��oj 142   05.01.2010
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број

Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 140

Број 139

Број 138

Број 137

Број 136

Број 135

Број 134

Број 133

Број 132

Број 131

...

42

МАКЕДОНЕЦ ЌЕ ГО СПАСУВА СВЕТОТ

Изумот на Ванчо Димитров го решава прашањето на апсорпција на издувните гасови од фабричките оџаци

Пишува: Иван Бојаџиски

Ниту на самитот во Копенхаген светските лидери не постигнаа договор во однос на прашањето за климатските промени и заштитата на планетата Земја, нашиот единствен дом. И додека советот на мудрите водеше јалова дебати а илјадници активисти за зачувување на природата од уништувачката енергија на човекот протестираа низ Копенхаген, еден инвентивен Македонец, пронаоѓач од Кочани, храбро, одлучно и самосвесно им ја испрати најоптимистичката порака во однос на предметот на нивната дебата, односно за спас на светот. 

ВАНЧОВАТА ПОРАКА ДО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ „Почитувани претседатели присутни на самитот во Копенхаген. Ако внимателно го слушате она што го говорите (читате) на самитот ќе сфатите дека рефератите на сите ви се со иста содржина, па бидејки немате решение се служите само со статистика. Но, да Ви се претставам: јас сум Ванчо Димитров од Република Македонија и јас го имам решението на проблемот. Добитник сум на Гран при на Светската изложба на иновации во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“, систем кој гарантира свет без загадување од индустријата, автомобилите, домакинствата... Ве информирам дека за еден месец ќе ги завршам подготовките, а веќе напролет својот изум ќе го презентирам како прототип. Ќе запалам еден куп автомобилски гуми, пластика, текстил, мазут, и сите други можни енергенси за на дело, во присуство на познатите научници од оваа област, да докажам дека во мојот пронајдок се крие спасот на светот од големото загадување чиј резултат се големите климатски промени“, вели Димитров.

Во интервју за „Глобус“ иноваторот од Кочани, во чиј дом се наоѓат дваесеттина највредни светски признанија за иновации кои се од капитално значење за човештвото, по цели десет години молк и криење од јавноста, ја раскажува својата приказна во чија основа се пронајдоците кои можат да го спасат светот од самоуништувањето и да го подобрат животот на многу луѓе на нашава планета.

Ванчо Димитров вели дека десет години молчел, а дванаесет години работел на својот четврт пронајдок со што ќе го исполнел својот сон, ќе ја остварел смислата на своето постоење.-Се заколнав себеси и пред моето семејство дека откако сите четири проекти ќе ги доведам до фаза на употребливост да почнам, еден по еден, да ги претставувам пред нашата и светска јавност. Се работи за проекти кои ќе бидат од голема ако не од пресудна важност за човештвото. Сега, откако пред половина месец го завршив и четвртиот проект, ја прифатив поканата на „Глобус“, преку неговите страници, јавно да проговорам за се' она кое го создавав близу три децении а кое, веќе од идната пролет, ќе му стане достапно и на светот“, вели инвентивниот 63 годишен кочанчанец.

ФАБРИКИ БЕЗ ОЏАЦИ Првиот пронајдок кој Ванчо Димитров напролет ќе и го претстави на јавноста е токму проектот „Систем за апсорпција на издувни гасови“. Тој се одлучил на ваков чекор поради катаклизмата која му се заканува на човештвото како резултат на глобалното затоплување кое пак е резултат на издувните гасови кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.

-Овој изум го решава прашањето на апсорпција на издувните гасови од фабричките оџаци, без оглед на фактот колкави се тие и какви енергенси се употребуват во односните фабрики. Јас знам што правам, знам за што говорам и како визионер иднината на светот ја гледам без фабрички оџаци. Овој проект ќе го промовирам како прв од серијата мои проекти, бидејки на земјината топка има милиони фабрички оџаци чии сопственици, во трката по профит, не водат премногу сметка за човековата животна средина. Прототипот е долг десет метри а промоцијата ќе ја извршам на таванот од мојата куќа која е во центарот на Кочани. Ќе запалам голем куп гуми, пластика, мазут, текстил, картон, се' што испушта дим, и со научниците и оние кои ќе бидат поканети на промоцијата на епохалното откритие, меѓу кои секако ќе бидата и репортерите на вашиот неделник, ќе гледаме како сето тоа гори а никаде околу нас нема дим! Така ќе ги разуверам и најголемите скептици дека џабе не сум потрошил 28 години од мојот живот кои, пак да повторам, ги посветив на темелните потреби на човештвото“, потенцира Димитров. 

