��oj 286   16.10.2012
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

КОЈ НЕ ГО ЗАТВОРА ДОСИЕТО НА ВЛАДО ЧЕРНОЗЕМСКИ?

Убиството на кралот Александар го покажува само старото правило кај атентатите - страдаат само жртвата и убиецот а сите други, стотина замешани, продолжуваат да си го живеат животот, комплетно безбедни, како ништо да не се случило

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Минатиот вторник главна тема за битолчани бил плакатот за Владо Черноземски, атентаторот кој го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 година. Професионалниот атентатор, кого поголем дел од современите историчари го класификуваат како истурен војник на врховистичката, пробугарска ВМРО, предизвика посебно незадоволство во боречката организација, потоа во поголем дел од оние на кои им беше наменета - на младите кои дел од времето го минуваат на Широк сокак.

ПРЕЛЕАНА ЧАША На едниот плакат биле испишани стихови од песна посветена за него, а на другиот се нарекува херој заради извршениот атентат.

-"За жал, пред 11 Октомври се појавуваат некои летоци со фашистички идеи величајќи го Черноземски и други убијци. Ние треба најупорно да се спротиставиме на сите овие идеи на се ова што прокламираат- фашизмот и пробугарските идеи,"- рече пред камерите Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борците од Битола.

Реагираа и битолчани, според тв извештајот на Алфа, кои сметаат дека сега чашата е прелеана, а според еден битолски графит, дури и методите од времето на Черноземски не се заборавени.

-"Владо Черноземски беше во онаа тајфа што се бореа за Бугарија"- реагираше еден пензионер. -"Да се велича човекот што го уби Димо Хаџидимов и други македонски дејци, стварно е срамота"- рече рече друг Битолчанец. -"Не се свесни политичарите што прават,"- додаде друг пензионер.

Барем засега, не се знае кој стои зад ваквите плакати. Во својата писмена реакција, историчарот д-р Александар Литовски јавно запраша дали ни се враќа фашизмот на македонската општествена сцена? Черноземски по националност бил Бугарин, а од 1922 година бил вклучен во автономистичката ВМРО и извршувал специјални егзекуторски задачи. Меѓу другите, ги убил револуционерот Димо Хаџидимов и идеологот на протогеровистичката ВМРО, Наум Томалевски. Откако во триесеттите години михајловистичката ВМРО целосно се фашизирала, Черноземски станал фашистички платеник и инструктор на хрватските фашисти, вели д-р Литовски во својата писмена реакција.

ПАНИХИДИ Славењето на Черноземски во земјава започна пред 18 години, кога на истиот датум во црквата "Св. Димитрија" во Скопје се одржува панихида и за Владо Черноземски, а на која се собираат истите оние луѓе што присуствуваат на годишнината на Мара Бунева - основачите на Здружението "Ратко". Недвојбно е дека тие кои џлават се сметаат за Бугари и не бегаат од ролјата на продолжувачи на делото на Ванчо Михајлов. Едно време на овие настани од Софија задолжително доаѓаа претставници на тамошната ВМРО на Красимир Каракачанов. Освен што знае да ја забавува својата средина со антимакедонизмот, Каракачанов (за тоа известуваше и Глобус) пред повеќе од една година предводеше и една масовна хистерија против Ромите во Бугарија! Истата "конечна пресметка" со Ромите требаше да му биде "поен плус" во трката на неговата партија на локалните избори.

Но
да не побегнеме од темата - кој е, всушност, Владо Черноземски? Утрински весник, на пример, преку своите фељтони често одговараше на ова прашање, чудејќи се како тој заслужил да биде величен секоја година, дури и повеќе и од многумина познати македонски револуционери, како што се Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и во дел од популацијата на земјава?

И последното претражување на документите достапни на Интернет покажува дека нема сомнение дека се работи за речиси неписмен човек, дури и со непознато потекло. Некои велат дека е роден во денешен Велинград, тогаш село Каменица, денес предградие на споменатиот град на непознат датум во 1897 година. Некои други извори тврдат, па и од неколку македонски историчари, дека тој е роден во село Гавран (штипско) а други дека бил роден во Ново Село, близу до Штип. Според народни преданија, кога кралот Александар бил убиен во Марсеј, селото Гавран било опожарено а според други, исто така фолклорни извори, следниот ден по убиството во Ново Село српката жандармерија нашла дел од неговите роднини (се говори за неговата сестра, најчесто) и ги убила во дворот на куќите. Ова секако не се потврдени сознанија.

Можно е родителите на Черноземски (Димитар Керин и Риса Балтаџиева) да дошле во Велинград од штипско. Но тоа станало нерелеватно и за самите нив! Неговото крстено име е Величко Димитров Керин. Во селото завршил само три одделение од школото. Како млад имал склоност кон алкохолот, но подоцна целосно се воздржувал од пиење и дури станал вегетаријанец. Величко служел како војник најпрво во Пловдив. Учествувал и во Првата светска војна, тогаш служел во инженерските сили. Бил ослободен од воена служба во 1919 година (!). Една година подоцна се оженил. Работел како шофер и часовникар. Во 1923 се родила неговата ќерка Латинка.

