��oj 40   22.01.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Насловна

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 38

Број 37

Број 36

Број 35

Број 34

Број 33

Број 32

Број 31

...

78

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Од 22 до 29 јануари



ОВЕН

Во професионалните кругови често го имате главниот збор и очекувате другите доследно да ги следат вашите идеи. Умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и да остварите важна улога во професионалните преговори. Заинтересирани сте за современи решенија и за професионално усовршување. Блиц-процената на можностите и способноста за добра професионална организација донесува нов успех. Уживате во различните емотивни контакти или средби. Многу од работите стануваат достижни, дури тогаш кога своите мисли и чувства ќе ги поделите со блиската личност.



Здравје - внимавајте на главата



БИК

Изгледате вознемирено поради нечии критики и се обидувате да ги промените основните услови во професионалното опкружување. Понекогаш не е лесно да се остварат замислените цели, но вие лесно не отстапувате пред различните пречки. Важно е правилно да се организирате, употребете успешна формула и немојте да дозволите некој да ве спречи во намерите што ги имате. Наидувате на нечие емотивно неразбирање. Доколку сте млади и слободни, нечиј интерес или постапки ги толкувате на погрешен начин во согласност со своите емотивни потреби.



Здравје - подобрување





БЛИЗНАЦИ

Се наоѓате во креативна фаза, така што изгледате снаодливо и оригинално во однос на својата околина. Селективно ги избирате ситуациите во кои можете да ги претставите своите професионални способности. Сепак, повремено треба да прифатите компромисна варијанта. Вашата желба да доминирате на јавната сцена или во однос со блиската околина има свои добри и лоши страни. Нема причина да заборавите на основните мерила на вредностите или на редоследот на работите кои го одредуваат вашиот интимен живот. Во односот со саканата личност се постапува бледо. Потребно е да почувствувате заеднички импулс кој емотивно ве зближува и дополнува на различни начини.



Здравје - внимавајте на нервите



РАК

Внимателно ги анализирате соработниците за да ги разберете правилно нивните мотиви и интереси. Нема причина да се однесувате наметливо пред професионалниот партнер, бидејќи на таков начин свртувате внимание врз себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено ги решавате комплицираните ситуации. Добро одмерете ги своите цели и улогата што ја имате. Во односот со саканата личност, се разликувате според начинот на размислување и дејствување. Но, тоа не ви пречи да почувствувате заедничко задоволство.



Здравје - внимавајте на колениците



ЛАВ

Новите случувања на професионалната сцена дополнително го комплицира вашата соработничка или статусна положба. Некој од соработниците настојува да ви ги ограничи вашите можности, така што ненадејно ве доведува во непријатна ситуација. Немојте да дозволите некој да ве испровоцира на професионално-финансиски ризик. Бидете доволно воздржани, но и ефикасни во секој поглед. Во љубовниот однос партнерот упорно се обидува да ви ги наметне своите идеи или правила на однесување. Доколку сте слободни, ве очекуваат интересни средби и необично познанство. До љубовна романса се стигнува низ различни емотивни зближувања.



Здравје - внимавајте на циркулацијата





ДЕВИЦА

Околината на различни начини ги коментира вашите професионални идеи, па затоа размислете за нечија сугестија или влијание. Новите случувања треба да ги проценувате од различни аспекти за да можете правилно да ги согледате своите можности или ограничувања што владеат на професионалната сцена. Заедничкиот договор претставува позитивен исход во решавањето на важните професионални аспекти. Нема причина да се однесувате премногу строго спрема саканата личност. Слободно изразете ги своите потиснати чувства или намери во односот со блиската личност.



