��oj 383   02.09.2014
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Неодамнешното броење од страна на HFEA потврди дека само 21 смрзнати клетки дале пород во Велика Британија, како резултат на 253 вакви обиди меѓу 1991 и 2012 година - лош резултат, со успех од само 8 отсто

Вашингтон, Лондон и Берлин, со координиран настап во меѓународните финансиски институции ја критикуваат македонската Влада за намената на парите што ги обезбедува преку задолжувањата, ниското ниво на отчетност, недостапноста на податоците за висината на јавниот долг како и за одржливоста на долгот

ПОСЛЕ БЕРЛИН: ВЛАСТА ВОЗДРЖАНА, ОПОЗИЦИЈАТА ГЛЕДА УШТЕ ЕДНА ШЛАКАНИЦА

Ние едно време бевме лидер на интегрирањето во регионот, а сега сме скоро последни и тоа е една објективна одговорност на водството. Тоа засега не може да ги најде вистинските зборови во објаснувањето на берлинската конференција а опозицијата ја гледа својата позиција во ставовите и оценките за демократијата во Македонија

Глодурот на Вест - Горан Михајловски во својата редовна саботна колумна прашува - што не е јасно во реченицата: "Сите земји од Западниот Балкан ќе имаат можност да влезат во ЕУ ако ги исполнат условите за пристап". Значи - АКО ги исполнат условите. Ако не е јасно, еве појаснување: "Германија е свесна за нејзината одговорност за мирољубива, стабилна и демократска иднина заснована врз владеење на правото и ќе продолжи да го поддржува регионот на неговиот пат кон оваа иднина". Што е тука нејасно за иднината? Значи, иднината е - ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО.И додава - има нешто нејасно? Толку е брутално јасно и недвосмислено кажано, што не ни дава можност да се правиме глупави дека не сме разбрале. Единствената утеха е дека ова не се однесува само на нас туку на сите земји на Западен Балкан. Силна утеха.

РЕД ЗАКАНИ, РЕД РЕТОПРИКА Неговиот колега од Дневник, исто така главниот уредник Дарко Јаневски пишува дека "сегашната политика на ЕУ и на Германија кон Балканот очигледно е ред реторика, ред закани и нов ред реторика, сето тоа зачинето со обилна пропаганда во нивна полза. Инаку, тешко е поинаку да се толкува раширената приказна дека ова се ѕвездени моменти, на пример, за една Албанија, посебно по доаѓањето на Еди Рама на власт" Тој илустрира дека Рама е на власт околу една и пол година, а токму во последните две години невработеноста на Албанија е зголемена од 13 отсто во првиот квартал од 2012 година, на 18 отсто во првиот квартал од оваа година. А земјата е веќе шеста година членка на НАТО и новопечен кандидат за членка на ЕУ, објаснува тој и очевидно додава масло на огнот на евроскептиците! Како пример го дава и случајот со Косово, прашувајќи - како во така сиромашна земја, во која ниту функционира ниту може да функционираат и другите делови од државата, па судски сведоци снемува преку ноќ, можете да обезбедите функционален правен систем и борба против корупцијата?

Германија сака да ги неутрализира влијанието на Русија на Балканот, но и турската експанзија. Сепак, доколку една од најмоќните светски економии сака видливи ефекти од состанокот на канцеларката Меркел со лидерите на западен Балкан, ќе мора да реагира со конкретна финасиска инјекција, согласни се аналитичарите кои ги консултираше 24 Вести.



СОПИРАЊЕ НА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ Германија не работи ништо случајно, додава колумнистот Тодор Пендаров, неговата генерална оценка е дека собирот бил позитивен. И тој е со став дека Германија сака да го запре руското влијание на Балканот, но и на Турција, но тоа се прави на туѓа сметка.

Иницијативата на Германија за унапредување на земјите од Западен Балкан е многу корисна за Македонија, оценува опозициската СДСМ.

За пораките упатени од германската канцеларка Ангела Меркел на Берлинската конференција во која се бара слобода на медиумите, независно судство и синдикати, економија ослободена од политички влијанија и каде меѓу другото се наведува и дека на опозицијата мора да и се овозможи да ја одигра улогата во парламентот, укажуваат социјалдемократите.

"Со тоа, на Никола Груевски во Берлин лично му е испорачана пораката дека мора да седне на разговори со опозицијата, за решавање на политичката криза во Македонија. Сите заклучоци во декларацијата од Берлин упатуваат на проблемите во Македонија на коишто укажува опозицијата подолго време".

Професорот Љубомир Фрчковски не е оптимист дека нешто ќе се смени по Берлинската конференција бидејќи, како што вели, не постои политичка волја за унапредување на демократските процеси во земјава.

Во врска со спорот за името со Грција Меркел директно побара прашањето да се реши ургентно, со заеднички компромис меѓу двете земји. Според Фрчкоски, спорот меѓу Македонија и Грција нема да се реши доколку лично Меркел не се ангажира во медијаторство на тој процес. Фрчковски додава дека за решение е потребно да се направи еден јавен и еден таен договор во кој, најпрво ќе се договори името и потоа со спогодба да се обезбеди начинот на кој ние ќе ја пишуваме придавката македонски за нашиот јазик и за нашата нација, со што ќе се зачува прашањето на идентитетот.



