��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

КАКО ПОСТОЈАНО ГО ГУБИМЕ НАШИОТ КЕНЗО ТАНГЕ?

Идејата водилка за реставрација на разорениот град која ја даде јапонскиот архитектонски гениј се губи перманентно од средината на 80-тите. Посебно во последните 11 години кога се толчи неговата основна насока. Неодамна се рашири веста дека е згорена макетата од неговата визија. И тоа не е прв пат, бидејќи еднаш макетата доживеа драматично спасување!

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

Макетата на постземјотресно Скопје, изработена од архитектонскиот тим предводен од јапонскиот архитект Кензо Танге, е сочувана и не настрадала од пламените јазици во пожарот што ги пеплоса бараките на булеварот "Партизански одреди", а во кој беа просториите на некогашниот Завод за урбанизам и архитектура Скопје. Како што јави ТВ 21, овој непроценливо вреден документ се наоѓа во рацете на, како што беше речено на телевизијата, главниот акционер на Институтот за урбанизам, Менди Ќира.

Тој појасни дека документите кои се постари од 20 години се предаваат на долготрајно чување во Државниот архив, но оти макетата дизајнирана од Танге е кај него.

"Бидејќи пред неколку месеци имавме грабеж во овие бараки, за среќа, макетата на Градот Скопје која е направена по земјотресот во 1963 година, ја отстранивме од таму", вели Ќира, додавајќи дека, сепак, ќе ја отстапи на Државниот архив, но само доколку му биде дадена компензација.

Макетата лежеше сосема заборавена во еден зафрлен дел во депоата на Музејот на град Скопје, покриена со прав, каучи и плакари. Ја идентификувавме преку стари фотографии.

Во потрага по евентуалните обиди архитектите да се спротивстават на уништувањето на модернизмот во обновата и изградбата на Скопје, Гллобус во 2013 година, при одбележувањето на 50-те години од Зе мјотресот, налета на интервју кое го дал македонскито архитект Иван Мирковски. Тој и некои негови колеги кои работат во Австрија во 2008 година, се чини, се обиделе да спасат што можело да се спаси од проектот на Кензо Танге, револуционерно видување на правците на развој на сегашната метропола на Македонија.



Вие бевте организатор на неодамна одржаниот Форум Скопје 2008, на кој се отвори дебата на една досега игнорирана тема за архитектурата во главниот град по земјотресот во 1963 година. Од каде идејата?

- Идејата ја носам уште од самите мои почетоци во архитектурата, пред 10-тина години. Да можеш нешто да создаваш на некое ниво, пред се би требало прво да си го осознаеш својот bekground па така, уште со самото мое доаѓање во Виена, заедно со архитект Сергеј Никољски почнувам да "се вртам" околу темата Скопје, земјотресот и неговата реизградба. Како растев и се образував со идејата Скопје, некои работи ми стануваа се појасни ... На почетокот беше проект за павилјон - омаж на градителот на Скопје, Кензо Танге; понатаму варијации на тема под работен наслов: "Rebuilding of Skopje" промовирани преку veb-sajtot skopje1963.com па потоа и интернационални изложби на поттемата "Your Aid to Skopje" во Музејот за применети уметности во Виена: МАК. Во периодот од 2004 година па до денеска сценарио за документарен филм "Име без Град", негово снимање, продукција и први прикажувања во Скопје и Виена... Форум Скопје 2008 беше и е, само логично следство на сите овие настани.

На Форумот имаше многу архитекти и експерти од странство. Некои од нив најавија дека и понатаму ќе се занимаваат со оваа тема. Дали беше тешко да се анимираат и да се донесат во Скопје и од каде интересот кај нив за оваа тема?

- Интересно прашање. Експертите од странство не беа само архитекти туку и историчари на уметност, теоретичари, урбанисти, писатели, и т.н. Се почна кога ја најавив идејата Форум Скопје - подиум за дискусија, тркалезна маса, мојот ментор, професор д-р Ерих Рајт ме поддржа и најави дека би земал учество. Тоа ме охрабри целиот настан да го проширам на едно поголемо ниво, поканувајќи експерти за кои не ни мислев дека некогаш би дошле во Скопје. Некои од нив, својот интерес го проширија кон повеќе аспекти на архитектонско, теоретско и урбанистичко ниво и најавија дека ќе го земат во своите истражувачки дела како еден од најинтересните примери од Југоисточна Европа. Самото тоа е огромен успех и промоција на Скопје кон Европа, да не зборуваме и за долгорочните ефекти што тоа би ни ги донело нам, скопјаните.

Кога ги правев првите договори за тоа кој да учествува, првиот коментар што го добив од нив беше: "Ама јас не сум стручен на темата Скопје, јас и воопшто немам поим како изгледа тој град, што ќе барам јас таму?". Моето образложение беше дека токму поради тоа и се тие избрани, луѓе, професионалци, кои ќе можат да формираат целосно објективно мислење за нашиот град, без претходни сознанија и субјективни мислења, по принципот на tabula rasa. Веднаш прифатија.

