��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

НА ВАНГЕЛОВСКИ НЕШТО МНОГУ НЕ МУ ОДИ

Промената на климата во општеството после изборите од 11 декември ја покажува и отпорот кој го има Вангеловски меѓу колегите во наметнувањето на своите ставови

Mнозинството врховни судии не го поддржа рефератот со кој ќе се отвореше простор за укинување на притворот на Сеад Кочан, неофицијално дознава Алсат-М. Неофицијално, против БЗЗ (барање за заштита на законитоста) на Зврлевски гласале 10 од врховните судии, а 9 биле за. Пред тоа гласањето заради исходот беше одложувано неколку пати, веројатно заради пресија врз "гласачкото тело", но се чини тоа не помогнало. Или некому му игледало дека тој проблем е надминат? Како и да е втората точка од дневниот ред е одложена, кога се видел скорот кај првата!

Иако требаше да се разгледува, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја повлекол другата точка на дневниот ред, со која ќе се забранеа сите прислушувани разговори, како доказ во судска постапка. Засега не е познато кога, како и дали оваа точка повторно ќе се најде на дневниот ред.

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. "бомби", Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, рече Јово Вангеловски, на четврточниот брифинг со новинарите.

Врховните судии и на последното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак, како што рече Вангеловски, седницата не е завршена и точката за употребата на "бомбите" е само одложена на неопределено време, па за неа ќе се расправа на некоја наредна седница.

Судиите, како што брифираше претседателот на Врховниот суд, околу употребата на "бомбите" побарале за ова прашање подетално да се проучи практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

- Врховниот суд за ова прашање ќе расправа во наредиот период, при што ќе бидат повикани надворешни експерти да ги дадат своите мислења - рече Вангеловски.

Како експерт била повиканата поранешната судијка во ЕСЧП од Македонија, Мирјана Трајковска-Лазарова. Вангеловски рече дека оти се надева дека таа ќе прифати да го даде своето мислење и да даде образложение околу практиката на ЕСЧП.

Врховниот суд на седницата не донел ниту одлука, односно начелен правен став, околу прашањето дали Специјалното јавно обвинителство смее да поднесува барања за заштита на законитоста, како вонреден правен лек, до Врховниот суд или ексклузивно право на тоа има само државното Јавно обвинителство.

На седницата бил донесена иницијатива дека има потреба да се утврди начелен став за тоа кој има право да поднесува барање за заштита на законитоста.

Ова значи дека во иднина и СЈО и Јавното обвинителство ќе може да поднесуваат вакви барања и Советот на Врховниот суд, ќе има обврска да постапува со нив.

Сепак, останува можноста Јавното обвинителство на Марко Зврлевски да поднесува барања за заштита на законитоста за случаите што ги води СЈО, како што беше случајот со барањето во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот "Труст". Вангеловски најави дека наскоро ќе има седница на која ќе се одлучува по барањето на Зврлевски за укинување на притворот на Кочан, кој веќе два месеци е во бегство надвор од државата. Инаку, Вагеловски е претседател на Кривичниот совет на Врховниот суд, кој треба да одлучува по барањето за притворот на Кочан.

Во врска со барањето на СЈО за повлекување на барањето на Зврлевски, претседателот на Врховниот суд таквото барање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го оцени како апсурдно.

Инаку, Јово Вангеловски продолжува со упадот во Врховниот суд, најавувајќи дека ќе го преотвори предметот на СЈО со кој се бараше БЗЗ (Барање за заштита на законитост) на одлуката за апсење на Едмонд Темелко и други предмети, за кои веќе се изјаснил советот, но одлуките не биле "верифицирани" во акмис системот.

Во случајот со градоначалникот на Пустец, Кривичен совет на скопска единица со кој претседваше Владимир Панчевски донесе одлука дека Темелко бил незаконски уапсен и задржан. По БЗЗ на СЈО, Врховниот суд одлучил дека апсењето било законито. Во тој Совет била Лидија Неделкова, но како што тврди сега Вангеловски, одлуката иако била донесена, не била напишана и потпишана, односно верифицирана во адмис системот, па затоа, тој ќе свика повторно КС Совет, со кој претседва тој и има нови членови и ќе расправаат повторно.

Вангеловски потврди дека одбраната на Едмонд Темелко и Сеад Кочан поднеле барање за изземање на Лидија Неделкова поради ангажман на нејзиниот син во СЈО, а тој донел решение за нејзино изземање и прераспоредување во друг оддел.

Наспроти ова, Неделкова пак тврди дека никој не ја известил за одлуката за изземање, ниту пак од неа била побарана изјава што е задолжителна по закон.

Пред дваесетина дена Врховниот суд јавно се пожали дека СЈО ја опструира работата на судот, бидејќи, не им доставува одговор дали синот на судијката Лидија Неделкова е ангажиран во СЈО.

На ова, Специјалното јавно обвинителство му посочи на Вангеловски да побара изјава од самата судијка, бидејќи тие не се институција која треба да му даде одговор и да цени дали одлучувањето на Неделкова би било пристрасно или не.

Со тоа што донел решение за нејзино изземање, без да побара изјава, Вангеловски го прекршил законот за судови, ЗКП и судскиот деловник.

Ваквата пракса на Вангеловски, да преотвора расправи на веќе завршени предмети, за кои се гласало, имаше и во претходниот негов мандат, а како една од позначајните беше предметот "Славија" и други.

Веќе пишувавме дека по смената на Лидија Неделкова во кривично беше ставена Лидија Тасева, а по нејзиното негативно изјаснување по прашањето за користење на бомбите како доказ и за правото Јавниот обвинител да поднесува БЗЗ во предмети на Специјалното јавно обвинителство, во кривично е ставена Рахилка Стојковска, која дојде од Управниот суд и со одлука на Судскиот совет е избрана за судија во Граѓанскиот оддел, со што, Вангеловски повторно го прекршил законот.

На Вангеловски му се заканува поднесување на обвинение, кое произлегува од т.н. бомби каде што тој бара да се промени документ во судски списи, кој нема печат, и како таков, не можел да се третира како доказ во постапките.