��oj 386   23.09.2014
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Банкарот кој имаше огромна медиумска контрола уште во првите часови по објавувањето на обвинението, стана жртва на оние во кои вложи толку многу пари во текот на минатите години

СЕДУМ СЕЛА СЕ ИЗБОРИЈА ЗА СВОЕ "ГРАЃАНСТВО"

Во општина Велес е создадено населеното место Kлуковец, во општина Kуманово селата Војновиќ и Kостурник, во Пехчево селото Спиково, во Га-зи Баба Винче и Kолонија и во Ѓорче Петров селото Kисела Јабука. Заради ова, Собранието на РМ на вчерашната седница донесе и измени во Зако-нот за територијалната организација

Седум нови села во изминативе години се создадени во Македонија како резулатат на динамичниот демографски, социо-економски и просторен раз-вој во рамките на пет општини во земјава. Во општина Велес е создадено населеното место Kлуковец, во општина Kуманово селата Војновиќ и Kос-турник, во Пехчево селото Спиково, во Гази Баба Винче и Kолонија и во Ѓорче Петров селото Kисела Јабука. Заради ова, Собранието на РМ на вчерашната седница донесе и измени во Законот за територијалната орга-низација со кои овие нови села се вклучени во составот на овие општини.

Според заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, од донесувањето на постојниот закон во 2004 година до денес се поднесени повеќе барања до Владата и до Министерството за локална самоуправа за формирање нови села. Исто така, посочи, до Собранието на Република Македонија поведени се три иницијативи за изменување и дополнување на Законот, со утврдување нови населени места.

- Со формирањето на новите села ќе се овозможи понепосредна, поефи-касна и порационална услуга на граѓаните. Формирањето нови села се од-несува на формирање населени места во рамките на катастарските грани-ци на постојни села, односно не предизвикуваат промени на границите на општините и не е потребно изјаснување преку референдум, рече Пренџов.

Иницијативата за двете села од Гази Баба ги покрена пратеник СДСМ Борис Георгиевски во август 2010 година, откако се утврди дека со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа овие места не се допишани. Тоа важии и за велешкото село Клуковец.

- Тоа се единствени населени места во Република Македонија што се пропуштени во последната територијална организација. Во Виниче живеат околу 400 етнички Македонци, во Нова Колонија околу 1.200 етнички Македонци, а во населеното место Клуковец има 300 етнички Албанци. Според тоа, населените места Виниче, Нова Колонија и Клуковец не се мртви, туку се живи населени места, со месно население кое има жителство, но е без право на месна самоуправа, без право на катастарска општина, без право на населено место. Поради тоа, жителите на Виниче своите права ги остваруваат во соседното село Црешево, жителите на Нова Колонија своите права ги остваруваат во соседното Идризово, а оние од Клуковец одат во Оризари. Со предлог-законот за дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, се исправа еден пропуст во пописот и описот на населените места - стои во образложението на тогашната иницијатива.

Селото Виниче се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора а на еден километар источно од с. Црешево..

Најраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика се претставени со два археолошки локалитети: тврдината Градиште и гробницата на месноста Огради.

Градиште е кастел од доцноантичко доба. На североисточниот крај на некогашното село Виниче, Скопска Црна Гора, високо во планинскиот масив, на еден рид со зарамнет врв и со површина од 70 x 40 м се гледаат остатоци од одбрамбен ѕид, ограден од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Огради е некропола во селото од доцноантичкото време. При обработувањето на земјата, во нива е откриен доцноантички гроб. Гробот бил конструиран од необработени камени плочи, а во функција на капак била употребена една надгробна плоча со димензии од 135 x 100 x 20 см и со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на машка и женска биста. Споменикот се наоѓа на местото каде што е најден.



Во ХIX век селото ? припаѓало на Скопската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил Канчов ("Македонија. Етнографија и статистика") во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци -христијани.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го опишува Винче (Vin?e) како село со нејасен етнички состав. Името на селото го носи ликовната манифестација "Виниче" со културна програма околу црковниот комплекс "Св. Илија.



Името Виниче инаку, според некои слободни споредби може да произлегува од словенското име за една лековита билка (латински Anchusa officinalis). Taa во умерени дози лекува кашлица и стомачни болки, како и болки во забалото. Во поголеми количества е отровна. Се разбира, можни се и други толкувања. Во Србија месноста Винча е локалитет на една од најстарите цивилизации.

Радува фактот дека има села кои се борат за свое "граѓанство".