��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

КОРИДОРИ КАКО ЈАЗОЛ ОКОЛУ ЕКОНОМИЈАТА

Македонија губи од 50 до 100 милиони евра годишно поради зависноста од Коридорот 10. Немањето алтернатива во транспортните коридори ја задушува македонската економија. Стопанството алармира, железницата кон исток или запад е ургентно потребна!

КОСТАДИН ДЕЛИМИТОВ

Македонија ги отвори граничните премини Дојран и Меџитлија за влез на цистерните со нафта но дали го реши и проблемот? Десетдневниот штрајк на грчките земјоделци и блокадата на преминот Евзони-Богородица веќе предизвика хаос во камионскиот транспорт, но може да стане и вистинска мора ако се прошири и врз железницата. Фармерите се заканија со целосна блокада на сите патни премини, вклучително и на железницата кај Идомени ако до утре не падне договор за нивните барања. Какви ќе бидат штетите доколку ваквото црно сценарио не дај боже и се оствари може само да се претпоставува. Во таков случај Македонија не е само под закана од нафтена криза, туку и сериозен застој во стопанските активности поради фактот што во Солунското пристаниште веќе лежат заглавени стотици илјади тони суровини и репроматеријали.

ОГРОМНИ ЗАГУБИ Транспортерите и стопанствениците се загрижени но и револтирани што по којзнае кој пат се во ситуација ни криви ни должни да стравуваат за својот бизнис. Дополнително што се приморани да ја трпат ваквата редовна пракса бидејќи реално и немаат друга алтернатива, посебно во делот на железничкиот транспорт. Освен железничка мрежа север - југ, односно Табановце - Гевгелија, сите други правци на "Македонски железници" завршуваат како слепи улички:

" Сите досегашни Влади имаат континуитет што не направија стратегија за инфраструктурната мрежа, патната и железничката во делот кон Бугарија но и Албанија за која никој не предвидуваше дека ќе и се случи брз развој на економијата. Не можам да разберам како упорно спроведуваме политика со земја со која го имаме единствениот спор, постојано им се додворуваме и буквално целата економија ја врзавме за грчкиот капитал. Лично очекував дека патриотизмот на ВМРО ДПМНЕ ќе резултира со противтежа кон Драч и кон Бургас и ќе се зголемат економскките односи и соработка со овие две држави", реагира бизнисменот Зоре Темелковски, претседател на Македонско бугарската стопанска комора.

Немањето алтернатива и отсуството на сериозен инвестициски циклус во делот на Коридорот 8 според него предизвикува огромни загуби за домашната економија:



БЕЗ КОМУНИКАЦИИ "Годишно од блокадите, лошите комуникации со Бугарија и задоцнетиот капитал губиме по 50 до 100 милиони евра. Затоа мора да се случи целосна промена во економскиот курс, мора соседите да ги ставиме на еднаква дистанца и да почнеме сериозно да размислуваме за градењето доверба. Ни требаат нови економски програми, соработка на бизнис заедницата, Владата и Ману бидејќи ова повеќе не се трпи. Замислете гасот да беше развиен кон Бугарија и да имавме ефтин енергенс за домаќинствата. Овие состојби се надевам ќе ја освестат новата влада и ќе се направат сериозни анализи и придвижување на проектите што стојат заглавени", коментира Темелковски.

Клучниот проект кој што не треба само да се одглави туку ургентно да се забрза е железницата. И тоа не само во делот кон Бугарија, туку и кон Албанија:

"Немањето алтернативен излез во делот на железницата е клучното прашање. Уште во периодот по осамостојувањето стана јасно дека на Македонија и е неопходна железничка алтернатива пред се за ефикасно транспортирање на нафтените деривати. Но за разлика од нас гледате што направија соседите. Коридорот Виа Игнација веќе функционира, а се најавува и Јадранскиот преку Албанија. Ние тапкаме во место и ќе останеме заобиколени", предупредува Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија.



НЕ МОРА ДА Е ПРЕСКАПО Изнаоѓањето ефикасни решенија, пред сe во делот на железницата според него не треба да значи дека тие мора да бидат прескапи и преамбициозни проекти:

"На Македонија не и требаат исклучиво брзи пруги, повеќе и се потребни пруги што ќе обезбедат алтернатива. Можеби ќе беше доволно Македонија да ја довлече пругата од Бугарија до Крива Паланка, или до Струга преку Албанија. Па од таму да се оди со камионски транспорт до внатрешноста на државата. Мора да имаме решенија, да имаме политичка алтернатива зашто ова што се случува нема само економска димензија", смета Пешев.

Во споредба со соседите, Македонија во изминативе години постигна малку и не ја искористи својата стратешка позиција. Многу од најавуваните проекти поврзани со Коридорите 8 и 10 останаа само на хартија или се во почетна фаза. Пругата кон Бугарија која според најавите треба во целост да се реализира до 2022 година е ревитализирана едвај 5%, односно само 20% од првата делница од Куманово кон Бељаковце која инаку требаше да биде готова лани во септември. За целосна реализација на овој проект потребни се околу 400 милиони евра. Во делот кон Албанија одамна се најавува проект за пруга од Кичево до Лин, но реализацијата не е ниту на почеток. Нерасчистените сметки помеѓу носителот на проектот и подизведувачите ја запре реконструкцијата и на пругата Битола-Кременица иако за целиот проект беа обезбедени 20 милиони евра од ИПА фондовите. Во меѓувреме се напушти и идејата за целосно автопатско поврзување долж коридорот 8. Немањето интерес кај потенцијалните концесионери, ја смени стратегијата на власта. Државата започна сама да го гради автопатот од Кичево кон Охрид, ќе се бара концесионер за делот од Гостивар до Кичево. На истокот пак, во делот кон Крива Паланка, односно Деве Баир, според планот треба да се изгради експресен пат.

