��oj 403   20.01.2015
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Предлогот за атентат, според кусиот записник од Луцерн на секетарот на Михајлов - Карајовов, предлогот за атентатот во дефинитивна форма стигнал од идниот хрватски поглавник

ПАСКО КУЗМАН ГО ИМА, ПАСКО КУЗМАН ГО НЕМА

Случајот со отворањето на т.н. Златна соба во Охрид, покажа дека "куририте" Овој случај покажа дека новинарите (редакциите) не само што се поделени, туку можат да бидат и затечени! Куририте" не успеале навреме да стигнат, па некои се најдоа во трагикомична ситуација. Дали навистина Паско е тука или е само привидение!? Дали треба да го видат со писанијата и со очите на камерите или не!? Некои го видоа и Паска, некои само маската, а некои и Паска и маската, односно одајата на Али Баба од злато

ВЕЛЕ МИТАНОВСКИ

На крајот од минатата година, по неколку одлагања кои, неофицијално, бea поради агендите на највисоките државни функционери (премиерот Никола Груервски) и нивното можно учество, во Охрид беше отворена Златната соба или Златната одаја - како што ја нарече ресорната министерка за култура Елизабета Камчевска-Милевска, највисоката инстанца од власта која го почести настанот со лично присуство. Што поради министерката, што поради настанот, во Охрид специјално допатуваа раководители и вработени во повеќе музеи и заводи за заштита на споменици на културата од целата земја. Се разбира, имаше и многу охриѓани кои дојдоа да ја видат маската, потајно надевајќи се дека ќе го видат и човекот што ја откри и ја даде идејата за Златната соба, археологот Паско Кузман, поранешен директор на Заводот и Музеј од Охрид и на Управата за заштита на културното наследство на Македонија. Сега пензионер (осуден во процесот "Фаланга"), кој го чека исходот од второстепената постапка, односно правосилната пресуда, откако, со гаранцијата на својот имот, беше пуштен на слобода. Настанот, со малку исклучоци, привлече и максимален публицитет.

СЕГА ГО ГЛЕДАШ ПАСКОТА….Од медиумите кои се обидуваат да негуваат објективност, во случајов и симпатии кон Паско Кузман, своите печатени страници и интернет-простор, најшироко ги отвори "Утрински весник". Со претходна поширока најава, како и со извештајот Отворена "Златната одаја" во Куќата на Робевци. Овој весник објави и посебна колумна од авторот на овие редови. Целта ми беше да ги спротивставам првобитните децидни најави на Паско Кузман и на директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, дека Златната маска ќе векува во Охрид. Односно, на директорката на Археолошкиот музеј во Скопје, Весела Честоева, дека ќе остане во Скопје: "Изложувањето на Златната маска од Охрид во големиот музеј ќе значи уште поголема афирмација на вредното културно наследство на Република Македонија".

За конечната одлука, покрај другите, најверојатно, придонеле и двајцата авторитети - брачната, односно двојката академици Цветан Грозданов и Вера Битракова-Грозданова, и двајцата по потекло од Охрид. Не е далеку од вистината да се претпостави дека своето учество го условиле со враќањето на Златната маска во Охрид, дури и со присуството на Паско, кого академик Битракова-Грозданова, без стеснување, го издигна на врвниот пиедестал, со зборовите: Драгиот Паско Кузман!

Од другите медиуми, само уште "Плусинфо", навлезе во детали надвор од самиот чин на свеченото отворање на Златната соба. На пример, дека бил присутен и Паско Кузман, каде и до кого седел, за што е осуден, дека, всушност, пресудата за него уште не е правосилна и тој е на слобода до тој миг, бидејќи како гаранција е понуден негов имот.

Настанот, со малите наведени исклучоци, доби максимален публицитет. Главно се известуваше објективно. Од охридските портали умерено, избалансирано и објективно извести "Охрид прес" ("Златните артефакти од Охрид конечно достапни за широката јавност"), давајќи подеднаков треман на говорниците на свеченоста. Потоа, "Охрид њуз", со најава, извештај и обновен фотоизвештај ("Обновено+ Фото: Свечено отворена Златната соба во Робевци") каде се дава мал историјат, се цитираат говорниците, при што е нагласен делот на министерката Канческа-Милеска. Исто така, нагласен е и придонесот на Паско Кузман. Од настанот информираа и другите охридски портали, главно објективно и избалансирано, додека оние уредувани од новинари-дописници на медиуми од Скопје, ја следеа уредувачката политика на матичните редакции. За настанот, кратко информираше "Вест", со наслов Отворена Златната одаја во Робевци, без акценти од излагачите. Со сосема краток извештај, за настанот информираше и "Макфакс", со наслов - Министерката Канческа-Милевска на промоција на музејската поставка "Златото на Лихнитида".

Порталот "Република" ги издвојува ,,авторите на каталогот, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман, на повеќе од 300 страници низ текст и фотографии, со аргументи и факти научно ја овековечуваат историјата на вредните предмети.Сите изложени експонати се прикажани во репрезентативен каталог…" "Вечер" и "Дневник", помалку унифицирано, половина од извештајот, просторно ќе ? го посветат на министерката.



… СЕГА НЕ ГО ГЛЕДАШ

Со кратки извештаи, известија "Сител" (Златната соба блесна во куќата на Робевци) и "Канал 5", кои во филмуваниот материјал не го забележаа присуството на Паско Кузман. Паска не го забележал и камерманот на "Алфа", телевизијата која, исто така, донесе краток извештај, насловен: "Блесна најскапата соба во Македонија". За разлика од нив, "А1 он", информираше доста екстензивно, со извештајот насловен: "Златна соба со 447 артефакти во Куќата на Робевци во Охрид". Обемно, сепак, избалансирано, со акценти од Вера Битракова- Грозданова и од министерката Канческа-Милевска.

Овој случај покажа дека новинарите (редакциите) не само што се поделени, туку можат да бидат и затечени! "Куририте" не успеале навреме да стигнат, па некои се најдоа во трагикомична ситуација. Дали навистина Паско е тука или е само привидение!? Дали треба да го видат со писанијата и со очите на камерите или не!? Некои го видоа и Паска, некои само маската, а некои и Паска и маската, односно одајата на Али Баба од злато! И сега, гледајте чудо: во присуство на ресорно највисок претставник од власта, настанот и Паска, многу индикативно, не ги видоа токму порталите "Курир" и "Пулс 24", познати по нагласената блискост или еднородноста со власта! Не го видоа и камерите на "Сител" и на "Канал 5"! За волја на вистината, Паска не го видоа и "Дојче веле", односно "Слободна Европа", но тука работата е чиста и е прашање на уредувачка (новинарска) политика.


________________________________________

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија - Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).