„НЕ“ ЗА ЧЕТИРИЕСЕТИНА АВТОМОБИЛСКИ КОМПАНИИ Кочанскиот пронаоѓач овој свој пронајдок се' уште го нема заштитено. Вели дека му се потребни 200.000 евра за ангажман на светски познати адвокати на кои специјалност им е заштитата на индустриската сопственост. Тој тие пари ги нема, а и на сите домашни порти на кои досега тропнал не наишол на разбирање. Останатите пронајдоци Димитров ги има заштитено на светско ниво. Во 1996 година тој го заштитил и својот пронајдок за заштита на животната средина од издувните гасови на возилата. Овој пронајдок Димитров го претстави на Светската изложба на пронајдоци во Брисел во 1996 година и за него доби највисоки признанија.-„Уште во Брисел ми пристапија менаџери на четириесеттина фабрики за производство на автомобили барајки да им го продадам пронајдокот или да оствариме соработка на кое било ниво. Иако бев без пари и покрај сите признанија кои ми ги даде светот, во нашава Македонија никој не се сети на мене, не ме побара да ме праша дали и каква помош ми е потребна. Барањата од странските држави ги одбив. Си останав доследен на заветот дека, се' додека не биде готов и четвртиот пронајдок, нема да ги ефектуирам претходните три“, појаснува пронаоѓачот Димитров. Тој, изумот за апсорпција на издувните гасови од автомобилите, како и изумот за апсорпција на гасови од домашните печки ги вбројува во единствената номенклатура на пронајдоци за „0“ проценти издувни гасови во воздухот.-„Гарантирам дека наскоро светот ќе вози автомобили без ауспуси а куќите ќе се градат без оџаци“, тврди Димитров.

И додека светот со нетрпение ја очекува пролетта на големото откритие кое не само Ванчо туку и цела Македонија, на еден посебен начин ќе ги прослави во светот со епохалните откритија од корист за сите, Димитров, во својата куќа во центарот на Кочани, ни ја раскажува приказната за двата други негови изума, Едниот го има патентирано под името „Проект чиста вода-индивидуални колектори“, а вториот под името „Храна за цел свет“.

ПИСМО ОД КРАЛОТ НА МАРОКО Овој интересен човек полн со творечка енергија, дава гаранција дека еден од неговите пронајдоци ќе ја елиминира потребата од поставување канализациски системи во населените места. Се работи за изум кој фекалиите од секоја куќа или станбена зграда ги складираат во специјален контејнер а водата ја прочистува преку индивидуални колектори по што таа повторно се користи како техничка вода. Фекалиите спакувани во контејнер се користат во земјоделството како најквалитетно ѓубриво. –„Во 1998 година ме изненади писмо од кралот на Мароко Хасан. Кралот кој со посебен пехар го награди мојот проект за апсорпција на издувните гасови, во писмото посебен интерес пројави за проектот „Чиста вода-индивидуални колектори“. Писмото од Кралот Хасан го чувам во мојата архива, во еден стар фрижидер во кој ги имам систематизирано сите околу 300 писма што сум ги добил во однос на моите пронајдоци. Кралот Хасан побара да го посетам, со забелешка дека сака колекторите и контејнерите да се произведуваат во Мароко. Казабланка е град со четири милиони жители, со еден милион колектори и исто толку кубни метри фекалии. Во пустинските предели фекалиите можат да покријат површина од четири милиони метри квадратни и пустината да ја претворат во плодни ниви од кои ќе се добива на илјадници тони храна. При ова треба да се има во предвид дека фекалиите од човековиот организам се најквалитетно ѓубриво за нивите. Кралот беше подготвен да ми ги плати сите трошоци за пат до Мароко и престојот таму, ама јас останав доследен на својата обврска да го завршам и четвртиот проект“, вели Димитров.

Третиот од четирите пронајдоци кои се готови е заведен како проект „Храна за цел свет“. Се работи за опрема конструирана од Димитров за индустриско одгледување на оризовиот расад и за машинско расадување на белото злато. Тој проект кја нас место една нуди две а на екваторот дури осум жетви годишно. Владата на Малезија испратила свои луѓе кои дошле кај Ванчо во Кочани и кои барале соработка прифаќајки кој било негов услов.-„Им реков да дојдат кога ќе биде готов и четвртиот проект“, тврди Димитров.

