��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

СЛУЧАЈ ТАМАРА: ДВЕ ГОДИНИ И НИШТО

Во "Соковникот", како што народот ја нарекува зградата на Обвинителството, не се случува ништо по предметот. Ниту да исцедат барем некое оправдување! Но, ако не се крие нечија вина, мора да се рече - тоа не е компликуван случај

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија

деновиве остро реагираше на инертноста што јавното обвинителство ја покажува во случајот на Тамара Димовска, која поради огромниот пропуст и незаконитото постапување на Фондот за здравствено осигурување почина на 09.02.2015 година.

Да се потсетиме дека на 9 февруари 2015 низ земјава брзо се рашири веста за смртта на 9-годишното велешанче, заболено од сколиоза акое практично почина заради ненавремено давање на помош, што претпоставуваше пред се лекување во странство!

Тамара Димовска со месеци чекаше помош од државата, а сепак на крајот не издржа и не ја дочека операцијата. Таа имаше вродена мана на рбетниот столб, а поради искривувањето ? беа притиснати белите дробови и другите внатрешни органи, па операцијата беше итна. Секој ден чекање значеше смртна опасност.

Министерот за здравство, познат како оној 24/7 самобендисан тип што во раните утрински часови шета по болници и се грижи дали некој дежурен лекар задремал и дали се пуши во просториите на болницата - изјави пред смртта дека Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за нејзината операција. Но, операцијата се одложуваше и одложуваше, с? додека не стана предоцна.

Првата операција на Тамара беше извршена пред две години во Македонија, а втората која девојчето не ја дочека требаше да биде извршена во Турција. Во 2014 година Пред една година лекар од Хрватска и ја отстранил металната шипка што ? била прикачена за грбот. Причина за тоа било што шипката станала прекуса за нејзината висина и правела дополнителни проблеми. Фондот за здравство одбил да ги покрие трошоците за лекување во странство со образложение дека операцијата може да се направи во Македонија. Семејството тврди за Телма дека тројца раководители на одделенија од Клинички центар се потпишале дека операција тука не е можна бидејќи освен стручност, потребна е и апаратура која ја нема во земјава.

Ин аку, на 9 февруари 2015 година вистинска експлозија на гнев се случи на социјалните мрежи, по веста дека утринава починала малата Тамара од Велес, поради последици од нејзината здравствена состојба. Се бара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, кој лани во ноември вети дека Тамара ќе се лекува во странство на трошок на државата, но од тоа ништо.

Под хаштагот #?ОставкаЗаТодоров? на социјалните мрежи се изразуваше гнев, се изразува жал за Тамара, се изразува револт и чудење како тоа уште државата има пари за спомениците, а нема за луѓето.

"Нема пари за лечење на деца, има пари за споменици. Ова девојче можеше да биде и моја или твоја ќерка! Каде ќе ви оди душата?", велеше еден корисник.

"Тамара го доби бронхитисот, поради притисокот што искривувањето на е'рбетот и го изврши врз белите дробови. Опструкцијата и се создаде пред неколку месеци, кога стана алармантно, и затоа се покрена граѓанската иницијатива за итна операција, зашто се предупредуваше за ова!", велеше друг.

Корисниците се гневни и што ветувањето од Тодоров на 21 ноември 2014 година фактички ја прекинаа хуманитарната акција за собирање помош за нејзино лекување во странство.

"Луѓе, ако не свикале прес за да кажат дека ќе поднесуваат оставки, ич нека не зборуваат! Па не се работи за расипани патлиџани бре!!!" вели корисничка, коментирајќи ја најавената прес-конференција на Фондот за здравство, на која, како што велат луѓе на социјалните мрежи, ФЗОМ ќе се обиде да се извади порачувајќи дека Тамара починала од бронхитис, а не од состојбата на нејзиниот рбет.

Има и лутина за себе и за другите, затоа што се поверува на ветувањата на министерот и јавноста не вршеше притисок. Нашиот молк ја уби Тамара, порачува друг граѓанин.

"Јас сум лут на себе и на сите што ги знам и сакам бре. Многу ќутиме, многу сме... никакви! Јас ја убив Тамара. И ти. И сите што јас и ти ги сакаме и познаваме...", напиша овој граѓанин.

Но и имаше и сперотивни коментари, кои богами тешко дека ќе ги заборавиме. Тоа беа активисти и симпатизери на владејачката партија, коментирајќи го протестот пред Министерството за здравство и оправданиот револт на граѓаните, кои побараа оставка од министерот за смртта на девојчето кому државата одби да му помогне. Во кампањата се вклучија и две познати јавни личности - актерката Јелена Жугиќ, активистка во ВМРО-ДПМНЕ, и пејачката Тамара Тодевска.

Според Жугиќ, моралниот протест за оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров и револтот на мајкатас која го изгубила своето дете поради тоа што државните институции одбивале да помогнат, биле "партизирани". Таа додава дека со тоа само се правело политички скандал.

Инаку, Хелсиншкиот комитет за човекови права по смртта на Тамара изготви и поднесе кривични пријави против одговорните, а поради сомневање за сторување на кривични дела од членовите 353 став 1 и 2 од КЗ на Република Македонија, односно злоупотреба на службена должност и членот 353-в став 1 и 2 од КЗ на Република Македонија, односно несовесно работење во службата.

Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство беше поднесена на ден 19.02.2015 година и до ден денес, Комитетот нема добиено никаков одговор од ОЈО Скопје, иако се изминати точно 2 години. Ваквото непостапување од страна на ОЈО Скопје е спротивно на член 275 од Законот за кривичната постапка, со кој член се пропишува дека ако јавниот обвинител во рок од 3 месеци од денот на приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш да го извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител.

Поради горенаведеното Хелсиншкиот комитет и Жаклина Димовска, мајка на малолетната Тамара, поднесоа барања до Вишото Јавно Обвинителство Скопје, до Јавниот обвинител на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители на РМ, со кое баравме да биде спроведен надзор над работата на ОЈО Скопје за да се утврди кои се причините за одолговлекувањето на постапката, како и ВЈО Скопје да го преземе кривичното гонење во овој случај.

Според одговорот кој го добивме од Вишото јавно обвинителство Скопје, велат во Хелсинпшки, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје предметот го реферирал на колегиумот на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сложеноста на предметот и медиумскиот интерес. На стручниот колегиум одржан на 08.02.2016 година било одлучено постапката да продолжи со непосредно обвинение пред надлежен суд, доколку обвинетите не го користат своето право на спогодување на вина.

Од денот на одржување на стручниот колегиум до денешен датум има изминато точно една година, а ниту мајката на Тамара, Жаклина Димовска, ниту Хелсиншкиот комитет, ниту јавноста немаат добиено известување дали осомничените се спогодиле со јавното обвинителство или пак дали е поднесен обвинителен акт.

Во оваа насока, укажуваат од оваа невладина, би сакале да го потсетиме јавното обвинителство на членот 8 од Законот за јавното обвинителство во кој е наведено дека јавното обвинителство е должно да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува, особено ако се од таква природа што предизвикуваат поширок општ интерес во јавноста.

Оттука, бараме итен одговор од јавното обвинителство за исходот од постапката покрената за малолетната Тамара Димовска, а во спротивно ќе поднесеме жалба до Европскиот суд за човекови права за повреда на ефикасност на истрагата и правото на пристап до суд и правото на реална жалба - се вели во обраќањето до јавноста на Хелсиншки.