��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

ТРАМПОВИТЕ НАЈАВИ ЗА БЕГАЛЦИТЕ ГО ЗБУНУВААТ И УНХЦР

Македонската полиција во средата навечер од Транзитниот центар за бегалци Табановце на српско-македонската граница, спровела педесетина бегалци назад во Грција

Според изјавата на Горан Стојановски, управник на Центарот, се работи за дел од планот за реадмисија според планот направен со ЕУ и според договорот со Грција. Тој вели дека немаат основ гласините дека кампот ќе се затворал или дека Македонија ги депортира бегалците. Се работи за бегалци од разни националности, главно од Сирија и Ирак, од кои дел престојувале во Табановце уште од затворањето на "Балканската рута" во март 2016-та.

Неофицијално, најголемиот дел од нив сакале да го продолжат патот кон државите-членки на ЕУ, но дел од бегалците сакале и да останат во Македонија.

Сепак, откако на ниво на двете Министерства за надворешни работи е разменета дипломатска преписка, бегалците превезени од Табановце до Гевгелија со автобуси, утрово влегле во Грција. Од границата ќе бидат пренесени во кампот во Солун, од каде, можеби ќе бидат релоцирани во државите на ЕУ, според договорот Турција-ЕУ.

До бегалскиот транспорт од Македонија назад за Грција, дојде откако министрите на 15 европски земји (Австрија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција), во Виена се усогласија до април да подготват нови планови и мерки, кои ќе бидат презентирани во април и мај, за да остане "Балканска маршута", (мигрантската рута од Грција кон ЕУ, која води преку Македонија) и натаму затворена.

За в недела е најавена и нова посета на Македонија на Себастијан Курц, шефот на дипломатијата на Австрија, во улога на претседавач на ОБСЕ. Покрај разговорите со домаќинот, министерот за надворешни работи во оставка, Никола Поповски, Курц ќе ја посети и Гевгелија, зашто Австрија минатата година имаше важна улога во координирањето на затварањето на миграциската маршрута.

Дел од државите кои учествуваа на состанокот во Виена се децидно против прифаќање на бегалци на нивната територија. Унгарската армија изградила воена база во реонот Келебија, на граничниот премин со Србија, а најавува изградба на уште три воени бази, со по 150 места за војници, кои ќе делуваат на тоа подрачје додека не престане миграцискиот притисок врз Унгарија. На 170-километарската граница со Србија, и на 136-километарската граница со Хрватска, Унгарија подигна и ограда за да спречи влез на нелегални мигранти. И покрај реакциите на дел од граѓанскиот сектор во Унгарија, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, властите во Будимпешта најавуваат и притвор за мигрантите додека се обработуваат нивните барања, па додека чекаат за азил, мигрантите нема да можат слободно да се движат низ Унгарија.

Како се одразува привременото замрзнување на програмата за раселување бегалци во САД по последната извршна одлука на претседателот Трамп?

Портпаролот на УНХЦР во Вашингтон Кристофер Бојан изрази загриженост за илјадници опфатени со последната извршна одлука на претседателот Трамп за привремено замрзнување на програмата за раселување бегалци во САД. Тој не сакаше да коментира за политичките мотиви и геополитичките импликации од привремениот статус - кво за раселување на бегалци во САД.

"УНХЦР ги споделува целите дека секој бегалец од програмата за раселување е проверен и безбеден колку што е можно. За таа цел ги поддржуваме сите влади, вклучувајќи ги и САД", изјави Бојан.

Организацијата на ОН за бегалци е на иста линија со владите дека програмите за раселување се безбедни и сите претходно минале целосни темелни проверки, вели Бојан, за Гласот на Америка.

"Сметаме дека програмата за раселување бегалци во САД која постои во моментов е безбедна, но ако има начини да се подобри, стоиме зад тоа, и спремни сме да ги спроведеме сите промени, со цел да осигуриме дека најдобрите методи, за проверка на идентитетот се во пракса и оти сите бегалци се проверени", оцени гласноговорникот на Агенцијата на ОН.

Катлин Фарел од Форумот за имиграциона политика смета дека со оглед дека, како што кажа, "сме исправени пред најголемиот предизвик со бранот бегалци, потребна е поголема координација на глобално ниво за нивно раселување, за да се олесни притисокот врз поединечни земји:

Ако една земја одлучи дека не може повеќе да прима бегалци, тогаш ќе има заостаток, ќе создаде притисок врз други земји. Државите кои имаат привремени прифатни центри за бегалци, ќе имаат најголем товар, коментираше Фарел.

Состојбата со судбината на бегалците кои треба да бидат прифатени во САД е нејасна со оглед дали американската влада ќе ја продолжи привремената забрана.