��oj 162   25.05.2010
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 160

Број 159

Број 158

Број 157

Број 156

Број 155

Број 154

Број 153

Број 152

Број 151

...

04

LIFESTYLE: Марија Бежановска-Левавасер

Живот посветен на книгата

Марија Бежановска-Левавасер, неодамна на француски ги преведе приказните на Марко Цепенков, а претходно ја доби најпрестижната француска награда за преводот на драмскиот текст „Демонот од Дебар Маало“ на Горан Стефановски

Една мала книшка со приказните на Марко Цепенков неодамна се појави во француските книжарници. „Вината“ што конечно и Французите ќе се сретнат со Силјан Штркот, секако, и' припаѓа на Марија Бежановска-Левавасер, госпоѓа што подолго време живее во Франција и на која можат и треба да и' се заблагодарат многу овдешни автори за нивното претставување во Франција.

Од нејзиниот прв превод, романот „Вест Ауст“ на Божин Павловски па до денес Бежановска има преведено 30-тина дела од македонски на француски јазик. Едно од последните е најновиот драмски текст на Горан Стефановски „Демонот од Дебар Маало“, за кого ја доби престижната француска награда за најдобар драмски превод. Кога сме веќе кај признанијата, мораме да споменеме дека Бежановска е носител и на Орденот за уметност и литература, едно од највисоките признанија што француската држава ги доделува во областите со кои се занимава Бежаноовска-Левавасер.

Сето ова го спомнуваме во контекст дека ниту приказните на Цепенков, ниту драмскиот текст на Стефановски ни финансиски ниту поинаку не се поддржани од македонската држава. Тоа, секако, не ја спречува Марија да продолжи да го приопштува македонскиот збор на фрнацуското јазично подрачје, па веќе работи на преводите на романот „Вештица“ на Венко Андоновски, „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска-Георгиева..., а се подготвува и за други преводи.

Марија Бежановска-Левавасер преведува и од француски на македонски (добитник е на наградата „Златно перо“ на Сојузот на преведувачи на Македонија), но и од другите словенски јазици на француски. Прва, на пример, го преведе „Хазарскиот речник“ на Милорад Павиќ на француски јазик и така го одбележа неговиот брилијантен почеток во освојувањето на европскиот литературен пазар.



Tекстот го напиша: Ѕвездан Георгиевски

Арт-директор: Кире Галевски

Computer handling: Гоце Цветаноски

Фотографијата е направена на 19 мај 2010 година, среда, во Скопје

Благодарност до книжарницата „Икона“, ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 22, Скопје