ПРЕД АВСТРАЛИСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ Но, да се вратиме на проектот кој треба да ги елиминира издувните гасови и со тоа да го спаси светот од климатските промени на која тема во Копенхаген се водеше жестока дебата. Овој станал проект интересен и за луѓето од Владата на Австралија на чија покана Ванчо Димитров бил во оваа земја во 1997 година.

-Ме поканија во Австралискиот парламент на средба со пратениците. Додека говорев за пронајдокот во салата имав исклучително внимателни слушатели. Потоа дојдоа нивните прашања. Се интересираа за се'-од условите во кои работам, до материјалната поддршка од државата и за можноста за соработка со Австралија преку отварање фабрики за сериско производство на пронајдокот. И ним им го кажав тоа што на сите го говорев- дека нема ништо од соработка се до завршувањето на четвртиот проект. На крајот тие ми признаа дека пред средбата со мене имале средба со германски иноватори кои имале ист проект за на крајот да ми признаат дека моето излагање им било многу поуверливо. Поканата за соработка и тоа кога јас ќе бидам готов, се' уште стои во мојата архива, вели Димитров.

По Брисел 1996 година, Ванчо бил канет и угостуван од многу европски влади, престојувал во САД. Сепак, најголем интерес насекаде предизвикувал пронајдокот за апсорпција на издувните гасови.„Од сите нив добивав покана за соработка, ми се нудеа државјанства само кај нив да го донесам пронајдок кој светот треба да го ослободи од најголемата катастрофа-климатските промени. Сакав и сакам моите пронајдоци да го имаат предзнакот „македонски“. Иако никој финансиски не ме поддржа, а работата што ја работам не е ефтина и бесплатна, јас со надеж и со возбуда ја очекувам оваа 2010 година кога и најтврдокорните скептици ќе ги уверам дека од Македонија ќе тргнат пронајдоци кои ќе го спасат светот“, тврди Ванчо Димитров.

Одбил 400 милиони долари

Да сакал да биде богат Ванчо Димитров сега можел да биде милијардер. Човекот одбил многу понуди да го продаде својот пронајдок за стопроцентна апсорпција на гасовите на странски бизнисмени. Му биле нудени големи удопства, големи пари, луксузен живот, сигурна иднина за него и за неговите најблиски. Но, Ванчо сите тие понуди ги одбил.

-За време на посетата на Нов Јужен Велс, каде бев на покана од нивната Влада, средба со мене побара претставник на компанија од Јапонија чие име не сакам да го спомнувам поради можна идна соработка. Претставникот се претстави како адвокат на таа компанија, тоа го поткрепи со документ, и беше мошне директен. Ми понуди 400 милиони долари само за почетна соработка со нивната компанија, а потоа и процент од профитот. Но, јас сето тоа го одбив бидејки не го бев завршил четвртиот проект а, покрај тоа, јас сум и патриот кој сака светот да знае дека едни големи пронајдоци кои му помогнале да биде подобар се од македонско потекло“, тврди Димитров. Тој вели дека ако во иднина не најде подршка во сопствената држава сосема ќе се повлече и тивко ќе исчезне некаде во белиот свет за од таму, ние тука, во Македонија, да слушнеме за неговите епохални пронајдоци.

Шпорет без бурии

Во зимата во 1997 година, за првпат бевме во домот на Димитрови. Надвор беше мошне студено, а во собата во која седевме-топло. Но, она што не збуни беше фактот дека семејството се грееше на печка на дрва а бурии не видовме никаде.-„Да не беше куќата градена многу одамна ќе немаше ниту оџаци. Од бурии нема потреба, бидејки мојот изум не дозволува испуштање на дим во атмосферата“, ни рече тогаш домаќинот Ванчо.

Кога пред десеттина дена, за потребите на овој разговор, повторно бевме кај оваа семејство не изненади фактот што буриите си беа на место а од оџакот излагуваше сивкаст дим.-„Не чудете се, го отстранив уредот и го заштитив бидејки имаше неколку обиди тој да биде украден. Пријавувавме во полицијата, но заштита не најдовме“, вели Ванчо.

Исто се случувало и со семејниот автомобил на кого пронаоѓачот Димитров го имал отстрането ауспухот и без ауспух го возел низ Кочани а од него не излегувал дим.-„Неколкупати се обидуваа да го украдат уредот за апсорпција на гасот поради што прво го соѕидав автомобилот а потоа моравме да го извадиме и уредот“, вели синот Орце, кој има 32 години и на кого татко му го пренел целото свое искуство и знаење па тој важи за негови иновативен наследник.