��oj 391   28.10.2014
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Пред да го убие калот Александар Караѓорѓевиќ крвникот Черноземски убил многу видни македонски дејци. Започнал со Димо Хаџи Димов...
Започна судењето во Минхен и на стартот одбрана извојува, според локалниот печат голема победа - го декласира првиот и главен сведок!

МКЦ, МОТ+ПРОДУКЦИЈА: "КОЈ ПУКАШЕ НА 21-ВИ?": ЗА КОЛЕКТИВНОТО И ЗА ИНДИВИДУАЛНОТО РАСПАЃАЊЕ

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Претставата "Кој пукаше на 21-ви?" во режија на Нина Николиќ е работена според драмскиот текст "Mad Forest" на Черил Черчил, и е знаковна. Продукција е на Младинскиот културен центар - Скопје во чија програма е и Младиот отворен театар и со оваа претстава започна одбележувањето на 40 годишнината на МОТ, во септември 2015. Авторката на текстот е Британка за која провокација за драмското писмо и се настаните на 21-ви и 22-ри декември 1989 година во Букурешт, Романија. Време кога е уапсен претстедателот на Романија, познатиот диктатор Николае Чаушеску и заедно со сопругата, по кратка постапка, се стрелани. Значи, време на романската револуција. И време на и по секоја револуција, промени, стравови, очекувања. Време кое следува а во општествата и животите на луѓето доведува до колективно и индивидуално распаѓање.

Претставата е реализирана со екипа "собрана околу проект" што и дава уште еден знак за процес во кој секој влегува со чиста мисла и јасен став. И затоа резултатот е заедничка претстава која многу кажува и за нив и за нас - нејзината публика.

АНГАЖИРАН ТЕАТАР Режијата на Нина Николиќ за основа ја има екипата од исто млади актери, таков е и останатиот авторски тим, а играат и неколкумина искусни актери што е елемент плус. Исклучителноста на продукцијата е и фактот што низ неа се препознава/говори/чита или стравува од каде и било која диктатура и што асоцијациите се со поента за севажност.

Театар е кој говори за актуелни состојби во општества/земји во кои луѓето се задушуваат во диктатурите што ги спроведуваат властите/власта.

Така е конципирана, таква и се игра. Како продукција која е сосема во контекстот на театарот кој денес се создава/игра во Европа: ангажиран, вистинит, на лице место с? се отвора. Трае и завршува без "скриени" места во играта на актерите, во видео снимките со оригинални содржини или актерски интерпретации. И сценографијата се обликува/менува пред публиката, костимите се исто на сценскиот простор и тука се менуваат... Значи, сè е отворено, сè е пред гледачот кој ако влезе докрај во приказната, од претставата излегува со јанѕа: во што се претвора било која диктатура. Или, уште пострашно: што сè може да ни се случи и нам во ова денешно (не)време.

РАСПАЃАЊА Во целиот тој отворен простор (претставата се игра во МКЦ во пространата Дансинг сала, или "25 Мај", премиерата се одигра на 23 октомври 2014) за уште по отворен процес на/за работа, режијата на Нина се потпира на актерската игра. Едно наспроти другото се двете семејствата со нивните интимни/доживеани настани и чувства, при што иманентни се распадите, проблемите, распаќата и беспаќата. Актерите верно ја отвораат и затвораат трагичната приказна низ отворениот концепт за игра и расчленување на различните нивоа на целите со кои се влегло во прашањата кои се без одговори "Кој пукаше на 21-ви?" или "Дали имавме пуч или револуција".

Играат Ѕвезда Ангеловска, Петар Арсовски, Владимир Лазовски, Благој Веселинов, Стефан Вујисиќ, Нина Деан, Билјана Јовановска, Мартин Јордановски, Нина Максимова, Владимир Петровиќ и Кристијан Светиев, а во снимените видео материјали се Синоличка Трпкова, Васил Зафирчев, Дарја Ризова и Снежана Стамеска. Има и оригинални видео снимки, со насилства и смрт, па и затоа има предупредување дека не е за помали од 12 години. Авторка на костимографските решенија е Ивана Каранфиловска Угуровска, автор на музиката е Александар Пејовски, Јане Чаловски е автор на сценографското решение, Ѓорѓи Клинчаров е дизајнер на светлото и видео материјалите, а Русе Арсов е продуцент.



ВО КРУГОТ НА ГРЕШКИТЕ Заедно се сложна авторска екипа која дејствието го води низ три сегмента: време на режим и страв, време на револуција и време на распад на индивидуата по падот на режимот и општествениот систем. Динамиката со која се менуваат сцените и настаните се слика на општествата во кои денес се живее. На ниво на личното и на колективното. Затоа и целта до која стигнала целата екипа е јасна: го "воведува" гледачот (и себе) до ниво кога ја сфаќа колективната општествена ситуација и го сфаќа/гледа внатрешниот распад на секој лик и секој поединец.

Претставата инсистира на кругот во кој се повторуваат грешките од минатото и речиси никогаш не му служат никому како пример за она што не би требало/смеело да се повтори. А се повторува. Стравот е стравичен.

Така актерите и ги играат/отвораат своите ликови. И сите комуницираат меѓусебе сложно, очигледно на рамниште на истомисленици и актери/творци со став кон она што не би сакале да се случи. Без разлика кој пукал, дали било пуч или револуција, дали е диктатура која сее страв и води кон колективно и индивидуално распаѓање.

ИДНИНА Сите елементи како адути за претстава од која се заминува со "дупка" сеедно дали во душата или стомакот, се во начинот на кој се работело. Во разработената и раздробена па составена во целина идеја/режија на Нина Николиќ, во мудрата игра на Петар Арсовски, Ѕвезда Ангеловска и Владимир Лазовски, во динамичната, отворена и искрена игра на Нина Деан, Билјана Јовановска, Благој Веселинов, Стефан Вујисиќ, Мартин Јордановски, Нина Максимова, Владимир Петровиќ и Кристијан Светиев.

Тешко дека кој било лик би го имал тој домет без повратната поддршка на партнерот или ликот од било која сцена и било која ситуација во пеколниот круг на диктатурата. Целата претстава е, реков, круг во кој секој си го има своето место "во живо" или од, исто потресните видео приказни/кажувања на актерите, и оние уште поверодостојните - документарните. Тркало на бесмисленоста на било која диктатура и она што било или следи после неа.

Сè во сè "Кој пукаше на 21-ви" е претстава вон стандардите на театарската приказна во Македонија, самостоен проект на самоодбрани творци и резултат кој, судејќи според условите, ќе има одек и надвор во контекст на ангажираниот нов европски театарски израз.