Веројатно малкумина знаеле дека во Скопје се уште постои оригиналната макета на централното градско подрачје што ја правел Кензо Танге. За време на Форумот таа беше изложена во Музејот на град Скопје. Како и каде ја пронајдовте, во каква состојба беше, кој ја поправаше и што со неа понатаму. Што чувствувавте кога ја видовте и што мислите за нашата негрижа за таквите работи?

- Идејата и настапот околу целата тема Скопје никогаш не ми беше со критичен карактер затоа и не би сакал да ги изразувам моите лични ставови околу негрижата и неорганизираноста кај нас. За макетата морам да кажам дека сум пресреќен што, ако не цела, барем дел од неа излезе дека се уште постои. Нема да ја коментирам состојбата во која ја пронајдов со помош на Јасминка Намичева, куратор од Музејот на град Скопје бидејќи се чини бесцелно. Важно е дека со помош на странски донации, најголема благодарност до австриската амбасада во Скопје и "Про Хелветиа", успеав да ја извлечам и да ја дадам во мајсторските раце на нашиот најдобар макетар Мошо, кој успеа да направи чудо од чудото на Танге. Макетата лежеше сосема заборавена во еден зафрлен дел во депоата на Музејот на град Скопје, покриена со прав, каучи и плакари. Ја идентификувавме преку стари фотографии.

Вашата посветеност на Скопје, поточно на неговиот развој по земјотресот ја покажувате и со документарниот филм "Име без град" кој зборува за почетоците на обновата на разурнатиот град. Дали планирате тој филм да го понудите на фестивали и воопшто, од каде интересот за филмот. Дали планирате и нешто ново?

- "Име без град" како и Форум Скопје беа, како што напоменав претходно, логичен напредок на истражувачката работа за Скопје. За филмот развив синопсис по текст на писателот Ермис Лафазановски и успеав да го реализирам во период од 18 месеци. Моментално се работи на тоа овој филм да види фестивали, но и поголема промоција помеѓу самите скопјани. Во 2003 година реализирав архитектонски проект во Австрија токму преку медиумот филм. Се покажа како тотален успех и одличен метод за комуникација помеѓу архитектонската идеја и граѓанското мнение. Самата методологија ме наведе на тоа архитектонскиот агол, теоретскиот агол на гледање на нештата, наместо преку текст, да ги пренесам преку слика. Прво била сликата, па потоа идејата. Ново планирам секогаш, детали не можам да откријам, бидејќи и мене самиот уште не ми се доволно јасни.

По се ова дали ќе ги продолжите истражувањата и ангажманите на тема Скопје?

- Форум Скопје ми остави огромна колекција материјали која ја збогатувам се повеќе. Оттука ќе произлезат пред се изложби, интернационални, кои тематиката Скопје би ја пренеле на едно поголемо ниво. Понатаму истражувањето би го вклопил преку текстови, планирам публикација во вид на книга со целата дебата која се водеше шест денови на Форум Скопје па и тоа да го сведам на докторска работа во сферата на урбанизмот. Форум 2009, кој ќе го организираме идното лето итн.

Едно од прашањата загатнати на форумот беше зошто не е до крај реализиран планот на Кензо Танге и дали тој може да се доврши сега, односно да се инкорпорира во сегашните планови. Кое е вашето лично мислење за ова сега, кога се навршуваат 45 години од катастрофалниот земјотрес?

- Еден град е огромен процес, или како што вели професор Богдан Богдановиќ: "Градот е сценографија на која секој граѓанин има право". Оттука би тргнал со мислата дека по 45 години не може да се оптоваруваме со тоа што останало нереализирано, тоа веќе не може да се имплементира. Градот се менува од година во година, за Скопје овие 45 години се како цела една епоха во која градот многу губи и многу добива. Народот се менува и неговите очекувања се менуваат. Луѓето растат заедно со градот. Неблагодарно би било да се вртиме кон минатото и да почнеме да ги надополнуваме пропустите од пред 40 години. И тоа само по себе би било само уште еден пропуст. Треба да учиме од настаните во минатото, но да гледаме напред, да ги следиме светските трендови. Периодот од 45 години по земјотресот е одличен тајминг да почнат да се поставуваат основи за комуникација која, според мене, ни е едниствен излез од целата апатија со која е заразен целиот интелектуален слој кај нас.

Веќе извесно време не живеете во Скопје. Дали од таа дистанца се смени вашиот поглед на градот?

- Тоа е едно прашање кое и самиот си си го поставувам еден долг период. Колку дистанцата кон Скопје ми се "меша" во објективниот дискурс со самиот себе на темата... Мислам дека не се смени ништо, туку само некои работи, набљудувајќи ги од страна, ми станаа појасни.