��oj 509   14.02.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Најверојатно случајот ќе биде изнесен пред Врховниот суд, сметаат некои стручњаци
Првиот и далеку најдобар Титов дипломат, Владимир Велебит почина во Загреб во 2004 година. За неговиот однос со Јосип Броз, средбите со Черчил, недоверба на Русите кон него, тој пишува во своите мемоари. Третиот дел е посветен на неговото доаѓање во Фоча, во штабот на Тито

КРОЦЕ - НАКАЈ ИДРИЗОВО

ГОРДАНА ПОПСИМОНОВА

Едноставно, стрелките на часовникот се поклопија. Истече и последното зрнце песок во клепсидрата на најмрачниот период на владеење во самостојна Македонија, познат под називот Груевизам

Со брзина на полжав, преку совладување бесконечно многу сопки, опструкции, подметнувања, шиканирања, црни пропаганди, ниски удари, закани и уцени, кругот околу Груевски се затвора. Остана да се изведе уште завршниот удар - формирањето ново парламентарно мнозинство, во кое ВМРО-ДПМНЕ ќе го нема. И тука не помагаат креативните, до граница на апсурд, преводи и импресии од Уставот од претседателот Иванов, ниту пак, стручните, на кои ни небото не им е лимит, толкувања од страна на разноразни каракамишеви или климовци. Едноставно, стрелките на часовникот се поклопија. Истече и последното зрнце песок во клепсидрата на најмрачниот период на владеење во самостојна Македонија, познат под називот Груевизам.

Сосема очекувано, партијата која повеќе од десет години ја цица сопствената држава и нејзините ресурси, правејќи од нејзините граѓани бедни и сервилни послушници кои ќе коленичат за било каква услуга, сега, во предвечерието на својот конечен залез од историската сцена, е во фаза на хистерична паника. Груевци нема лесно да се откажат од слободата, бидејќи на сите им е јасно дека тие не се борат за власт. За нив одењето во опозиција е одење на обвинителна клупа. И тука никој нема дилеми. Паднаа во вода теориите за глобален заговор, гачките за жолтите комбиња и "сечено - лепено" пропагандите.

Сосема очекувани се ваквите ирационални постапките на луѓето од власта, та дури и интензитетот на нивниот гнев и јазикот на нивната омраза. За илустрација на сиот тој неартикулиран набој, преточен во етикетирања, обвинувања и навреди, ќе го посочам денешното соопштение од партијата ВМРО-ДПМНЕ насочено против опозицијата.

На пример, пратениците од редовите на СДСМ - Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова се наречени "послушници на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање на антидржавната агенда". Вокабуларот на ВМРО - ДПМНЕ веќе сериозно оперира со милитантна терминологија карактеристична со посочувањето "непријатели на државата", додека поимите "послушници" и "аболицирани криминалци" треба дополнително да го засилат впечатокот дека посочените "душмани на државата" немаат ниту морал, ниту човечки кредибилитет.

Нема да го коментирам целиот памфлет од Центарот за комуникации на "најпатриотската партија", освен само уште еден пасус кој ми западна в око. Во него стои следново: "Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата." Овде веќе имаме лепење непријателска етикета на сето она што во изминатите две години претставуваше некаква артикулација на граѓанскиот отпор против власта, со тоа што сега се вметнува определбата "платенички револуции". Целта е очигледна - повеќето пленуми, кои подоцна се слеаја во Шарената револуција, да се претстават како поткупена петта колона, односно како предавници и изроди, диригирани од надворешни центри на моќ, чија крајна намера е уништување на Македонија.

Она што не е кажано во соопштението, а се асоцира како порака, е дека државата е под агресија на надворешни сили, кои се во спрега со внатрешни колаборационисти, а тие како такви треба да се ликвидираат. Било кога и било каде. Од ваков говор на омраза и директното посочување на непријателот со име и презиме, јас можам да го изведам само едно и единствено можно логично следство, кое вели дека пред себе имам јавен повик за јавен линч. Ако некој со име и презиме е набеден како непријател на нашата земја, тоа автоматски значи дека истиот тој или таа, веќе се означени за слободен отстрел, односно за разбојници од типот Wanted - dead or alive!

Е сега, тука има неколку мали проблеми. Имено, господата од Центарот за психолошко - пропагандна војна против сопствениот народ, занемариле неколку работи. Прво, тие се партија. Не се држава. Поточно, тие превиделе дека за Богоевски, Туфекџиќ, Димова или Заев, можат да говорат како за непријатели на нивната партија, ама никако како непријатели на држава. Повторувам, тие се партија и ништо повеќе од тоа. Второ, тие изумиле уште еден факт - дека никој со нив не сака да прави коалиција за мнозинство во Парламентот на Република Македонија, а Уставот како "победник" го препознава само оној што ќе стаса до бројката од 61 пратеник. Конечно, трето и најважно, ценетите пропагандисти свесно го запоставиле ноторниот податок, според кој, нивното најтесно раководство е под истрага на СЈО. Со најпрости зборови кажано, врхушката на нивната партија е основано осомничена за толку тешки злоупотреби и криминали извршени од позиција на власт, што во нормални држави тоа се нарекува - велепредавство.

Крадењето народни пари, злоупотребата на државни фондови, апсењата и монтирањата судски процеси против политичките ривали, неконтролираното внатрешно и надворешно задолжување, партизацијата на државните институции, поставувањето судии и обвинители послушници, или прислушувањето на комуникациите на преку 20 илјади граѓани на сопствената држава, претставува токму тоа - велепредавство на истата таа држава.

Оттаму, на почитуваните господа од Центарот за злосторство против сопствените граѓани, можам само да им повторам - кругот полека се затвора. С? во нашата држава се случува полека. И борбата за праведно право и битката за слобода и демократија, но и војната против нашите македонски црнила. И кон Идризово се оди полека. Кроце, покроце, чекор по чекор, година по година.