��oj 46   04.03.2008
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Насловна

Претходен број

Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 44

Број 43

Број 42

Број 41

Број 40

Број 39


Број 38

Број 37

Број 36

Број 35

...

78

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Од 4 до 11 март



ОВЕН

Се наоѓате во сјајна можност да влијаете на одредени услови или на новиот тек на случувањата на професионалната сцена. Важно е да го зачувате добриот рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, немојте да дозволете некој да ви диктира одредени услови, приоритети или правила во професионалната соработка. Постои личност која непотребно ја отежнува вашата професионална или статусна позиција. Во својот емотивен занес имате големи очекувања и потреби, но партнерот не е во состојба да ги исполни сите ваши желби и барања. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов да добиете максимум доверба од партнерот во однос на реалните можности.





Здравје - проблеми со крвниот притисок





БИК

Изгледате активно на различни страни и имате доволно самодоверба, што претставува добар предуслов за понатамошен професионален напредок. Умеете вешто да ги искомбинирате практичните решенија со расположението на своите соработници и да ги остварите заедничките интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции. Постојано го анализирате својот однос со саканото лице во намерата да одгатнете различни дилеми. Немојте да дозволите некој друг да ги толкува вашите чувства или да ги објаснува вашите намери. Бидете искрени и отворени на средбата со саканото лице.



Здравје - чувајте се од настинки



БЛИЗНАЦИ

Барате најдобар начин да одговорите на нечии барања и да го зачувате својот професионален интерес, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптоварувате со некои професионални договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошен тек на случувањата. Немојте да дозволите да ве обесхрабри некоја мала загуба во материјална смисла. Мудро дочекајте подобри услови. Изгледате напнато во љубовниот однос, не го добивате вниманието што го очекувате. Некој не одговара на вашите желби и пораки. Партнерот најчесто ја спроведува својата волја и ви се чини дека лесно се оддалечувате од заедничките планови.



Здравје - хронични пречки





РАК

Се наоѓате во креативна фаза, ви се нуди можност да остварите професионално-финансиски успех или напредок. Интересните идеи и професионални понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги. Важно е да имате добро претчувство, како основна водилка во љубовниот живот. Расположени сте за нова љубовна романса или возбудливи случувања кои треба да го разубават вашиот однос со саканото лице. Не ги криете очекувањата и намерите, сакате да ги остварите своите тајни соништа.



Здравје -емотивна исполнетост



ЛАВ

Новите случувања на професионалната сцена или нечие однесување можат да ве забават во спроведувањето на важните планови. Успехот има релативно значење и толкување, па затоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинското место или пред лицето кое има доволно слух за слични професионални интереси. Изгледате загрижувачки, но некој од страна може да го искомплицира вашиот љубовен живот или плановите што ги имате со саканото лице. За среќа, вие сте доволно искрени и одлучни во своите намери, нема да дозволите за вас да се шират лоши гласови. Умеете да ја засените околината и да му удоволите на својот партнер.



Здравје - подобрување



ДЕВИЦА

Упорно ги браните своите професионални и стратегиски интереси, така што ве очекуваат бројни признанија на различни страни. Нема потреба да правите професионални компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Доколку некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на правилата. Поради бројните обврски пропуштате различни случувања во приватниот или во љубовниот живот. Забележувате чести промени во расположението или необичното однесување кај саканото лице. Потребно е подобро заемно разбирање и ново емотивно зближување.



Здравје -значително подобрување





ВАГА

Направивте погрешна професионално-финансиска процена така што ве очекуваат дополнителни компликации. Добро размислете на кој начин треба да ги зачувате своите професионални интереси. Во налет на емоции или страсти, упатувате различните забелешки на саканата личност. Главно останувате без саканиот одѕив. Партнерот останува на своето уверување дека се разбира подобро од вас во низа различни теми или области од заедничкиот живот, што дополнително ве иритира. Поради новите несогласувања, изгледате напнато и вознемирено.





Здравје - внимателно во сообраќај



СКОРПИЈА

Изгледате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш случувањата на работа ви ја одземаат контролата. Се обидувате да ги усогласите различните интереси и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. Чувствувате голем занес и потреба да ја доверите својата љубовна среќа или нечија емотивна наклонетост. Во налетот на емотивна инспирација, тешко поставувате граница меѓу својата слободна фантазија и реалноста. На повидок е ново познанство кое ќе ве заинтригира.





Здравје - чувајте се од повреди



СТРЕЛЕЦ

Добро сте информирани за новите случувања на професионалната сцена и сакате да остварите низа значајни цели. Се наоѓате во сјајна психофизичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во професионално-финансиските преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат бројни привилегии во односот со соработниците. Новите изговори не можат да ве оправдаат пред блиското лице. Важно е да ги усогласите разумот и чувствата. Доколку сте слободни, ви претстои ново познанство или ненадејна љубовна романса.



Здравје - проблеми со крвниот притисок



ЈАРЕЦ

Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите своето знаење и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате дека моментните резултати се вашиот професионален максимум. Доколку премногу се олабавите и препуштите работите да заземат свој тек, некој друг може да ве истисне од првите борбени редови. Секое лично усовршување претставува битен напредок. Се чувствувате задоволно, спокојно или среќно во близина на саканото лице. Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и изгледате шармантно на друштвото околу вас.



Здравје - проблеми со бубрезите



ВОДОЛИЈА

Изгледате амбициозно и постојано ги проширувате своите професионални интереси, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателни во комуникацијата со професионалните партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирањето на правилата за заедничкото работење донесува нови компликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми. Добро размислете за се' што се случува меѓу вас и личноста која неодамна ја запознавте. Имате впечаток дека партнерот вешто ги крие своите намери, што дополнително влијае на вашата емотивна несигурност или нервоза. Упорно трагате за нов одговор или вистина.



Здравје - хронични пречки



РИБИ

Се подготвивте за серија нови случувања на професионалната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја изневериле вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи професионални амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите професионални контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања. Саканото лице изгледа нестрпливо во исчекувањата да ги исполните своите ветувања, но вие имате добра љубовна стратегија и ништо не препуштате на случајот. Умеете да блеснете во вистински момент. Ќе ве израдува некое необично познанство.



Здравје - емотивна исполнетост