Заглавени камиони, натрупани стоки, нервозни стопанственици и коминтенти. Блокадата во Грција предизвикува сериозни штети за македонското стопанство. Загубите се големи, а колку точно изнесуваат засега не знае никој. Но едно е јасно, тие веќе се бројат во милиони. Повеќе камиони веќе десетти ден се заглавени на граничкиот премин Евзони, а Солунското пристаниште се трупа со стоки за Македонија кои чекаат на транспорт. Веќе денеска се собрани околу 120 илјади тони. Дел од превозниците веќе бараат алтернатива преку други премини, но тоа само им ги зголемува трошоците:

"Клучното прашање е како да се подигне стоката која се трупа на Солунското пристаниште. Станува збор за масовни превози и неизвесно е како ќе се превезат. Оние транспортери кои што веќе се заглавени ги советуваме доколку се во можност, пред се финансиска, да бараат алтернативни решенија преку други премини. Исто така апелираме до увозниците да одобрат повисока цена на транспортот за да може да се најде алтернатива. Но она што загрижува е што на повидок нема ублажување, туку напротив слушаме најави и за радикализација, односно блокади и на другите премини", предупредува Билјана Муратовска од "Макамтранс" здружението на камионски транспортери.

Проблеми во транспортот на нафта

Во целиот овој хаос со грчките блокади се проблематизира и транспортот на нафта кој се одвива со камиони цистерни. Но добрата вест е што барем железничкиот транспорт функционира непречено и ги испорачува потребните количества :

"Железничкиот транспорт се одвива непречено и нема никакви застои. Ова вклучително важи и за транспортот на нафтата кој исто така се одвива нормално. Овие количини што се транспортираат преку железницата, а станува збор за околу 150 илјади тони годишно, се доволни за задоволување на потребите", изјави за Дојче Веле Никола Костов, директор на АД Македонски железници транспорт.

Сепак, од рафинеријата "Окта", кој важи за најголем увозник на горива во државата предупредуваат дека проблемот може многу лесно да ескалира ако не се најде ефикасно решение со нивните цистерни натоварени со 750.000 килограми дизел гориво кои се заглавени на границата. Една од опциите е тие да се пропуштат преку Дојран или Меџитлија каде е забранет премин на акцизна стока, но за тоа е потребна соодветна реакција од институциите:

"Во контакт сме со релевантните институции и чекаме на нивен одговор. Ова е соодветното решение во моментов и постојат механизми за тоа да се спроведе. Доколку нема навремен одговор од релевантните јавни институции, ќе ги почувствуваме првите знаци на криза со гориво во текот на оваа недела. Тоа значи дека е потребно решение веднаш, имајќи ги во предвид постоечките залихи на гориво, како и тоа дека не сме сигурни колку долго ќе трае блокадата", реагираат од ОКТА.

Владата смирува, нема да се дозволи да има нафтена криза, но не прецизира како и на кој начин ќе се реагира:

"Секако дека ние ќе спречиме било каква криза, ме известија од секторот за енергетика дека веќе треба да се справиме со овој проблем. Денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот", изјави Дритон Кучи, министер за економија.

Што се случува со нафтоводот Скопје-Солун

Освен камионскиот и железничкиот транспорт, една од опциите за брз и непречен проток на нафтените деривати за Македонија е нафтоводот Скопје-Солун но тој не е во функција бидејќи фирмата оператор ја нема добиено потребната лиценца за трансфер на дизел горива. Нафтоводот, кој во 2011 година доби лиценца за транспорт на сурова нафта работеше до 2013 година кога транспортот запре поради застој на работењето на рафинеријата. По овој период стартуваше операција на негова пренамена за транспорт на дизел гориво директно до рафинеријата но тоа не профукционира бидејќи компанијата с? уште чека да добие лиценца за превоз и на дизел горива. Од Владата во Скопје најавуваа разговори на ниво на работни групи по процесот на формирање политичка Влада, но засега нема ништо од овој процес.

Оттука во целиот овој спор дел од упатените препознаваат и своевиден притисок, пред с? од страна на "Окта" која со "паничните" најави за нафтена криза сака да обезбеди брзо решение на проблемот. Сепак прашање е колку и ќе успее, коментираат нашите соговорници, ако се има предвид фактот дека државата целиот овој период веројатно и свесно тактизира со што индиректно го поддржува и домашниот железнички транспорт кој со превозот на нафтените деривати обезбедува стабилна финансиска инјекција. Сепак, ваквата алтернатива е и доста ризична, со оглед на честите блокади и на железничкиот сообраќај во изминатиов период. Со нафтоводот Скопје-Солун инаку оперира компанијата "Вардакс". Нејзиното формирање е согласно купопродажниот договор за "Окта" кој овозможи 80% од операторот да биде во грчка сопственост, а останатите 20% акционерски дел на Македонија. Рафинеријата го запре производството во март 2012 поради загуби во преработката на сурова нафта, Оттогаш, компанијата се занимава исклучиво со трговија на нафта.