��oj 383   02.09.2014
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Неодамнешното броење од страна на HFEA потврди дека само 21 смрзнати клетки дале пород во Велика Британија, како резултат на 253 вакви обиди меѓу 1991 и 2012 година - лош резултат, со успех од само 8 отсто

Вашингтон, Лондон и Берлин, со координиран настап во меѓународните финансиски институции ја критикуваат македонската Влада за намената на парите што ги обезбедува преку задолжувањата, ниското ниво на отчетност, недостапноста на податоците за висината на јавниот долг како и за одржливоста на долгот

ЗАПАДОТ СО КРИТИКИ ЗА ВЛАДИНАТА ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА (3)

Вашингтон, Лондон и Берлин, со координиран настап во меѓународните финансиски институции ја критикуваат македонската Влада за намената на парите што ги обезбедува преку задолжувањата, ниското ниво на отчетност, недостапноста на податоците за висината на јавниот долг како и за одржливоста на долгот

ВАСКО ПОПЕТРЕСКИ



.Истражувањето на БИРН покажа дека од земјите-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, Македонија е единствената држава што не објавува податоци за висината на јавниот долг на редовна основа. Србија тоа го прави секој месец, а Албанија и Црна Гора - квартално.

Владата само еднаш годишно го објавува податокот за висината на јавниот долг, при презентирањето на Претпристапната економска програма, наспроти претходната практика на квартално објавување, напуштена по првото тромесечје во 2010 година.

Последниот официјално достапен податок за висината на јавниот долг, кој може да се најде во Претпристапната економска програма, објавена во јануари годинава, е за периодот заклучно со 30 септември 2013 година кога, според Владата, изнесувал 40,2 отсто од БДП (3.225.800.000 евра).

Но, и овој податок (40,2% од БДП) е дискутабилен, зашто процентот е добиен со користење на проекцијата за БДП во моментот на објавување на документот (јануари 2014 година), кога тој изнесува 8.088.000.000 евра, а не со БДП во моментот кога е правен пресекот (30 септември 2013 година), кога БДП е проектиран на 7.681.000.000 евра.

Кога јавниот долг од 3.225.800.000 евра ќе се пресмета како процент од БДП во износ од 7.681.000.000, излегува дека тој (јавниот долг) на 30 септември 2013 година бил 42% од БДП, а не 40,2%, како што тврди Владата.

Дополнително, веќе во октомври 2013 година, Јавното претпријатие за државни патишта се задолжи за околу 581 милиони евра кај Експорт-импорт банката на Кина за изградба на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Исто така, неодамна Владата издаде еврообврзница, со која се задолжи 500 милиони евра за враќање на дел од долговите што доспеваат следната година, но и за тековни буџетски потребни за годинава.

Во отсуство на официјални податоци од македонските власти, единствено достапни се проценките и прогнозите за јавниот долг со кои оперира ММФ во своите последни документи за Македонија.

Според ММФ, јавниот долг на крајот на 2013 година достигнал 42,1% од БДП наспроти долгот на централната влада, за кој Министерството за финансии редовно објавува податоци и кој на крајот на 2013 година изнесуваше 35,9% од БДП.

ММФ проценува дека јавниот долг на крајот на 2014 година ќе порасне на 44,8%, а дека долгот на централната влада ќе изнесува 36,8 отсто од БДП.

Прогнозите на "монетарците" се дека до 2018 година јавниот долг ќе се зголеми до 55,2%, а долгоСпоред т.н. Мастришки критериуми, јавниот долг се смета за одржлив до ниво од 60% од БДП, но многу експерти предупредуваат дека за Македонија алармот се пали кога јавниот долг ќе надмине 40-45% од БДП, нивоа што тој веќе ги достигнува.

Србија, која во моментов има јавен долг од околу 63% од БДП, најави намалување на платите во јавниот сектор и на пензиите за 10%, кои претходно беа зголемувани во предизборни цели.

Споредбените анализи на БИРН, исто така, открија "збунета" европска статистика во однос на Македонија.

Ресорот за економски и монетарни прашања, со кој во досегашната Европска комисија раководеше комесарот Оли Рен, наспроти директните предупредувања што ги упатува до Македонија за загрижувачките фискални трендови, во исто време е и нивна "жртва", зашто во споредбените табели за членките на ЕУ и земјите-кандидати, во графата за долг на општата влада (јавен долг), за Македонија ги користи податоците за долгот на централната влада.

Притоа нема појаснување или фусната дека станува збор за различни податоци за нашата и за другите држави, што Македонија, ако не во реалноста, тогаш барем на хартија, ја прави помалку задолжена земја

По критиките од неколкуте влијателни држави искажани во Светската банка и во ММФ се отвора прашањето дали отсуството на недосмислена поддршка на економските политики на државата ќе го поскапат и дали веќе го поскапеа задолжувањето што Владата мора да го направи во пресрет на следната година, кога за враќање доспева поголема сума од кредитите земани во минатото.

Според постојаниот претставник на ММФ во Македонија, Патрик Житон, станува збор за 670 милиони евра, што заедно со проектираниот буџетски дефицит за догодина, достигнува до 1 милијарда евра.

По неодамнешното задолжување од 500 милиони евра, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека е постигната "историски најниска камата за издадената еврообврзница" од 3,975%. Но, истиот министер пред една и пол година, пониската камата од 3,8% ја оцени како резултат на довербата од Светската банка во економската политика на владата, доверба која сега, судејќи според критиките е разнишана.

Станува збор за задолжувањето кај Дојче банк во декември 2012 година од 250 милиони евра, со гаранција од Светската банка од 155 милиони евра и рок на отплата од 7 години.

"Каматната стапка е околу 3,8%, значи исклучително поволна и повеќе од двапати пониска отколку каматните стапки што на евентуално издавање еврообврзница би ги платила Република Македонија ако одевме без гаранција на Светска банка. Значи, во пари, за седум години, со земање на овие средства со каматна стапка од 3,8% наспроти потенцијалната каматна стапка со еврообврзница, Македонија ќе заштеди преку 90 милиони евра. Тоа се средства што ќе останат во домашната економија, во буџетот и ќе бидат искористени за други корисни намени и тоа се средства што практично им ги заштедуваме на македонските граѓани", изјави Ставрески во Собранието на 28 декември 2012 година.

Осумнаесет месеци подоцна, Ставревски веќе не говори за довербата на меѓународните финансиски институции како што е Светската банка, туку за довербата на инвеститорите.

Тие, според него, пред да се одлучат да купат хартии од вредност ја анализираат целокупната состојба во една држава, а влијание на побарувачката и на каматата имаат кредитниот рејтинг, висината на јавниот долг, макроекономската стабилност, стапките на раст, странските, но и домашните инвестиции.

"Тоа претставува силен израз на доверба на инвеститорите кон Република Македонија и кон нејзините економски политики, како и состојбите и перспективите на земјава. Тоа што успеавме да го добиеме покажува дека имаме висок степен на доверба", рече Ставрески, што може да се смета и како реплика на критиките што во последно време стигнуваат до него.