ВО ДРУГА БАНКА Инаку, на 18-ти јануари, Народната банка издаде решение за согласност, врз основа на одлуката на Надзорниот одбор на банката да го назначи Ефтимоски за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола.

Ефтимоски беше и член на Управниот одбор на Инвест банка, кога пред речиси пет години австриската групација Штаермаркеше-Шпaркасе ја купи Инвест банка за околу 38,5 милиони евра. СДСМ обвини дека тука има непотизам, бидејќи, сега веќе ексминистерот за финансии Ставрески сокрил дека Владимир Ефтимоски му е прв братучед. Шилегов сугерираше новинарите да го истражат тој случај.

Исто така доста нервози во бизнис круговите имаше кога Стопанска банка Битола стана нов сопственик на 9, 39 отсто од акциите на фабриката за кондиторски производи Европа АД Скопје. Ова БЕше протолкувано како обид за непријателско преземање. Банката која од неодамна е дел од групацијата на бизнисменот Орце Камчев акциите ги купи во три трансакции на берзата. Се истргуваа 24.005 акции по просечна цена од 3.145 денари, или за 37 отсто пониско од референтната цена. Стопанска Банка Битола акциите ги купи за вкупна вредност од 1,22 милиони евра. Според извештајот на Централниот депозитар за хартии од вредност најголем акционер во Европа е Макошпед кој поседува 19, 05 отсто од акциите, Фершпед со 18, 06 осто од акциите, Ветфарм Трејд со 10, 51 отсто, а 10 отсто поседува и самата фабрика. Следува Стопанска банка Битола со 9, 39 отсто. Други позначајни акционери се Мила Левентич и Есамедин Хасани со по 8 отсто од акциите.



ВО ИГРА СО ГАЗДА НИНИ Новата акционерска структура значи дека Стопанска Банка Битола купила 6, 3 проценти од акциите од фирмата Вет Фарм Трејд, која се поврзува со српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, а останатите 3 проценти од акциите најверојатно се купени од Јака 80, исто така фирма на Стефановиќ. Станува збор за купување на акции преку извршител, односно акциите биле оставени во банката како обезбедување за заем. Логично е таа постапка да продолжи во наредниот период со оглед на тоа дека Ветфарм Трејд има уште 10 проценти од акциите. Налози за продажба има на уште 26861 акција по номинална цена од 50 евра. Инаку "Европа" беше интересна и минатиот месец кога Фершпед најпрвин купи 3, 71 отсто од акциите од Фондот за ПИОМ, а потоа за речиси иста сума од нешто над 120 илјади евра истите акции ги продаде, но тогаш не беше обелоденето кој е купувачот. Дека Фершпед влезе и излезе од фабриката со 3, 71 % од акциите потврди во известување до Комисијата за хартии од вредност и самата "Европа". Макошпед и Фершпед и натаму се најголеми поединечни акционери во фабриката со по 19 односно 18 проценти од акциите. Интересно е да се види како во следниот период ќе функционира фабриката, бидејќи, акционерската структура во оваа фабрика никогаш не била "пошарена", во однос на блискоста на сопствениците со едната, односно со другата владејачка структура.

Бизнисменот Орце Камчев стана газда на земјоделскиот комбинат "Пелагонија" од Битола. Истовремено "Орка холдинг" влезе и во Стопанска банка-Битола. Вкупната инвестиција на Камчев во двете компании е 7 милиони евра. Камчев очекува акционерските собранија на двете фирми да ги верификуваат овие трансакции веќе во декември годинава.

"Клучната инвестиција ќе биде во ЗК 'Пелагонија', бидејќи сметаме дека имаме одличен потенцијал за негов развој. Комбинатот е во одлична кондиција благодарејќи на менаџментот и на вработените. Но, ќе направиме многу повеќе", рече Камчев во Битола.

Во ЗК "Пелагонија" има 740 вработени. Комбинатот располага со земјоделско земјиште од 18 илјади хектари, како и една од најголемите сточарски фарми на Балканот. Комбинатот е најголемиот кооперант на ИМБ Битола.