��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

"ЕКСПЕРТСКИТЕ ЕКИПИ" СЕЧАТ ОД ЕВН ПО 30 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Многумина вработени во оваа компанија заминаа доброволно како технолошки вишок плашејќи се од насилието на оние кои крадат струја

Според некои наши медиуми, кои се повикуваат на податоците на "ЕВН Македонија" годишно се крадат околу 650.000 квч. во вредност од 30 милиони евра. Најголем дел од кражбите отпаѓаат на домаќинствата, или околу 80 отсто, додека 20 отсто ги прават компаниите

Во земјава се крадело и се' уште масовно се краде струја, но од поново време се прават и други варијанти за да се плаќаат пониски сметки. НЕПРИСТОЈНИ ПРЕДЛОЗИ Особено во последните години, таканаречени "експертски екипи" оперираат насекаде и на граѓаните им нудат услуга да им го наштелуваат броилото за одреден износ, кој, според некои кажувања, варира од 250 до 400 евра. Им ветуваат дека на тој начин ќе плаќаат помалку за потрошената струја, односно, броилото ќе им евидентира помала потрошувачка од реалната. Овие "експерти" се често електричари по професија, но во екипите што ги нудат своите услуги има и поранешни вработени од "ЕВН Македонија", според кажувања на граѓани, но и од сознанијата на одговорните во компанијата.

"Во последниве две години неколку пати ме посетија таканаречени "експертски екипи" со предлог за износ од 300 евра да "ми средат" да плаќам помалку струја во иднина. Ми рекоа, едноставно било, а и тешко некој можел да забележи дека нешто е сменето во броилото. Дури се понудија за помош доколку во иднина имам некаков сомнеж дека нешто не е во ред со моето броило. Ми гарантираа дека имале "свои" луѓе во "ЕВН Македонија" и дека се' ќе се средело дискретно, за одреден износ. Јас одбив. Не можам да живеам во таков страв. Навистина имам голема куќа која ја затоплувам на струја и плаќам високи сметки, но не сакам да имам работа со нешто незаконско. Но, познавам луѓе кои овој нивни предлог го прифатиле", раскажува за медиумите Р.Ф. од Скопје, опишувајќи го "непристојниот предлог" што го добил на средбата со луѓето што се дел од криминалните групи што оперираат низ земјава, нудејќи им на граѓаните преку манипулација на броила да плаќаат помалку за електрична енергија. Искуството на граѓанинот од Скопје, како што велат во "ЕВН Македонија", за жал, не е изолиран случај. Надлежните се веќе запознати со многу вакви примери.



СТРОГИ КАЗНИ ЗА МАНИПУЛАНТИТЕ Всушност, манипулацијата со броилата за да покажуваат помалку потрошена струја е ништо друго туку кражба на електрична енергија.

Интересен е податокот, велат од ЕВН, што освен домаќинства, најчесто во приградските населби, во кражби се впуштаат и цели фирми, кои на тој начин нелегално заштедуваат пари, притоа создавајќи им штети на другите економски субјекти што легално плаќаат за струја.

Од МВР потврдуваат дека интензивно работат на откривање на овој вид криминал. Ги објаснуваат предвидените казни и досегашните резултати од активностите преземени на овој план.

"Кражбата на електрична енергија е кривично дело. Во согласност со член 142 и член 143 од Законот за кривична постапка, предвидена е парична казна од 180.000 до 300.000 денари или казна затвор до 3 години. Ние, во соработка со "ЕВН Македонија" и со другите надлежни служби, интензивно работиме на сузбивање на оваа појава", велат од Министерството за внатрешни работи. Но, казни има не само за лицата што го извршиле делото, туку и за сопствениците на броилата што го дозволиле тоа, додаваат од Министерството. Според МВР, досега се доставени 410 кривични пријави до Јавното обвинителство за кражби на струја, 250 се подготвени и наскоро и тие ќе бидат доставени, 45 се ставени во истрага, а 3 се стасани пред кривичен судија. Финансиските последици за компаниите се огромни. За нив казните за кражба на струја можат да изнесуваат од 3.000 до 20.000 евра, во зависност од тоа колку време било манипулирано броилото.



