��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

СВЕДОЦИ ЗА ПАРТИСКИОТ РЕКЕТ СЕКОГАШ ЌЕ ИМА

Оттаму разните марифети кои ќе ги измислува партијата на власт да ги маскира работите пред СЈО ќе излезат секогаш на виделина. Можеби со казна приде кај некои случаи каде повиканите нема да се јавуваат на распит

ПЕТРЕ КЛИМЕВСКИ

Протестите на лицата кои се повикани на давање на изјави за тимот на Специјалното јавно обвинителство во Охрид укажаа на одредена тактика на се уште владеачката партија партија во однос на екипата на Јанева во наредниот период. ДПМНЕ им забранува на членовите да сведочат во случај каде валканиците се толку очевидни и јасно докажливи, под форма на протести пред полициската станица во Охрид (и на друго место, каде ќе треба). Охридската маса од околу 150 - 200 лица е тамам толкава колку што и лица требаше да сведочат и нивните изјави пред камерите само го потврдуваа тоа.

Во петокот немаше протести, ама ниту сведоците не дошле на распит според распоредот."Стравот на ВМРО ДМНЕ од продолжување на мандатот на СЈО е и единствената пречка поради која не успеаја да формираат коалиција во рокот кој беше предвиден со мандатот кој го доби. Како што поминува времето СЈО се повеќе ќе биде под притисок на ВМРО ДПМНЕ" - вели проф. Митко Гаџовски за Радио Слободна Европа.

Во врска со предистражните постапки што се водат во Охрид од СЈО не соопштија ништо, но обвинуваат за повреда на тајноста на постапката

ВМРО ДПМНЕ реагираше дека тоа е хајка против нив, а некои нивни пратеници најавија дека ќе се борат во Парламентот да го укинат СЈО поради неговата селективност.

Но, во меѓувреме сведочењата за тоа како се финансирала партијата отвораат простор за давање на изјави и за многу крупни дарувања. Или, за крупни барања за давање на "материјална помош".

Телевизијата "24 вести" јави деновиве за притисокот кој бил правен врз сопственикот на хотел "Шагал" кој обвини дека заменик министерот Делев побарал 60 илјади евра за партијата. Делев ги негираше обвинувањата

Повод за комуникацијата бил фактот дека базените на спа центарот на Хотел Шагал, близу Виница, зјаат празни. Сопственикот Петре Ангелов четири години не може да добие дозвола за да го користи ова природно богатство. Тврди дека државата ги игнорира неговите барања, базените да ги наполни со термални води. Кога се обидел лично да интервенира во Министерството за економија, му било побарано мито, објави ТВ 24.

"Овој центар не проработе благодарение на владата на Никола Груевски и на неговите министри, поточно на Кристијан Делев. Во разговор со него во четири очи во неговиот кабинет ми побара 60 илјади евра за партијата и нему лично да му ги дадам парите " - изјави за телевизија 24, Петре Ангелов.

Заменик министерот Делев вели дека ниту го познава Ангелов, ниту пак се сретнал со него и најави тужба за клевета.

"Ова е апсолутна лага и за истата соодветно ќе одговара. Ќе се консултирам со моите адвокати за овој проблем. Со сопственикот на Хотел Шагал ниту се имам видено, ниту сум се слушнал со него" - изјави Кристијан Делев, заменик министер за економија

Ангелов имал угостителски бизнис на хрватското приморје, кога пред 27 години се вратил и решил да инвестира во земјава. Пред четири години изградил два базени, сауни, салони за масажа и бањи. Имал намера објектот да прерасне во бањско-рехабилитационен центар. Но, тогаш почнале и неговите проблеми. Вели дека со термалните води се прави огромен криминал. Според Ангелов, концесионерот на водите немал никакви мерни инструменти, па трошел многу поголема количина отколку што плаќал.

Од друга страна, заменик министерот Делев вели дека Ангелов тропал на погрешна врата. Не министерствто, туку концесионерот е оној кој ако сака, може да му отстапи вода на неговиот хотел.

Ангелов вели дека постојано бил изложен на притисоци од власта, која многупати го казнувала парично, па дури и со затворска казна. Тврди дека неговото име се спомнувало и во бомбите на опозицијата, во разговори меѓу функционери, кои се договарале како да го уништат. Вели дека правдата ќе ја бара на суд.

Како што изјави Гаџовски, протестите во Охрид против истрагата на СЈО се предвесник на тоа што би можело да се случува во иднина доколу Специјалното обвинителство продолжи со ваквиот начин на работа и испорачува резултати.

"Со одминување на времето СЈО ќе испорачува резултати. Веќе се појавуваат протести, се прави притисок врз неговата работа зошто има задача да ги преиспита сомнежите за криминал од прислушуваните разговори".

Протестите во Охрид се совпаѓаат со предупредувањата од партијата упатени во изминатите неколку денови по средбите со меѓународните претставници, дека прекршувањето на принципот победникот да коалицира со победникот ќе донесе проблеми во иднина. Во ваква политичка ситуација експертите велат дека рано е да се зборува за такви сценарија зашто сеуште нема Влада, но Гаџовски очекува се повеќе да се зголемува притисокот на ВМРО ДПМНЕ врз СЈО во наредниот период

Аналитичарот Рамадани за овој извор потсетува дека притисоците и однесувањето на владејачкото мнозинство врз СЈО и специјалната обвинителка Катица Јанева, минатата година беа повод за протестите на Шарената револуција, но оваа година тој очекува поинаква ситуација.