НА ОПАШКАТА "За жал, во однос на Македонија, средбата само потврди дека од регионален лидер станавме регионална опашка. Македонија на прес конференцијата е спомената само преку спорот со името, за разлика од Србија, Албанија и Косово, кои беа јасно истакнати за постигнатиот напредок. Дури, за Босна и Херцеговина беше изразена надеж дека ќе има напредок по изборите. За Македонија немаше ни изјава на надеж, ни повик. Ова е уште еден од низата сигнали до Владата дека мора да ја смени насоката, но тоа не е на повидок", коментира Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

Борбата против корупцијата, јакнење на независноста на судството, поддршка на слободата на медиумите, постигнување одржлив економски раст преку отворени пазари и странски инвестиции се клучните предизвици околу кои во завршната декларација земјите се обврзаа дека ќе постигнат реален прогрес во наредните четири години. Задачите според универзитетскиот професор Мерсел Биљали се сериозни, посебно ако се земат во предвид и заложбите за брзо решавање на отворените прашања, меѓу кои и она за името помеѓу Македонија и Грција. Клучниот предуслов за сето ова е политичката волја што е предизвик, посебно за Македонија:

Борбата против корупцијата, јакнење на независноста на судството, поддршка на слободата на медиумите, постигнување одржлив економски раст преку отворени пазари и странски инвестиции се клучните предизвици околу кои во завршната декларација земјите се обврзаа дека ќе постигнат реален прогрес во наредните четири години. Задачите според универзитетскиот професор Мерсел Биљали се сериозни, посебно ако се земат во предвид и заложбите за брзо решавање на отворените прашања, меѓу кои и она за името помеѓу Македонија и Грција. Клучниот предуслов за сето ова е политичката волја што е предизвик, посебно за Македонија:

ПОДАЛЕКУ РАЦЕТЕ ОД БИЗНИСОТ Македонија е посебен проблем со името, иако може се очекуваше нешто повеќе на тој план сепак и овој заклучок што се однесува кон нас сепак е едно охрабрување да не кажам и притисок да се реши проблемот. Но од друга страна проблем на лидерите, водството што ја води државава се неколкуте загубени години поради национализмот и популизмот, лични или групни калкулации, делумно суспендирање на демократијата, медиумите. Интересно е дека имаше и формулација која можеби најмногу се однесува на нас, дека власта треба да ги ослободи рацете на бизнис заедницата, на економските субјекти што за жал е далеку од реалноста. Значи Македонија треба најпрвин да има политичка волја што засега ја нема за да ги реши социјалните проблеми и да се вклучиме во процесите. Како што е познато ние едно време бевме лидер на интегрирањето во регионот, а сега сме скоро последни и тоа е една објективна одговорност на водството. Не сум сигурен дека оваа структура наспроти сите декларативни изјави има политичка волја за реални реформи, особено дека толку лесно можат да се повлечат од она што значи и контрола на медиумите што исто така беше заклучок од средбата", коментира Биљали.

Нашата влада нема никаква намера да ја тера европската агенда. Ова не е новост, меѓутоа сега се надевам дека ќе има и нови инструменти со коишто ќе може да се направи поголем притисок врз власта, затоа што да ни е јасно, колку и да сака македонската влада да биде непослушна, така да кажам, ако пристапот е регионален и ако тука има политичка волја регионот да се приближи, тогаш сакале-не сакале, полека ќе си легнат на брашното", изјави Лидија Димова од Советот за евроинтеграции на СДСМ.

Владејачката ДУИ, пак, ги поздравува заклучоците од Берлин. Уверуваат дека евроинтеграциите остануваат приоритет на Владата и дека ќе продолжат да работат во тој правец. "Наш приоритет како држава секако остануваат реформите. Република Македонија и досега работеше во овој правец и секако дека сме заинтересирани спорот што го имаме со Република Грција да се реши и да се забрза тој процес" - вели Рафиз Алити од ДУИ.



ПОЗНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ Дека македонските власти треба да се препознаат во завршните заклучоци од самитот во Берлин, каде што само беа повторени забелешките кои со години ги слушаме од Брисел, се согласува и професор Нано Ружин. Според него, обврска на владата е да го реши прашањето за името и дека нема повеќе простор за манипулација и одложување на неговото решавање.

"И натаму се бара склучување на компромисно и обострано прифатливо решение како основен услов и тоа што поитно, значи можеби за максимум една или две години, и на тој начин да се направи надминување на таа, би рекол, долгогодишна пречка", вели тој.

Она на што укажува Ружин е важноста од спроведување на политичките и економските реформи. Препораката за овозможување на услови за враќање на опозицијата во собрание, значи дека на земјава не треба да и се повторуваат инциденти како оној од 24 декември, вели Ружин.

"Ова е наметната лекција и задача или еден вид шлаканица за досегашните неуспеси на владата на Груевски, затоа што тој ќе мора да направи големи резови во економскиот, но пред с? политичкиот живот, меѓуетничките односи, застанување или отстранување на тој популизам којшто постојано е присутен, вообразеност и несоработка со опозицијата", вели Ружин.

ОПАСНО И поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека е добро што Берлин, а преку него и Брисел, го актуализира прашањето за интеграција на Западен Балкан. Но, според него, иницијативата е повеќе формална, отколку суштинска и претставува своевиден обид да се покрие периодот од најмалку пет години во кој нема да има никакво проширување.

"Силен е впечатокот дека ова е обид за плакнење на совеста, бидејќи неспорен е фактот дека Унијата доживеа голем неуспех на Балканот. Фактот дека само две земји од поранешните југословенските простори се дел од неа, доволно зборува за тој неуспех", додава Никовски.

Македонија на прес-конференцијата директно беше спомената само преку спорот со името, кој мора итно да се реши со компромис од двете страни, за разлика од Србија, Албанија и Косово, кои беа јасно посочени за постигнатиот напредок.

"Делот што се однесува за името носи опасност за нас, бидејќи намерата не е нам да ни се помогне, туку тие да ги надминат своите проблеми. Да не заборавиме дека канцеларката Меркел беше таа која меѓу првите отворено го стави на маса прашањето за нашиот идентитет. Компромисот што е најавен може само да биде негативен по нас", смета Никовски.