��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

КУКУМЈАВКА

АЦО КАБРАНОВ

Груевски наводно и на Катица и го предложил неговиот план - амнестија за него и Мартин за предавање на власта и повлекување од улиците на оние јадници кои ја бранеле Македонија. Замислете, големиот моќниот наш Луј од најгорниот спрат на партискиот дворец што себеси си го изгради, се разбира со украдени пари од нас, во јавноста преку неговите куртони, но и тој самиот зборува за некој Црпко од Муртино и некоја недоделкана Ката како што ја нарекува, всушност заткулисно ги моли за милост

Попладнево задоцнив во едно кафуле во парк оти муабетот беше ем актуелен, ем многу многу интересен. И ете, кој доцни ќе заглави на улиците од оние де, тврдокорните на Бетмен и Борис оти ја бранеле тажна Македонија од "клетите шиптари", оти ќе ни ја земеле, де.

Неисе, заглавив со таксито во колоната и искрено, гледам дузина, кој со знаме, кој со црвено-жолта врвка околу вратот ги блокирале улиците околу владата. Ги гледам, искрено, за дел од нив онака ми беше и мачно оти има и такви кои наседнале на манипулацијата на нарачаните водачи да бамборат оти ја бранат македонштината..

Ги гледам низ прозорот на автомобилот и си мислам во себе - оние водачите знаат ама го прават по нарачка од интерес, ама имаше и јадници кои стварно мислат дека ја бранат државата, а не криминалот на корумпираната ВМРО-ДПМНЕ. А баш се враќав од муабет на кој од кредибилен извор чув детали за, еве, јас ја викам - операција КУКУМЈАВЧЕЊЕ.

Се сеќавате, пред некој ден Бујар Османи за кого имаме задршка дека како вмровски кадар во ДУИ манипулира, тврдеше дека Заев и Груевски се среќаваат. Партиите промптно демантираа, но Бујар го повтори истото. Епа и мојот извор тврди, да, средби Заев-Груевски имало неколку, и тоа на барање на вториов. На средбите имало само една тема, односно предлог од Груевски, Заев да ги амнестирал од злоупотребите, а тој ќе средел мирен трансфер на власта. Како се среќавале, така се стеснувало и барањето и наводно, последната понуда на Груевски, амнестија само за него и за верниот негов шеф на кабинет Мартин Протуѓер. Наводно Груевски од списокот на желби го шкртнал братучедот Мијалков со проценка дека тој имал најголема вина за ваков неславен крај на нивното владеење. За Мартин, велат, му било жал. Хммм, Груевски и жал… оти од кога почнале бомбите паднал во тешка депресија па дури и вени сечел. Но, Заев не може и да сака да му даде амнестија на Груевски ниту пак да му ветува, ама Груевски веројатно тргнува од себе. Кога тој владееше, тој и братучедите беа господари на се, па дури и на нашите животи.

И уште поинтересно, Груевски наводно и на Катица и го предложил неговиот план - амнестија за него и Мартин за предавање на власта и повлекување од улиците на оние јадници кои ја бранеле Македонија.

Замислете, големиот моќниот наш Луј од најгорниот спрат на партискиот дворец што себеси си го изгради, се разбира со украдени пари од нас, во јавноста преку неговите куртони, но и тој самиот зборува за некој ЦРПКО од Муртино и некоја недоделкана Ката како што ја нарекува, всушност заткулисно ги моли за милост, и тоа само за себе и ете, се смилостивил и за Мартин.

Тоа е, драги мои. Лицемерите јавно се силни а зад затворените врати кукумјавки. Ќе дојде ден, се ќе се дознае, а пустиот Луј ќе остане во историјата за премиер апаш и лицемер.

П.С.

Велат дека истрагата за финансирањето на партијата со сите злоупотреби била готова и на сите документи потписници биле Груевски и Протуѓер. Готова наводно била и истрагата за провизиите од Кина, знаете она од бомбите со "Миле ми текна". Колку и да има сваровски судии блиску е денот, и нели, пред вистината и боговите молчат. Сакам да кажам и сваровски судиите соочени со докази ќе мора да ги репнат, се надевам дебело..