��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

ВИКЕНД КОГА ГРУЕВСКИ ПРАВИ ОПОЗИЦИСКА ЗИМНИЦА А ДУИ ПРЕГОВАРАВ СО ДУИ

Ако Груевски се одлучил да ја базира својата политичка иднина на ширење на антиалбанско расположение, треба да стане свесен дека само ја зголемува својата изолација во земјава и си ги намалува своите коалициони капацитети. Тој не му прави тесен владин костум само на Заев, туку и на својот довчерашен владин компањон

ГЛОБУС МАГАЗИН

И покрај сите убедувања на дел од врвот на ДУИ дека Груевски се уште има шанса кај нив за составување на владина коалицја на поразенит, со последното негово нарачано интерју во ТВ Нова лидерот на ДПМНЕ јасно назначи дека веќе собира задоцнета, пролетна опозициска зимница. Во исто време другиот дел од партискиот врв на ДУИ, се чини мнозинскиот, продолжува да ја бомбардира јавноста со свои изјави кои јасно укажуваат дека за нив портокаловите се плусквамперфект. Вистина е дека главно се работи за локални лидери, односно градоначалници кои кај да е наскоро ќе мора одат на реизбор кај сограѓаните, кој, доколку се уште се во прегратките на Груевски секако ќе завршат со нов, додатен дебакл. Но, викендот барем ни расчисти за две работи - агонијата во Мала Речица продолжува со засега необјаснетото тегавење на Ахмети, со пукање на претседтелството по сите шевови. Самиот Ахмети секако ја зголемува таа внатрешна тензија и веќе нема сила да биде "мудар и да пресече", бидејќи и нему лично му одговара старата коалиција, која тешко ја преболува. Па така, аналитичарите велат дека ДУИ сега преговара со ДУИ.

Последната шанса за тегавење ја доби со гостувањето на еврокомесарот Хан, кој го подржа со утехата дека во земјава еден збор може да направи пожар е добро да се има "ланзам ритам". Затоа, тој си побара некакви писмени документи од СДСМ како некаков вид на гаранција, но не му е никому, па ни на ДУИ најјасно како се "пополнуваат" тие хартии?!

СДСМ наводно ги стокмил сепак тие тестови "по тесни и широки а во коцки", иако медиумите едноставно шпекулираат а никој нема сигурна вест во рацете. Истото важи и за тоа дека работните групи на двете партии разговараат за детали.

Во еден така недефиниран викенд, добра е понеделничката вест која доаѓа од Гостивар, каде градоначалникот Бејта лично доби совет од францускиот амбасадор во земјава спротивставените соборци на Ахмети, ониое кои не скаат никако во исто оро со Груевски, да бидат енергични и да го ценат времето. Во тоа, барем принципиелно одлуката на Груевски да оди во опозиција треба да му помогне на Ахмети да ја пресече папочната врпца со "старата љубов". Кај Груевски, според последното интервју во саботата нема сентимент, има само лутина, веројатно засилена со веста на последните гости кои си покани самиот (Хан и Курц) кои, безмалку му рекле дека го пуштаат низ вода, само му даваат време да се аклиматизира на нејзиното студенило.

Говорејќи во саботата за деновите што ќе ги мине во опозиција Груевски јасно покажа дека има проблем со кристијаниите што ги прави околу нашите сограѓани Албанци. Ем сака да ја врати нивната толеранција кон него ем сака да ги користи како глинени гулаби во политичката борба со Заев.

- Да, тоа беше сигнал на очајничкиот повик за спасување на Груевски, кој сега веќе се труди да најде "достоинствен" пат кој ќе го носи во опозиција, трудејќи се, притоа, да биде запаметен не како обвинет, кој цели години ја минираше работата на единствената институција која треба да ги докаже наводите за неговиот криминал, туку како голем патриот, кој (барем јавно) не ја прифати платформата на албанските партии која ја нарече "туѓа платформа" напишана во други држави - оцени во својата колумна Беса Арифи од Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

Ако се вратиме на неколкуте настапи на лутиот Груевски јасно е дека тој тешко ќе може своето главно оружје кон кое ќе покажува со прст како кон нешто издајничко - Платформата на албанските партии, да ја негира како нешто што не го видел, уште помалку како акт кој не бил поставен на возен ред во Собранието уште во 2015 година, кога тоа стои како очебиен доказ на владин сајт. Што е секако уште посилно, Груевски веќе го прифатил она во контакгите со ДУИ после изборите, што сега го нарекува издајнички акт за политичкиот противник! Играњето на таа карта подеднакво ги претставува ДУИ како лажговци или барем ја обелоденува дилемата: ми верувате мене, со мојата пропагандна армија или на Ахмети?! Па, колку ли само навреди може да истрпи Ахмети и која е заднината на таа издржливост"?

