��oj 343   19.11.2013
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Имав 20 милијарди долари, а сега работам за плата од 10 долари. Немам ништо и затоа сум слободен
Фактот дека мажите можат да купат секс од жените за пари, според Швеѓаните ја зацементирал неднаквоста во правата меѓу половите!

МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ИЗРЕЖИРА СПОР ПРЕД УСТАВЕН?

Македонските телевизии сметаат дека треба да плаќаат арач за фимаџиите. Дали може едно министерство да се меша на ваков начин во работењето на приватен сектор? - се прашуваат дел од тв продуцентите

НИКОЛА СМИЛЕВСКИ

Издвојувањето во висина од 1,1 oтсто од годишниот приход за Филмскиот фонд е последната во низата давачки кои Министерството за култура им ги наметна на приватните национални телевизии. Токму оваа го пречекори нивниот праг на толеранција, бидејќи, постојаното барање пари по разни основи, меѓу кои и оние за ЗАМП и за Здружението кои ги штити изведувачките и продуцентските права доведе со ситуација во која медиумите годишно би морале да издвојат дури 5,5 отсто од бруто приходот. Според ТВ Сител Здружението на радиодифузери брои повеќе од 100 членки.

УСЛОЖНУВАЊЕ Оваа последната давачка, која треба да биде искористена за Филмскиот фонд уште повеќе ќе ја усложни и онака тешката ситуација во која се наоѓаат приватните телевизии кои секојдневно се соочуваат со намалениот рекламен колач, без каква било подршка од буџетот или од некаква претплата.

Oд 1. јануари 2014 година, треба да стапи на сила Законот за филмска дејност, кој толку ги возбудува духовите на телевизиските продуценти. Со него, како што веќе е познато се предвидува околу 1,1% од бруто приходот на телевизиите на годишно ниво да оди за Агенцијата за филм, која треба да се формира на местото на Филмскиот фонд. Собранието на Република Македонија го донесе овој акт на седницата која се одржа на 31. мај оваа година. Директорот на оваа агенција ќе го именува и разрешува Владата на РМ. Со тоа - на некој начин - државата го "симнува од врат" проблемот на наоѓање на пари за нови филмови или барем си ја олеснува својата каса.

Според Здружението на приватни електронски медиуми, ова ќе биде уште еден удар врз, и така, разнишаните медиуми во државата.

- На овој начин државата станува "ортак" со медиумите. Ако на ова се додадат и процентите кои ги плаќаме за авторските права, според последните измени во Законот за авторски и сродни права, состојбата станува и повеќе од алармантна. Веќе една година предупредуваме на штетата која ќе се предизвика со последните случувања во медиумската сфера во РМ. Со двете здруженија за наплата на авторските права, а сега и со новиот надоместок за Агенцијата за филм процентот кој ќе треба да го издвојат медиумите за истото е неверојатни 5-6, а можеби и повеќе проценти од Бруто приходот. Која е таа компанија која може да преживее на пазарот без 8 отсто од приходот годишно. Медиумите плаќаат вработени придонеси, се купува опрема, се плаќаат даноци. Тоа се многу пари, се вложува, а често годината може да се заврши и во минус, а сепак, близу 8 отсто од вкупниот приход треба да се плати за оваа намена - предупредуваат од ЗПММ.

И КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Со новите измени се засегнати и кабелските оператори, кои ќе треба да издвојат 2,5 отсто од вкупниот приход. Субјектите кои обезбедуваат само интернет услуги ќе платат 2,5 отсто, додека правните лица кои вршат кино-прикажување ќе издвојуваат 5 отсто. Компаниите кои вршат дистрибуција, изнајмување или продажба на филмови ќе треба да платат 3 отсто, додека оние кои приредуваат игри на среќа или забавни игри ќе треба да платат 1,3 осто од приходот, констатираат од Здружението на приватни електронски медиуми.

- Ова е класичен арач. Се прашувам дали има некоја компанија која покрај вообичаените давачки има и екстра побарувања од државата, смета Горан Глигоров од ТВ Сител. - Ние во моментов имаме повеќе вакви давачки иницирани само од едно министерство. Само од ЗАМП сите телевизии од својот промет плаќаат по 2 отсто годишно, од Здружението ММИ кое ги штити изведувачките и продуцентските права, телевизиите плаќаат фантастични 2, 4 отсто од својот годишен промет и кога ќе се додадат овие 1, 1 отсто за филмската индустрија, излегува дека телевизиите од својот годишен промет треба да одвојат 5, 5 отсто средства.

- Од националните телевизии се бара само да дадат пари, но не и да очекуваат нивен поврат. Ваков услов нема никаде во Европа. Има случаи одделни телевизии да улествувата во некој филмски проект, како копродуценти и тогаш имаат право на нивен поврат, вели Јагода Михајловска Георгиева, од ТВ Телма.

НЕ СМЕ АМЕРИКА Јане Бојаџи од Канал 5 оценува дека, според искуството, телевизиите не можат да постигнат повеќе од 50 евра по една минута производство за играна програма. "На овој начин филмските продуценти ние'нудат 1 минута за 10 000 евра. Тоа значи дека тие практично бараат 10 000 евра од нас, а ние при тоа не знаеме ништо за сценариото, условите, хонорарите. Толку пари се премногу дури и за Америка, кде имаме најразвиена телевизиска продукција".

Законот ќе стапи на сила од 1 јануари идната година, значи за шест недели.

-На овој начин се врши систематско уништување на оваа индустрија. Логично, последиците најмногу ќе ги почуствуваат нејзините вработени кои лесно можат да бидат отпуштени, рече Бисера Јордановска, ТВ Алсат М.

- Не може да прифатиме повеќе давачки од причина што стравот е голем дека ќе се отвори конечно Пандорината кутија и дека ова ќе нема крај. Никој нас нема да ни гарантира дека утре нема да се јави, на пример, Фудбалската федерација и да ни каже - видете ние немаме пари за следните квалификации, ајде по 2 отсто да платите или Олимписки комитет да речат, ајде вие телевизиите по 5 отсто да платите. Ова вака не може во недоглед да оди, мора некој да каже стоп - изјави Иван С. Мирчевски, Канал 5 ТВ.

Да се потсетиме дека Законот за фимски фонд е донесен во мај, без какво било знаење или консултација со медиумите. Асоцијацијата на приватни национални медиуми верува дека нивната претставка до Уставниот суд ќе вроди со плод.

Арачот врз македонскиот сектор на забавата и информациите е резултат на лошите или недоволни конекции на домашните творци со европските фондови, кои постојат за таа намена. Или на курцшлусите за кои знаеме дека се појавија на таа релација. Кога во 2003 година филмот "Како убив светец", режиското деби на Теона Митевска доби скромни 30 илјади евра за постпродукција од реномираниот холандски филмски фонд Хуберт Балс настана шок - тоа беше до тогаш единствениот македонски автор кој за својот филм добил поддршка од овој филмски фонд, кој инаку помогнал на за 5 години колку што постои помогнал над 450 проекти од целиот свет. Митевска беше всушност првиот македонски автор кој конкурирал за пари во овој фонд. Во рамките на Солунскиот филмски фестивал постои Балканскиот фонд за развој на сценарија, каде многу често не се пријавува ниту еден македонски автор.