��oj 346   10.12.2013
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Совок" е тип на човек со советски чип во глава или погрден збор за секој што се уште мисли и работи по советски. Оттука и "совкост" - како состојба во општеството или умот

ФЕЉТОН: "СОВОК" - ЗЛОТО НА ПОСТСОВЕТСКИТЕ ДРЖАВИ (2) КАКО МИНА ВТОРИОТ МАНДАТ НА ПУТИН

Совок" е тип на човек со советски чип во глава или погрден збор за секој што се уште мисли и работи по советски. Оттука и "совкост" - како состојба во општеството или умот

МИРЧЕ АДАМЧЕВСКИ


Вториот мандат на Путин помина во засилување на улогата на неговите луѓе од Санкт Петербург, на другарите од службата во ГДР и од "силовиките".

ВТОР МАНДАТ Инаку историјата покажала дека вториот мандат е кобен за многумина. Некои американски претседатели започнуваа војни, за да може да останат запаметени во истријата дека направиле нешто за време на нивното претседателствување. А, Путин се сврте кон внатре, зашто за војна не е доволно силен, ако не се исклучи епизодата со Грузија. Со почетокот на вториот мандат на Путин, почнаа да се пројавуваат неговите лични императорски амбиции. На внатрешен план Русија стана земја во која се повеќе се убиваа новинари, се затвараа медиуми. Камчев во книгата дава подробности за некои од нив. Народот молчеше, бидејќи во тој период се обезбеди некоја економска стабилност, определена социјална сигурност. Се разбира, најмногу благодарејќи на енергетските ресурси.

Треба да се каже дека постојано расте стандардот на населението во големите градови, но Москва и Санкт Петербург не се Русија. Сиромашните слоеви од населението, почнуваат да заминуваат кон финансиската и културната метропола, Москва и Петербург. Се опустошуваат цели населби, депопулацијата е се поизразена, повеќе умираат, отколку што се раѓаат.

Вториот мандат на Путин може да се каже дека е предвесник на она што ќе се случува по неговото трето враќање на чело на државата. Се она што го постигна на надворешен план, на враќањето на моќта на Русија, на каква таква економска стабилност, беше платено со висока цена на внатрешен план. Еве, сега кога е на власт по трет пат, почнува да се зборува дека Русија на внатрешно политички, економски , социјален, судски, и друг поглед, претставува пример кој заплашува. Да не зборуваме за корупцијата, криминалот, сигурноста на населението.

КОРУПЦИЈА Дури и самиот Путин сега најавува мерки за борба со корупцијата. А што правеше досега? Тој знае дека главните лостови на корупцијата ги држат тие околу него, а потоа постепено одат надолу и завршуваат кај обичниот чиновник, полицаец или цариник. Затоа и не може да се очекува некаков резултат во борбата со неа. Камчев убаво ги дава примерите за случајот со правникот Магнитски, или законот"Дима Јаковљев", убиствата на новинарите и адвокатите или прогласувањето на невладините организациии за странски агенти!

Сега во Русија не се плашат само политичките активисти и борците за човекови права, од кои некои со месеци се во притвор, затоа што биле на демонстрации и наводно ги повредиле полицајците или се организирале да ја уриваат државата. Сега во Русија се плашат и атеистите, се плашат и припадниците на ЛГБТ заедницата, се плашат екологистите, се плашат доселениците од Кавказот или од поранешни советски републики. Сите тие јадат ќотек од некои наводни заштитници на верата, на рускиот дух, на руската чистота, организирани со премолчено одобрување на власта, ако не централната, тогаш сигурно локалната. Ова се проблемите на Русија денес за кои Путин нема или не сака да најде одговор. Неговиот поглед е свртен кон Царинската унија на некогашните советски републики и подоцна формирање на Евроазиски сојуз.

КОНТРОЛА НАД СЕ' Државата ги контролира најголемиот дел од медиумите. Се заоструваат законските мерки против порталите, бидејќи, само тие останаа како слободен простор за циркулирање на некои вистини. Преку контролираните медиуми се повикува на линч против т.н.предавници. Некои од нив бегаат од земјата.

И кој беше одговорот на странците кон ова што се случува во Русија. Обидот на САД за ресетирање на односите очигледно пропадна. Британците по обичај се пазарат. Путин е човек на годината во некои светски списанија. Ја спаси Сирија од либиското и ирачкото сценарио. Познатиот германски експерт за Русија. Александар Рар, вели дека новата германската влада треба да го преиспита приодот кон Русија. Основната порака на авторот е дека треба да има помалку политика на држење на дистанца, а повеќе соработка, помалку ориентација на либерални вредности, а повеќе реална политика.

(Текстот е дел до промоцијата на книгата "Русија на Путин" на новинарот Борис Камчев. Ние ќе го објавиме текстот во три продолженија)