��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

РЕЖИМОТ Е ВО СЛОБОДЕН ПАД, ПЛАНОТ"Б" НЕ МОЖЕ ДА СПАСИ НИКОГО КОЈ ГО НАПИШАЛ И ИЗВРШИЛ

Пратеничкото мнозинство го конституираше новото Собрание, кое е добиено со голема подршка на граѓаните на слободни избори. Редуцираната маса на "тврдокорни", ескорт четите на ДПМНЕ влегоа планирано во Парламентот а привремената влада ја покажа својата килавост. Полицијата ги штитеше протестантоте место да го обезбедува објектот. Дали говорот на Иванов му го напишал Илија Димовски?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Четврток навечер. Нормалната Македонија седи дома и гледа телевизиски пренос. Веројатно кај таа Македонија се е сведено на користење на само неколку чесни телевизии, бидејќи, пропагандата на оние кои копнеат по информации а не по пропаганда и не е за коментар. Дел од порталите се исклучени (очекувано!) - гледаме филм за кој однапред знаеме речиси се. На пример, полицијата ја прикажува својата планирана пасивност, видлива е голема опструкција, согласно на планот "Б", како и повикот на "јуришниците" кои се криеја по коридорите на ГТЦ, пред да нападнат објект кој не ни беше бранет - едноставно си влегоа... Униформираните објективно ги штитеа да не се повредат насилниците, тие рушители на уставниот поредок, да не паднат на скалите или да не им случи нешто полошо, дури и по некого ќе изгушкаа, во стилот "добредојдовте".

Но, да не се губиме од контекстот на клучното - во четвртокот доцна попладне, откако претседавачот со седницата Трајко Вељановски не сакаше да продолжи и во вообичаено време на негов замор го исклучи микрофонот, мнозинството остана во пленарната сала и согласно на своите овластувања добиени на изборите, си изгласа нов претседател на Парламентот. За волја на вистината лидерот на опозицијата Зоран Заев тоа го најави во вторникот и го кажа терминот ("за два дена"), потоа во четвртокот одржа и прес и тука не може ама ништо да се забележи. Нов спикер е исто така претходно утврдениот парламентарец од страна на оние кои ќе ја сочинуваат идната Влада - Талат Џафери. Беше изгласан со потребно мнозинство. Во салата во текот на денот не беше лидерот на ДУИ Али Ахмети, што секако треба да знае, за да се види кои се тие осуммина кои не гласаа таа вечер! На седницата и претходно не присуствуваше Никола Груевски, колку за оние кои не знаат колку им тежат "надежите" во нивниот лидер. Му кажале дека таму има силна промаја.

ЕУ го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и најостро го осуди насилството во Собранието. "Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност. Демократијата мора да продолжи по својот курс. Како позитивен го нотираме, според извештаите, изборот на Талат Џафери за нов спикер на Собранието. Европската Унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот пат за напредок. Ги повикуваме политичките актери да го почитуваат Уставот на земјата и да дејствуваат во духот на демократските принцпипи, пристојноста и на здравиот разум", стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Тие ги повикуваат Министерството за внатрешни работи и полицијата да ја осигураат безбедноста на Собранието и на пратениците.

"Македонија е земја кандидат и Европската Унија е подготвена да работи со Собранието на потребните реформи за придвижување на земјата напред кон нејзиниот европски пат", стои во изјавата на Могерини и на Хан.

Сеедно, со тоа заврши планираната транзиција која - очекувано- не беше мирна. По влезот на толпата беа повредени девет пратеници! На осум од истите им е дадена прва помош во Градската општа болница Климент Охридски а веројатно потоа се однесени на други места. Претпоставка е дека најтешко повредениот пратеник Зијадин Села, кој раскрвавен е влечен по подот од напаѓачите е однесен на друго место. Оваа медицинска установа,подолго време е во реконструкција и секако не е погодното место за претстој на поведените пратеници, кои се од парламентарното мнозинство, претпоставуваме.

Полициски специјалци некаде три часа после влезот на неповиканите во Парламентот и неговата "окупација" ги извлекоа пратениците на СДСМ и новиот претседател на Собранието Талат Џафери, кои беа заглавени во прес-центарот, откако демонстранти на "За заедничка Македонија" влегоа во зградата на парламентот. Порталот Сакам да јавува дека повредени се пратениците Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски, а двајца новинари се повредени со удар по глава - пренесува Сакам да кажам. Од снимките беше видено дека човек со качулка од зад грб ја удира по глава Шеќеринска

Од соопштението на полицискиот штаб може да се подразбере дека првите пратеници (30) од страна на припадниците на специјалната единица кои влегоа во Собранието на Република Македонија во 20:27 часот. Во истото се вели дека околу 18:50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива "За заедничка Македонија" насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10тина полициски службеници се здобиле со повреди при што се префрлени на скопските клиники, се наведува во пишаното соопштение од МВР. Во оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи присутни се министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, помошници на министерот, помошници на директорот, како и останатите раководителичленови на оперативниот штаб. Во оперативниот штаб во 20:08 часот (повеќе од еден час по настанот!) директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков издаде наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, велат од МВР и посочуваат дека мерки се преземаат и понатаму во Собранието.

Претседателот Иванов, еден од клучните актери на кризата излезе со јавно обраќање откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ се јави од својата скривница со порака преку социјалните мрежи. Обраќањето беше во копи-пејст манир, бидејќи главната насока на Иванов на тој начин му беше даена. Како да се работи за ливченце вметнато од мина на хемиско пенкало: да нема насилство, да нема агресивно однесување откако тоа се случи и не се спречи и тоа во домот каде најмалку требаше да го има! Ова повеќе може да се свати како понтипилатовско миење на рацете, но и обид да се спречи осветета која чука на врата. Многу познати фаци се видоа пред камерите, се знаат кои се тие кои раководеле со "операцијата" (најверојатно од ГТЦ). Се знае и еден од епачите кон најтешко повредениот Зијадин Села (се наоѓа во многу тешка ситуација во една од болниците) кој на Фејсбук веќе се пофалил јавно. Потоа го избришал фалењето, ама се чини е доцна!

Иванов практично во своите поставки ја препишал домашната од говорот на Илија Димовски во однос на покажувањето со прст кон виновникот (иако не е користена таква терминологија со директни форми) и укажувањето на нови услови за новата власт кои би следеле на поканата (!) во неговиот кабинет следниот ден (петок).

Денот полека го завршувам написот - текстот треба да се испрати според планот - до петок наутро, заради празниците (!), може да се заклучи дека како и се што прават вмроовците, тоа го прават со вграден дефект. Така беше и овој пат а сега доаѓа времето во кое тие ќе ги чувствуваат последиците.

Да не заборавиме - режимот во четвртокот падна а се друго е во втор план. Демократијата настапува. ВМРО ДПМНЕ се наслони на група од неколку стотини верни силеџии: долготрајните протести ги исфрлија од редовите сите кои беа силувани за да влезат во толпата.

Последна вест е дека и САД, очекувано го признаа Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Во понеделник доаѓа американскиот "шумар".