62
168 ЧАСА

Среќен што проба Скопско!
Шарл Азнавур, еден од најголемите француски изведувачи на шансони, минатата недела беше во Македонија по повод затворањето на вториот Фестивал на францускиот филм во Охрид, на кој му беше врачена наградата „Златна маска“ за животно дело. Првиот контакт на „забавувачот на столетието“ според Си - Ен - Ен со нашата земја му беше преку јубилејниот примерок на Скопско пиво, што го доби на приемот во скопска пивара, организиран во негова чест. „Секогаш кога престојувам за првпат во некоја земја сакам да доживеам и пробам нешто што е карактеристично за неа, гордост на нејзините жители. Среќен сум што имав можност да го пробам Скопско, а особено, кога дознав дека ова пиво го прославува својот 85 - ти роденден. Ова прерасна во интимна средба со мојата генерација.“ - изјави Азнавур, притоа. Легендата на светската музика и филм, имаше прием и кај премиерот Никола Груевски, а придружуван од министерката Елизабета Канческа - Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија Бернар Валеро, ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза. Славниот Французин беше прогласен за почесен професор на Универзитетот ЕСРА и притоа во Кинотеката на Македонија беше промовирано и ексклузивното издание на неговите песни „Интимна антологија“. Шарл Азнавур во својата кариера има испеано над илјада композиции и има снимено над седумдесет филмови.
|