ЛАДНОКРВЕН УБИЕЦ Инаку , во почетокот на 20-те години Черноземски се преселил во Банско, каде е извршувал задачи за Внатрешната македонска револуционерна организација, која била основана од Тодор Александров. Стана член на таа организација во 1922 г. и се вклучил во четата на војводата Иван Брло. Во 1923-1924 година е во четата на Трајан Лакавишки. Како четник дејствува во Штипско, Кочанско и Радовишко... Учествувал во околу 15 престрелки со полиција и жандармерија во Вардарска Македонија. Станал познат како еден од најдобрите стрелци на Организацијата, во акциите се истакнувал со храброст, ладнокрвност и дисциплина. Во 1924 година Тодор Александров го повикал во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО за извршување на специјални задачи. Смрта пак на самиот Александров предизвикала серија на убиства сред македонското револуционерно движење и македонската емиграција.

Првата задача која ја добил од Иван Михајлов е да го ликвидира македонскиот деец и воедно бугарски народен пратеник Димо Хаџи Димов. Тоа е еден од најагилните македонски патриоти кој пред убиството влегол во ЦК на Бугарската комунистичка партија и како нејзин пратеник бил во Парламентот. Формирал во партијата и посебна секција на комунисти - емигранти! Како влијателен член на бугарското општество и како човек кој се заложувал за независна Македонија станал опасен за плановите на Михајлов и овој го ставил на список за ликвидација.

Хаџи Димов на 13 септември 1924 г. разбрал за убиството на Славчо Ковачев, негов пријател и сомисленик; за овој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба. Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната Галик за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев. На улицата Пиротска тој бил пречекан од Владо Черноземски, кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште два пати. Во 1924 година Софискиот окружен суд го осудува на смрт со бесење, но пресудата не е извршена, а во 1925 година Черноземски "бега" од полицијата. Во 1930 година го ликвидирал Наум Томалевски, еден од водачите на протогеровистите, инаку познат масон од Крушево. Черноземски е осуден по втор пат на смрт (!), поради убиството на Томалевски, но во 1932 година тој бил помилуван поради блиските односи на Иван Михајлов со бугарските власти и дворот.

ТРЕТИОТ РАЈХ Бугарската историографија (види бугарска Википедија) многу не сокрива околу реалната позиција на силите кои го организирале атентатот и околу тоа кој стои објективно зад него - Третиот рајх! Уште во летото 1932 година Владо Черноземски, еден од најизвежбаните терористи на ВМРО е испратен во Хрватска на располагање на тамошното движење Усташа. Тоа е сторено во голема дискреција, па и неговото семејство не знаело каде е тој. Дури самото ВМРО пушта гласови дека истиот е убиен од самата негова организација. Черноземски бил инструктор на усташките терористи во логорот Боргеторо а потоа и во унгарскиот логор за обука Јанка Пуста. Черноземски знаел дека се готви атентат врз висок југословенски функционер, но не знаел конкретно кој.

Таа обука траела долго. Две години откако тој заминал во странство по 19-мајскиот преврат во Софија, новата власт, презема решителени мерки да ги прекрати дејствијата на ВМРО и на 1 септември таа година е донесен Закон за заштита на државата. Законот предвидува брзи процедури за апсење и осудување на раководители на организацијата, па Иван (Ванчо) Михајлов експресно и илегално бега од Бугарија во Стамбол.

Во тоа време францускиот министер за надворешни работи Луј Барту се обидува да создаде една антихитлеровка коалиција во која би влегле Франција, Италија и Југославија а на која би се придружиле и членки на идниот Балкански Пакт, односно Малата Антанта. Факт е дека кралот Александар во стартот на политичката кариера на Хилер имал симпатии за неонацистите, но во летото 1934 година сепак попуштил пред притисокот на старите пријатели - Французите. Оттаму, од крајот на август, германското воено разузнување започнува подготовки за атентат, под шифрувано име "Операција тевтонски меч", каде цел е убиство на Луј Барту и на крал Александар. Организацијата е доверена на Усташа, а во нивната обука треба да влезат искусни кадри на ВМРО.

КОМПЕНЗАЦИЈА Историски истражувања упатуваат на тоа дека во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1. 000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката Хајнрих Фолмер. За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Големиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја - Марко Дошен. Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција.