Здравје - хронични пречки



ВАГА

Невозможно е да остварите успех без прецизни информации и детаљни подготовки. Обрнете внимание на корисните сугестии, некој ве наведува на добро решение и ја поттикнува вашата ангажираност на различни страни. Потрудете се да ги остварите своите цели во согласност со пропишаните норми во успешното работење, испочитувајте го основниот протокол. Изгледате задоволно во односот со саканата личност, претчувствувате врв на заедничката среќа. Доколку сте слободни, ви претстои фаза на вљубување или низа возбудливи средби кои ќе го разубават вашиот интимен свет. Не можете да останете рамнодушни на нечија појава, поттик или љубовно влијание.



Здравје - внимавајте на бубрезите







СКОРПИЈА

Се наоѓате во креативна фаза, постојано смислувате нови идеи и ја поттикнувате својата околина на дополнителна активност. Сакате ефикасно да решите низа прашања кои ќе ви обезбедат долгорочна соработка или парична добивка. Потребно ви е широко овластување во професионалната организација и дејствување, умеете да процените добра прилика и вистинските вредности. Не можете да го испланирате секој детаљ од заедничкиот живот со блиската личност. Без разлика на забелешките кои повремено ги добивате, покажете дека ви дошло до заедничката среќа или заемна доверба. Понекогаш и малите работи донесуваат големо задоволство, но ако правилно ги вреднувате.



Здравје- подобрување



СТРЕЛЕЦ

Се обидувате да создадете подобри услови и да ги остварите професионалните интереси. Без разлика на своите практични способности, не можете секогаш да ги усогласите различните интереси и да исполните нечии очекувања. Потребно е да формирате нови критериуми, соработниците понекогаш имаат незаменлива улога во решавањето на професионлани дилеми. Некој ви дава добар пример. Преиспитајте ја својата улога во односот со една блиска личност. Изгледате вознемирено, летаргично сте расположени и склони сте кон претерување во изразување на своите чувства или потреби. Често реагирате раздразливо и импулсивно спрема саканата личност, нема причина дополнително да го комплицирате својот љубовен однос.



Здравје - чувајте се од повреди





ЈАРЕЦ

Презедовте голема одговорност пред соработниците, но кога постои судир на различни влијанија и мислења не е лесно да се пронајде заеднички интерес. Потребно е да подвлечете црта и да се определите за нов модел на успешна соработка. Не можете се' да држите под своја контрола и не треба да се докажувате на некои погрешни страни. Забележувате различни детали во љубовниот однос и смислено затворате очи пред работите кои не ви се допаѓаат, но тоа е само повремено решение. Партнерот има свои приоритети, така што не обрнува внимание на вашите планови. Вие сте личност која не се согласува на споредна улога во заедничкиот однос, не сакате да трпите нечие самоволие или емотивни испади.



Здравје - хронични пречки



ВО ЖОЛТО

ВОДОЛИЈА

Сакате да го забрзате професионалниот договор, но постојат изненадни компликации или проблеми кои објективно ве забавуваат. Некој од соработниците избегнува да го испочитува својот дел од обврските, што причинува дополнителни проблеми. Изгледате загрижувачки поради новите информации на професионалната сцена и не сакате да се помирите со просечните резултати. Склони сте кон чести промени во емотивното расположение, имате впечаток дека некој ве оптоварува со своите барања. Нема причина да и' приговарате на саканата личност поради неисполнетите ветувања. Покажете нота самокритичност, причината за недоразбирањето се наоѓа на двете страни. Дел од вината е и во вас.



Здравје - внимавајте во сообраќај



РИБИ

Се обидувате да ги унапредите различните услови и професионални можности, но забелешките што ги упатувате на своите соработници не го донесуваат саканиот одѕив. Чувствувате психолошки притисок во желбата работите да добијат вистинска смисла и значење. Бидете промислени, прифатете ги обврските за кои постојат заеднички интереси. Секогаш постои начин да се оствари добар компромис. Некој ве инспирира на активната улога и емотивна врска. Употребете ги своите заеднички манири, немојте да дозволите да ви недостасува фантазија, романтичност и нежност во друштво на саканата личност.





Здравје - подобрување