��oj 431   04.08.2015
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Постои некој вид на компулсивност. Како инаку да се објасни тоа што земјата, чии граници не беа загрозени од 1922 наваму, држава каде што нема внатрешен вооружен борба од 1949 година, троши толку многу пари за оружје?
На 14 февруари 1875 година во селото Горно Броди е роден Димо Хаџи Димов, еден од најзначајните македонски револуционери од илинденскиот и поилинденскиот период. Овој соборец на Гоце Делчев и Јане Сандански, бил најзаслужен за идејната профилираност на левицата во македонското револуционерно движење. Оттаму може да се смета за еден од основоположниците на македонизмот, односно на македонската национална идеологија. Впрочем, токму затоа бил и убиен во Софија од македоноубиецот Черноземски, а по наредба на Ванчо Михајлов, на 12 септември 1924 г. Со цел да се одбележи оваа јубилејна годишнина, која македонската десничарска политика и историографија се обидува да ја "заборави", го пренесувам прекрасниот текст за Хаџи Димов од истакнатиот македонски национален деец и еден од најголемите македонски интелектуалци, академикот Димитар Митрев, поместен во книгата "Чин и дело" од 1986 г.

ОХРИДСКО ЛЕТО 2015: "СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ" И "ОПАСНИ ВРСКИ"

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

"СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ" Ова е година во која некогашниот Театар на народностите во Скопје би ја одбележал 65. годишнината од формирањето. Како пред помалку од една деценија ансамблите во него се поделија на самостојни - Албански театар и Турски театар - така и годинава секој од нив одбележува шест и половина децении од постоењето.

Одбележувањето на годишнината веќе започна. Дел од тоа одбележување е и заедничкиот проект "Слуга на двајца господари", работен по комедијата на Карло Голдони, со чија премиера настапи и на 55. Охридско лето. Премиерата се одржа во Предворјето на "Св. Софија", на 31 јули. Режисер на проектот е познатиот турски режисер Јуџел Ертен, на кого ова не му прва соработка со Турскиот театар. Се памети, на пример, неговиот "Кафкаски круг со креда" пред нешто повеќе од 25 години.

Ексклузивноста на проектот е во фактот што се игра дури на три јазика: македонски, турски и албански. Всушност, и драмата и начинот на кој е поставена/се игра ја отсликуваат нашата реалност - преплетувањето на овие јазици меѓу населението во Македонија наспроти преплетувањето на љубовните сплетки во драмата на Голдони. Тоа не е ниту малку лесна ситуација и за актерите кои се во проектот, и за режисерот и за двата театра. Но, реалноста е таква и актерите многу добро го спроведуваат концептот, "префрлувајќи" се во текот на играта од еден на друг јазик. Секој од одбраните актери го говори својот јазик - албанскиот и турскиот - а сите македонскиот.



Сложеноста на задачата ја спроведуваат најдобрите актери од двата ансамбл: Тамер Ибрахим. Несрин Таир, Емине Кадриу, Неат Али, Сефедин Нуредини, Аида Елези, Селпин Керим, Осман Али и Ербан Шабан. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Благоја Мицевски, драматуршката обработка е на Јуџел Ертен и Маја Стевановиќ, асистент на режијата е Сибел Абдиу, дизајнот на светлото е на Ерман Шабан.

Иако изведбата на "Слуга на двајца господари" својата востинска верзија ќе ја има на затворена сцена, во Предворјето на "Св. Софија" сложените и брзи сцени актерите ги реализира мошне добро. Потребна им е само уште поголема уиграност која, се разбира, претставата ќе ја добива со секоја нова изведба. Во секој случај ова е смел и добро смислен проект, со добра реализација, особено во драматуршка и режисерска смисла.

Актуелноста на комедијата расте со вметнатите реплики/сцени и од сегашното општествено и театарско секојдневие. Тие функционираат во контекстот на комедијата на Голдони чија цел е да ја прикаже истрајноста на вљубение и сплетките кои се испречуваат на нивниот пат на среќата, снаодливоста во таа истрајност... Токму во целта на идејата дека и мултинационалните средини - говорењето на трите јазика - имаат иднина и среќен крај.



"ОПАСНИ ВРСКИ" Театарот "Вера Комисаржевскаја" од Санкт Петербург, Русија, веќе дваесеттина години е редовен гостин на Охридското лето. Годинава, во Предворјето на "Св. Софија", на 2 август. Продукцијата на овој театар "Опасни врски", по текст на Пјер, Шодерло Де Лакло, е реализирана и од авторски тим од Македонија. Режисер на претставата е Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Благоја Мицевски, а музиката е на Горан Трајковски.

Претставата е продукција од пред година/две и веќе е добитник на награди, меѓу кои и наградата за најдобра претстава и за најдобра режија на театарскиот фестивал ФИАТ во Црна Гора (минатиот септември).

За ансаблот на "Вера Комисаржевскаја", кој негува популарен/комерцијален театар, соработката со тимот од Македонија е речиси ново искуство. Режисерот Пројковски ииз музиката на Трајковски, и со очигледно многу работа со актерите, создале претстава која се следи во еден здив.

Жестоката и сурова приказна за јунаците чие минато не им дава да ја живеат сегашноста, режисерот ја поставува на поинаква основа: ја води суптилно, извлекувајќи ги најважните моменти низ стилизирана игра на актерите, низ говорот и движењата, поначесто стилизиран танц. Тоа на целата претстава/ приказна и даваат нова димензија.

Сложените односи на релацијата љубов, страст, разочарување, прељуба, неверства и болка, вака поставени се нова естетика.и за театарот и во голема мерка и на режисерот Пројковски. Тој со деветмина актери, во Предворјето на "Св. Софија" (се користи и просторот под влезните сводови), со исто толкуте столици на црниот под и само со помош на светлото и одличната музика на Трајковски, низ играта на актерите ја нагласува чувствителноста, очајот, постојаната потрага по љубовта.

Едновремено се отвораат и најважните прашања на релацијата жена - маж: потрагата по љубовта, постои ли, како да се препознае и најважното - да се сочува. Вкупно "Опасни врски" се претстава која ги допира и сетилата на реализаторите и сетилата на гледачите.