Подоцна, пред атентатот како непосредни извршители биле определени Владо Черноземски, Мио Краљ (роден во 1903 година во Копривица, по професија автомеханичар, неоженет), Звонимир Поспишил (земјоделец, неоженет од Вуковар, роден 1904 година) и Иван Раиќ (автомеханичар, ожнет и татко на едно дете, роден 1903 година). Со лажни унгарски пасоши тие четворицата на 22 септември пристигнувата во Лозана (Швајцарија). Тука се сретнуваат, според бугарскиот извор, со Гвидо Кватерник, еден од највисокопоставените раководители на Усташа и со Марија Водрачек (се мисли дека на оваа таинствена русокоса вистинското име и презиме и е Катица Шилер и дека за атентаот дошла од Бразилија), која им дава други, чешки пасоши, бидејќи со нив во Франција влегуваат без виза.

ДВОЈКИ Атентаторите дошле во Париз на 29 септември а на 6 октомври се делат на две двојки - Черноземски и Краљ одат за Марсеј, кога се знае дека таму ќе се истовари од брод југословенскиот крал а Писпишил и Раиќ заминуваат во Версај, каде треба да дејствувата врз Барту и кралот ако не успее првиот атентат! На пат за Марсеј двајцата атентатори. Черноземски и Краљ, застануваат во Авињон, каде одново се сретнуваат со Кватерник и тој им дава два пиштоли и една граната и тие заминувата со автобус за Марсеј.

Француските известувачи добиваат од италијански извори аларм дека ќе биде извршен атентат врз кралот Александар. Еден ден пред атентатот изворот прецизира дека убијците имаат чешки пасоши. Ова му е соопштено и на крал Александар, пред тој да се качи на моторен чамец, со од бродот би го довел до пристаништето, но тој рекол дека се е доцна и дка треба да се оди по проколот. Одбил да облече и метален елек! Рекол дека с енаоѓа во пријателска земја.

Черноземски и Краљ стигнале во Марсеј околу 14 часот и заземале позиција сптои Борсовата палата, на централниот билевар Канебиер. Тоа е место е само100 метри оддалечено од пристаништето, каде со крстосувачот "Дубровник" пристигнал кралот Александар. Околу 16 часот тој се симнал од бродот, бил пречекан од Бату и генералот Алфонс Жорж. Во автомобил кабриолет, покрај многу полицајци и почесна чета на француската армија (коњаница) колоната тргнала кон префектурата. Соочен со толкаво обезбедување, Мио Краљ избегал, но Черноземски одлучил да ја изврши задачата, согласно на планот.

КОЛОНА Колоната инаку се движела со брзина од 5 километри на час (по протоколот требала со 20 километри), бидејќи транвајските шини создавале додатно триење. Черноземски зел цвеќе, во кое е сокриен револверот, минал крај полицискиот кордон извикувајќи "да живее кралот" на француски, со едната нога застанал на десно скалило на автомобилот и истрелал ќетири куршуми кон кралот Александар, кој веднаш умирел. Черноземски продолжил да стрела, тешко го ранил министерот Барту (кој умфрел пдодоцна заради спората интевенција), потоа генералот Жорж и еден агент од обезбедувањето (Гале). Дури потоа еден офицер од коњаниниците со сабја го погодил два пати в глава и Черноземски паднал на земјата. Факт е дека обезбедувањето дејствувало доста неорганизирано, исплашено и збунето, потоа стрелало без врска и убила многу луѓе од публиката на улицата! Черноземски умрел дури неколку часови потоа (во0 20 часот), во една болница. Идентитетот на Черноземски е откриен многу подоцна, практично по една есхумација, но се знаело дека атенаторот е од ВМРО бидејќи на неговата рака е окриена тетоважа на која пишувало "ВМРО - слобода или смрт!". Вкрстените коски на тетоважата по некои извори се сметаат дека се масонски симбол! Ова можеби има некоја врска со еден од неговите претходни атентати (оној врз Томалевски)?

МИХАЈЛОВ Бугарија се нашла пред силен меѓународен притисок. Дури постоела шанса силите на Малата антанта да и објават војна и дури да ја окупираат! Олеснувачки факт е дека непосредно пред атентато кралот бил гостин во Бугарија и таму немал никаква непријатност, бидејќи, претходно властите расчистиле со ВМРО! Да биде парадоксот поголем, Бугарија прогласила жалост и ги имала сите церемонии (освен погребот) како и Југославија!

Инаку, на 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на бугарскиот митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на терасата за да го испијат попладневното кафе, митрополитот и водачот на распуштената ВМРО, Иван Михајлов. Некаде околу 16 часот, Михајлов погледнал на часовникот и изјавил дека од овој момент ќе започне да се бројат одново годините! Тој сметал дека неизоставно атентатот ќе предизвика војна. Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во францускиот град Марсеј. Михајлов понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоел не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, коишто не ги посочил. Следното утро митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни весници коишто ги имало во Истанбул. На насловните страни митрополитот го видел и прочитал сето она што претходниот ден му го имал навестено неговиот гостин.

