��oj 40   22.01.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Насловна

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 38

Број 37

Број 36

Број 35

Број 34

Број 33

Број 32

Број 31

...

04

LIFESTYLE: Костадин Шурбановски

Зрак светлина

Костадин Шурбановски, главен уредник на Канал 103, е една од вертикалите на ентузијазмот и желбата на пробивањето на урбаната култура на овие простори.

Зрак светлина во темните ходници на Македонската радио-телевизија“. Така некако гласи џинглот на радиото Канал 103. Тој зрак светлина што се протега речиси две децении во постоењето на ова, веќе денес култно радио што толку упорно и ентузијастички се обидува да ја протне урбаната култура на овие простори, денес се протега малку подалеку од зградата на МРТВ. Имено, момците од Канал 103 го имаат регистрирано и Здружението за културна иницијатива „103“, кое зад себе веќе го има објавено албумот на Пиколомини, синглот на „Бадмингтонс“ (од саундтракот на филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи), а неодамна ја објавија и книгата раскази „5“ на стотројкашот Благоја Бошковски - Буцко.

Секако, една од вертикалите на ентузијазмот и на желбата да влеземе и ние во сопствените нормални животи е Костадин Шурбановски, за пријателите познат како Шурбе, за почитувачите на неговата презентирана музика како диџеј Шурбеира. Главниот уредник на Канал 103 познат и' е на јавноста и како организатор на „Оф фест“ и еден од организаторите на Скопје џез-фестивал. Во секој случај, Здружението за културна иницијатива е уште една алка во синџирот на непрекинатото тежнение кон квалитетното освојување на урбаниот простор.



Напишал: Ѕвездан Георгиевски

Фотограф и арт-директор: Кире Галевски

Асистент на фотографија: Игор Тодоровски

Computer handling: Гоце Цветаноски

Фотографијата е снимена во среда, 9 јануари 2008 година во Скопје