"Да не заборавиме Шарената револуција почна какао подршка за работата на СЈО, а изгледа дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде партијата чии финансиери оваа година ќе има потреба да одговараат пред СЈО"вели аналитичарот Рамадан Рамадани

Како и да е СЈО, според Рамадани, е единствената државна институција која почна и продолжи да работи во атмосфера на протести и тоа, според него, е логично зашто оваа институција има задача да ги истаржува наводите за индиции за криминал и корупција кои беа обелоденети во прислушуваните материјали пред две години.

Прашањето за донациите за партијата која е власт оамна е матна и зрела за истрага. Секако, не додека Зврлевски е во СЈО. Инаку имаше скандалипред изборите во 2011 година дека земјоделци, секретарки и учителки, пензионери и редари, донирале пари за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за јунските избори. Секој по 1.000 евра! - пишуваше "Фокус". На овој начин - со донации од 530 поединци биле собрани 510.000 евра за да ? овозможат победа на својата партија. Меѓу нив има и моќници, директори и газди, но и многу обични луѓе, со потпросечна плата. Списокот на оваа партија е единствениот што содржи толкав број физички лица како донатори.

"Фокус" тогаш тргнал по трагата на тој список, за да ги провери сомневањата дека можеби станува збор за фиктивни донации, за начин како кешот собран на разни начини легално да се уфрли во партиската каса. Како што е познато, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ пријавила дека во кампањата во 2011 година потрошила 4,4 милиони евра, а само за 1,1 милион се оправда пред институциите, меѓу кои се и овие пари, собрани од физички лица, додека останатите беа донации од телевизиите. Иако експертите ја спореа големата дупка во финансиите од 3,3 милиони евра, Антикорупциската комисија реши да не ја истражува огромната разлика во приходите и расходите на владејачката коалиција. Во исто време, Љубе Бошкоски беше осуден со седум години затвор за наводно нелегално финансирање на кампањата со 100.000 евра, додека против СДСМ е поднесена кривична пријава, оти им се спори кредитот што го зеле од Комерцијална банка.

А начинот на којсе финансирала кампањата, тогаш заклучи Фокус упатувал на сомневање дека станува збор за корупциски мегаскандал. Ако се суди според извештајот, во периодот од 17 мај до 3 јуни годинава, 530 луѓе чекале во редици во банките за да уплатат секој по точно 60.000 денари на сметката на партијата. За чудо, подоцна, голем дел од нив не можат да се сетат колку пари донирале.

Во општината Ново Село, брачна двојка,чуварот и неговата сопруга дале по 1.000 евра за кампањата. Една советничка од општина Кочани, која сакала да остане анонимна, тврди дека пари не дала. Таа кажала дека кампањата ја помагала собирајќи пари од фирми за партијата, но вели дека не се сеќава точно од кои фирми, ниту, пак, на начинот на кој ги дала или ги уплатила парите.

- Јас мои пари не сум дала, затоа што сум немала. Но, помагав поинаку. Собиравме пари од фирми за нив. Не можам да ви кажам кои фирми, не се сеќавам како се викаат. Една е на еден од претседателите на месниот комитет. А ако ме прашувате како им ги носев парите, не знам, не можам да сетам - вели советничката.

Интересна е и изјавата на Суза Николовска, советник во општина Гази Баба.

- Одамна беше, не се сеќавам точно колку пари дадов. Треба да проверам каде сум запишала. Не знам дали ја чувам уплатницата, навистина треба да се потсетам - вели таа.

Томислав Ракичевиќ, вработен во Царинската управа пред две години, исто како и Стојанова, не ги помни парите што ги дал за партијата.

- Не знам, не можам да се сетам точно колку пари беа, навистина - уверувал тој.

Интересен е податокот дека донаторите од различни општини и региони успеале да се организираат и во ист ден да ги уплаќаат парите. Случајно или не, вработените и советниците во општина Гази Баба уплаќале пари на 30 мај, шест дена пред крајот на кампањата. Оние од Кисела Вода, пак, тоа го сториле меѓу првите, на 17 мај, а штипјани се организирале на 3 мај, три дена пред гласањето. Дали на ваков начин партијата се обидувала да ја покрие разликата меѓу расходите и приходите? - прашуваа истражувачите на Фокус.

Црните пари се покриваат преку фиктивни донации, велат во СДСМ.

- ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги злоупотребуваше буџетски средства преку отворање разни инвестиции, преку вработувања и друг тип притисоци. Уште пострашно е што партијата нема покритие за 3,3 милиони евра потрошени во кампањата - велат од најголемата опозициска партија.

Сомнежите за фиктивни донации, за кои некои лица и јавно проговорија, се случија и за парламентарните избори во 2006 година. Во извештајот пишуваше дека тогашниот претседател на Сојузот на студентите, Самоил Малчески, заедно со неговата мајка и сестра, вложиле вкупно речиси 10.000 евра во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогашниот студент по математички науки за кампањата донирал 200.000 денари, неговата мајка Цветанка 50.000 денари, а неговата сестра Фросина - 300.000 денари. Кога медиумите тогаш го прашаа Малчески за донациите, тој беше вџашен кога откри дека на списокот фигурираат имињата на членови на неговото семејство.

- Да имам 200.000 денари, ќе се женам. Неверојатно е што пишува дека сестра ми вложила толкава сума пари, затоа што ги нема. Ова првпат го гледам! - изјави Малчески.

Ако тој тврди дека не ги вложил парите, се поставува прашањето - кој е тогаш вистинскиот донатор на тие 550.000 денари од семејството Малчески?

Е тоа се само дел од случаите кои ќе испливаат и за кои некојќе одговара. И потоа пак ќе говориме за фер избори.