Мио Краљ, кој побегнал од местото на атентатиот пред тој да се случи допол близу Авињон, каде сењ сретнал со Кватенрик. Земал соба во еден хоел и чекал четири часови евентуално да дојде Черноземски. Потоа заминал на железничката станица а таму у го легитимирале двајца енти при пшто тој побегнал во блиска шума. Сопственичката ка хотелот "Модерн" отишла во полиција и раскажала за нејзиниот чуден гостин и истрагата тргнала во вистинска насока. Четири дена и ноќи Краљ се криел во шумата а потоа исцрпен излегол од неа и веднаш бил уапсен - по него имало потерница со слика!

УАПСЕНИ На границата со Швајцарија биле уапсени другите двајца атентатори и сите тројца, заедно со Краљ биле "разговорливи" со полицијата и за заднината на атентатот лесно се открило практично се. Потоа во Торино, под притисок на Франција, биле уапсени Кватерник и Павелиќ, но по тримесечен притвор тие биле пуштени а екстрадикција не е изршена. Вдовицата на кралот - кралицата Марија поднела приватна тужба, но на наговор на францускито амбасдор во Белград ја повлекла, бидејќи Франција се уште сметала дека Мусолини може да им стане сојузник! Таинствената русокоса за која никогаш не се открил вистинскиот идентитет, неколку часови после атентатот, веројатно како непријатен сведок е убиена во конструирана сообраќајка, близу Џенова.

Судењето на тројцата приведени како соучесници атентатори се одвивало под силни мерки на обезбедување. Обвинетите одоварале за четири дела - подготовка на атентат, помагање во атентат, користење на лажни документи и припадност на терористичка организација. Казните биле најстроги за соучесништво во убиство - за тоа в оваа земја се казнува со одење на гилјотина! Исто така, и за припадништво на тајна организација е предвидена смртна казна.

ИСМЕЈУВАЊЕ Судењето започнало во ноември следната година. Траело само четири дена бидејќи адвокатот - ангажиран од хрватската емиграција во Канада - успевал постојано да прави сцени кои го исмејувале судот. Судењето е прикинато, владата се "пресметала" со судиите (тие се пензионирани предвреме, бидејќи, дозволиле судницата да стане "циркус"). Во меѓувреме во Франција доаѓа до политички промени - на власт веќе е идниот фашистички колаборационист Пјер Лавал. Тој барал на обвинетите да им се суди како на криминалци а не како на терористи.

На обновеното судење во 1936 година Мио Краљ велел дека уценуван, додка бил осуденик, па своевремно лежел во затвор во Целовец и дека морал да пристапи во усташката организација, за преку врски да биде ослободен од издржување на казната до крај, што и се случило, откако ветил лојалност за усташите. Инаку, важел за човек со нарушено ментално здравје, на што тој ја темелел одбраната. Раиќ велел дека бил економски емгранант во Латинска Америка а дека во Јанка Пуста, базата за подготовки, дошол за да се бави со земјоделство (Унгарија, во меѓувреме, пред Лигата на народите "докажала" дека во ова место нема никаква база а дека тоа е измислица на Југославија). Поротата нашла олеснителни околности и обвинетите добиле казна доживотен затвор. Тројца од обвинетите во отсуство добиле смртни казни (Кватерник, Павелиќ и Иван Перчевиќ).

Постојат две верзии што станало со тројцата осудени лица на доживотна робија во француските затвори. Звонимир Поспишил починал по три години во затворот и за тоа нема двојба. Краљ и Раиќ биле ослободени откако нацистите влегле во Франција (1940 г.), по што се вратиле во Хрватска, но според една верзија биле ликвидирана од нивната "братска" власт (Раиќ е отруен во неговиот стан во Загреб), бидејќи, биле незгодни сведоци, според една верзија, при што Краљ бил дури одведен во еден логор?! По втората верзија тие се убиени во првите судири со партизаните, во 1941 година, во Западна Босна со поттекст дека можеби биле наместени да стојат во првите редови... Кватерник побегнал во Аргентина а таму загинал во сообраќајка под неразјаснети околности!

Како и да е, и при овој атентат (да направиме споредба со атентатот на Кенеди) се случува истото како и при сите познати атентати врз познати личности: клучните актери загинуваат а оние кои се нарачатели некаде далеку спокојно го продолжуваат животот, како ништо да не било. Малку е познато дека Хитлер на погребот на кралот Александар го испратил лично Геринг! Тој оставил венец на гробот на кралот на кој пишувало дека тие му се поклонуваат како на свој непријател од Првата светска војна! Павелиќ успеал да побегне од НДХ и умрел после 10-тина години во Мадрид а релативно добро си проживеале и другите "патриоти" како Ванчо Михајлов, на пример, кој доживува длабока старост.