- Интересен е тој пат на Груевски кон одењето во опозиција, кој официјално започна од вечерта на 11 декември, таа вечер на пресврт која тој сеуште ја нарекува победа, а всушност е олицетворение на неговиот пораз што уште тогаш го осетивме а денес го гледаме да делува. Тој негов пат помина по три важни пресврти. Првиот беше отвореното додворување кон граѓаните Албанци на оваа земја, трудејќи се залудно, после една фашистичка кампања да ги предомисли дека не е и така лош како тие го мислат. Потоа следеше вториот пресврт кој беше отворената закана кон неговиот досегашен коалиционен партнер ДУИ, трудејќи се да се држи цврсто до принципот "победник со победник" за кој во интервјуто рече дека никогаш не потпишал договор, туку дека спонтано и преќутно почнал да го почитува. И на крај, последниот пресврт е обидот за фрлање пепел во очите на народот преку самопретставување на себеси за патриот од големи размери каков што досега не се видел во оваа земја, и кој единствено за тоа што е голем патриот, ќе оди во опозиција и таму ќе ја продолжи неговата возвишена патриотска дејност за татковината каква што тој си ја замислува - коментира споменатата Беса.

Паралелно, работните групи на двете партии, ДПМНЕ и ДУИ не престануваат да полемизираат околу тоа кој што прифатил во нивните разговори. Од ВМРО - ДПМНЕ, коментираат дека немаат дополнителен коментар за инфромацијата што ја обелодени ДУИ - дека владејачката партија ја прифатила нивната платформа речиси во целост, а единствениот проблемот настанал околу СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Ахмети да не се надева на некоја идна коалиција со нив ако сега го прекриши принципот "победникот оди со победникот".

"Исто така неточно е дека ВМРО-ДПМНЕ немало коментар по конкретното прашање. Во повеќе наврати потенциравме дека СЈО воопшто не беше проблем во разговорите со ДУИ за формирање на Влада. Изминатиов период и преку интервјуа, изјави и соопштенија посочивме дека со ДУИ на почетокот се констатираа различни позиции во однос на СЈО кое не само што не ги оправда очекувањата туку се покажа како целосно непрофесионален, некредибилен и политички наместо правен орган. Над 95 отсто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за воведување на двојазичност, каде беа и главните разлики", се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ ги демантира тврдењата на Никола Груевски дека Али Ахмети никогаш не побарал писмена гаранција зашто, како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал доверба во ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Бујар Османи е дециден - гаранцијата што се бара од СДСМ е истата што беше испорачана и до ВМРО-ДПМНЕ, објави Алсат-М.

- Тоа е истата што ја имавме со ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите - јасно да се детализира законот за албанскиот јазик и целата платформа да се смета заедничка платформа за евентуална владина програма - вели Османи.

И покрај заканите на Груевски, ако ДУИ коалицира со СДСМ, во иднина да не се надева на соработка со ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Ахмети тврди дека с? уште не се откажала од петте нејзини опции меѓу кои е и евентуален договор коалицирање токму со ВМРО-ДПМНЕ.

- Претседателот Ахмети одржува контакти со сите политички партии, с? уште остануваат сите 5 опции отворени поради тоа што цениме дека првата понуда беше недоволна и не знаеме колку ќе биде задоволувачка втората понуда, затоа сите опции остануваат отворени. Решението ќе се заснова на тоа дали ќе бидат задоволени барањата на ДУИ за реализирање на платформата и договорот потпишан со албанскиот народ на 11 декември - додава Османи.

Но, анкетата која се објави на Телма во понеделникот вечерта кажува дека ДУИ навистина брзо, експресно еродира. Беса веќе води за 05 отсто над ДУИ! И тоа е единствената промена во албанскиот блок - дури 20 отсто од нив би гласале за СДСМ и тој едноставно е играчот кој "собира се на масата" во овој блок, додека меѓу Македонците двете големи партии имаат пата-пата резултат! Тоа е сепак пораст на популарноста на СДСМ и после изборите...

Па политичките партии, а пред се ДУИ нека размислува. Ама брзо, неа времето и е најмалку другар.