ШОКАТНА ЗАГУБА Од "ЕВН Македонија" го потврдуваат растечкиот тренд на кражби на струја во изминатиот период. Според податоците од компанијата, годишно се крадат околу 650.000 квч. во вредност од 30 милиони евра. Најголем дел од кражбите отпаѓаат на домаќинствата или околу 80 отсто, додека 20 отсто ги прават компаниите. Но, со зголемувањето на кражбите се зајакнуваат и активностите за нивно сузбивање. ЕВН има воспоставено цел систем за брзо лоцирање и детектирање на кражбите на струја и овој модел дава резултати.

"Од неодамна, преку нов софистициран систем нашите вработени во канцеларија добиваат сигнал за евентуални манипулации на броилата. Имено, системот веднаш сигнализира за злоупотреба на броило, по што наши екипи излегуваат на терен за да направат контрола. Во речиси сите случаи на терен е констатирано дека станува збор за кражба. Потоа, веднаш се информира МВР, која понатаму ги проследува настаните", велат од "ЕВН Македонија".

Додаваат дека досега се откриени повеќе од 1.628 манипулирани броила, каде што полицијата излегла на терен и во согласност со регулативата констатирала дека се работи за кражба. За откривање на кражбите на струја "ЕВН Македонија" и МВР почнаа заедничка акција пред неколку месеци, која ги дава првите резултати. Од компанијата информираат дека на терен се работи интензивно и на дневна основа се контролираат сите сомнителни броила.



АПЕЛ Апелираат до сите корисници да не се впуштаат во вакви незаконски дејства, бидејќи софистицираната опрема овозможува брзо откривање на сторителите, а преку таканаречен "А-тест" се докажува дури и во кое време било манипулирано броилото.

Резултатите од досегашните акции на МВР и на "ЕВН Македонија" укажуваат на фактот дека во кражби на струја не се впуштаат само корисници од ниски социјални категории. Многу често на терен се лоцираат кражби на струја во богати домаќинства, лоцирани во поелитните делови на Скопје и на другите поголеми градови во земјава, за кои плаќањето на сметките не би требало да е никаков проблем. Иста е сликата и кај економските субјекти. "Во кражба се фатени и познати компании кои опстојуваат долги години на пазарот", велат од ЕВН.

Освен што кражбите се кривично дело, тие предизвикуваат и опасни последици за безбедноста. Досега има неколку смртни случаи на лица при обид да манипулираат со броилото, а многу почести се појавите на пожар, при што се направени огромни материјални штети. Од компанијата велат дека луѓето го занемаруваат овој факт и често пати ги изложуваат на опасност своите животи и животите на своите семејства, што е најстрашно на децата.

ШТЕТИ И ЗА ДРЖАВАТА И ЗА ОПШТИНИТЕ Крадците на струја не само што директно ја оштетуваат компанијата и и' нанесуваат директни штети туку и' штетат и на државата. Имено, преку манипулацијата на броилата крадците плаќаат и реално помалку данок, со што го оштетуваат државниот буџет. Според некои пресметки, досега по основа на неплатен данок, поради кражби на електрична енергија, државната каса е оштетена за 5 милиони евра на годишно ниво. Оние, пак, што крадат струја преку диво приклучување на мрежата на "ЕВН Македонија" им ги намалуваат и приходите на општините бидејќи на тој начин, и покрај тоа што користат, не плаќаат такса за улично осветлување. Оттука, неминовен е заклучокот дека кражбите на струја се општествен проблем кој негативно влијае врз повеќе општествени дејности. А, за да се постигнат што поголеми ефекти во напорите за сузбивањето на оваа појава, "ЕВН Македонија" води и внатрешна контрола за да лоцира дали и вработени во компанијата се во спрега со криминалните екипи што нудат услуги за манипулација на броила. Досега, како што велат од компанијата, се лоцирани неколку случаи преку кои МВР веќе покренува постапки.