��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

"АЛО" ШТО ОТВОРА ПОГЛАВЈА

Косово доби повикувачки број, а Србија можност да отвори едно а можеби и три поглавја?!

Во текстот со наслов "Астериск кај Албанците", весникот "Франкфуртер алгемајне цајтунг" во саботата опширно ги анализира состојбите во Косово, со акцент на преговорите со Србија во Брисел и проблемот со повикувачкиот број.

Во текстот, меѓу другото, се вели:

"Од страна на Косово, со западна помош, прогласената независност во 2008 година беше независност од втора класа. Косово до денес не е членка на ОН, затоа што српскиот партнер - Русија се заканува дека ќе го блокира приемот со вето во Советот за безбедност. Со оглед на тоа што членството во многу други меѓународни организации не е можно ако земјата не е членка на ОН, тоа со себе повлекува домино-реакција на затворени врати. Косово рака на срце е членка на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд или, од неодамна, на фудбалските сојузи ФИФА и УЕФА, затоа што таму Москва нема право на вето, но најмладата држава во Европа и натаму мора да се откажува од многу обележја на независноста. Тоа во моментов важи и за еден навидум банален детал: сопствен повикувачки број...

Тоа што Косовците немаат сопствен телефонски број за нив не е толку споредно како што звучи. Прво, за косовските министри е тешко кога при посетите во странство мора да делат визит-картички со српски повикувачки број. Меѓутоа, уште потежок од ова е економскиот товар. За од српскиот предброј да може да се одвои барем мобилната мрежа, во 1999 година е склучен договор со Монако, а подоцна со Словенија. Оттогаш Косово плаќа за правото на користење на овие странски повикувачки броеви. Тоа е скапо...

По повеќегодишни преговори, Косово и Србија со посредство на ЕУ на крајот на 2016 година постигнаа компромис, кој скратено гласи: Косово добива повикувачки број, српското малцинство добива широки, од страна на Србија финансирани, права на самоуправување. На 15 декември 2016 година ИТУ (Меѓународна телекомуникациска унија) во Женева официјално му додели на Косово нов повикувачки број...

Префрлањето на новиот повикувачки број (+383, н.з.) најверојатно ќе трае 18 месеци и тој ќе биде само делумно ефективен. Како отстапка за српското малцинство, телефонските разговори со Србија, иако тогаш ќе бидат формално разговори со странство, и натаму ќе се наплаќаат по локална тарифа. На крајот на преодната фаза, освен тоа, треба да биде распишан тендер за трет косовски мобилен оператор, при што, можеби под меѓународен надзор, ќе може да конкурираат и српски оператори. Во основа, Белград и Приштина по тешки преговори постигнаа согласност уште во 2013 година, на неутрална територија - во Брисел, но натегањето околу деталите траеше повеќе од три години. Меѓу другото и затоа што во Белград, но пред сe во Приштина, националистичката опозиција, која на секој компромис гледа како на предавство на земјата, им ги отежнуваше преговорите на делегациите испратени во Брисел. Но и властите, како и медиумите во Белград и Приштина, имаат проблем со 'зависност од нулта сума', која се изразува преку тоа што секој свој успех се прославува како пораз на другиот. Притоа, Србија со својата некогашна провинција склучува договор само ако во сите документи станува збор за Косово*. Астерискот (ѕвездичката, н.з.) на крајот укажува на фуснота во која се објаснува дека Србија не ја признава независноста на Косово. Белград се држи цврсто до оваа 'астериск политика' и тврди дека +383 во никој случај не е меѓународен, туку е само 'географски' повикувачки број за територија во Србија. Освен тоа, како што се вели, повикувачкиот број му 'припаѓа' на Белград и е доделен само со можност да биде и повлечен. Со оглед на тоа што повлекување на еднаш доделен повикувачки број не е толку едноставно, косовските Албанци во основа не би морале да се грижат за ваквите дефинициски акробации. Меѓутоа, тие би морале да прифатат дека општините и енклавите на српското малцинство во иднина и формално ќе се обединуваат во еден вид држава во држава... Тоа потсетува на Република Српска во Босна и Херцеговина. Таа од политички аспект е веројатно неопходна, но не придонесува за функционалност на Босна и Херцеговина."