��oj 162   25.05.2010
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

Претходен број


Броеви комплетно
достапни за читање
on-line

Број 160

Број 159

Број 158

Број 157

Број 156

Број 155

Број 154

Број 153

Број 152

Број 151

...

40

КОНДОМИТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК НА ДОЈКАТА!?

Драматично ширење на малигните заболувања во Македонија

Пишува: Наташа Црвенковска

Здружението на жени од Свети Николе презентираше алармантни податоци дека во овој град смртноста на жените е најголема, а причината е ракот на дојката. Во текот на минатата година 35 жени од овој град заболеле од рак на дојка, а само во првите четири месеци од 2010 има 16 новозаболени. За да го свртат вниманието на овој проблем, тие заедно со Здружението на жени заболени од рак на дојка „Борка“ одржаа хепенинг во градскиот парк во Скопје и побараа државата да се посвети повеќе на превентивата и на благовременото лекување на оваа болест.

Беше нагласено дека старосната граница на жените заболени од оваа болест се' повеќе и повеќе се намалува и станува загрижувачка. Во Македонија секоја година се регистрираат приближно околу 6.000 новозаболени случаи од малигни заболувања од кои 600 отпаѓаат на ракот на дојката. Дури 1.080 заболени умираат поради малигните заболувања. Во последните три години , според медицинска статистика, 70 проценти од сите малигни заболувања кај жените се ракот на дојката. Најголем процент на смртност е регистриран во регионот на Свети Николе. Сериозно истражување зошто смртноста е најголема во овој град не е направено. Најнапред се претпоставуваше дека причината е долгогодишниот проблем со водата за пиење.

Д-р Станка Атанасова од Свети Николе вели дека осум години жителите на овој град практично немаат исправна вода за пиење, бидејќи во постојниот водовод имало опасни хемикалии (трихлорометани) кои го нарушуваат здравјето на населението. Поради тоа целиот град со вода за пиење се снабдувал од цистерни. „ При крајот на минатата година е пуштен во употреба новиот водовод „Злетовица“. Од градоначалникот Роберт Ѓоргиев побаравме да ни' даде потврда дека водата од овој водовод е исправна за пиење, но тој ни' приложи документ од анализи направени во Свети Николе во кој ние се посомневавме и баравме да добиеме резултати од анализа на водата направена во пореферентна научна институција во Скопје или во Белград. Таков документ до денес не сме добиле“, вели Атанасова.

Раководителот на секторот за хигиена и заштита на човековата средина при републичкиот Институт за јавно здравје д-р Михаил Кочубовски го тврди спротиовно. „Според нашите анализи, водата за пиење во Свети Николе од фебруари 2010 година е целосно исправна за пиење“, вели Кочубовски.

Но, не е направено истражување како и колку неисправната вода во предходниот период влијаела врз зголемувањето на смртноста од малигни заболувања во овој град.

Според мислењето на претседателкта на здруженито на жените од Свети Николе Вера Златева, која по професија не е лекар, но е најактивна во ова здружение, причината е во немарниот однос на примарното здравство и досегашниот лош третман на пациентките во здравствените установи во Свети Николе.

„Лекарите не успеваат на време да ја дијагностицираат болеста, во нашиот град не постои мамограф така што дијагноза за оваа опасна болест се одредуваше „од око“ или се чекаше по три месеци во некој од соседните градови. Но и понатамошното лекување и третман се површни. Така, најчесто се случува болеста да биде откриена кога е веќе доцна за лекување што е причината за високата смртност од оваа болест во нашиот град“, вели Вера Златева.

Министерот за здравство, Бујар Османи најави дека во текот на годинава дека ќе биде спроведен пилот проект преку кој жените од Гостивар, Прилеп и од Свети Николе ќе бидат повикувани да направат скрининг, бидејќи во својот град немаат мамограф.

Според податоците на здравствените организации, секоја деветта жена во земјава во својот живот ќе заболи од рак на дојката. Околу 78 отсто од жените со карцином се постари од 60 години, а шест се помлади од 40 години.

Според д-р Арне Ѓоргов, причината за ваквата ситуација е децениското заостанување на нашата медицина во споредба со другите држави кој во превентивата против оваа болест применуваат современи методи и таа се третира како и секоја друга болест за која процентот на излекувни е поглем од процентот на смртност.

Иако во светот речиси половина век отворено се зборува за проблемот на ракот на дојката како причина за смртност кај жените, во Македонија лекарите посериозно со овој прблем почнаа да се занимаваат во последните десетина години.

Како единствено решение за оваа болест во Македонија на жените во овој момент им се нуди операција на клиниката за онкологија. Но несреќата е што по операција овие жени се буквално препуштени сами на себе.

„По операцијата тие жени се во паника, исплашени се и не знаат како понатаму да го продолжат своето лекување“, вели д-р Ѓоргов.

На Клиниката за онкологија и радиологија велат дека жените оперирани од карцином на дојката по операцијата извесно врме поминуваат на зрачење, а потоа лекувањето продолжува со медикаменти, односно со хемотерапија. Понатамошно лекување е во надлежност на матичните лекари, а редовните контроли се вршат на клиниката.

Во Македонија, до пред извесно време, на Клиниката за гинекологија постоел центар за дојка кој го основал неодамна починатит д-р Добри Филипче. Тој центар требаше да има важна улога во превенција и борба против оваа болест. Меѓутоа голем број лекари сметаа дека постоењето на една ваква институција е непотребно и не сакаа дел од својот лекарски ангажман да го посветат на превенцијата и борба против ракот на дојката.

Проф. д-р Арне Ѓоргов подолго време причините за оваа болест ги истражувал во клиниките во САД. Врз основа на резултатите од сопствените истражувања што ги направил во осумдесетитте години во Америка, во градот Филадефија смета дека бариерната контрацепција (употреба на кондоми или слични механички средства за контрацепција) е главниот предизвикувач на ракот на дојката.

„Според моите истражувања спроведени во Америка, доколку еден пар-маж и жена, во текот на редовните сексуални односи, една година употребуваат кондом, постои голема веројатност дека жената ќе заболи од рак на дојка“, вели д-р Ѓоргов.

Меѓутоа, поради огромната индустрија за производство на кондоми која би претрпела финасиска штета, кондомот како причинител за појава на ракот на дојката се споменува само на стручни семинари и во специјализирани медицински списанија. Јас сум категорички против употреба на кондом како средство за контрацепција “, вели Ѓоргов.

Причината за епидемиските размери на ракот на дојката што ја зафати Европа и Америка д-р Ѓоргов ги гледа во појавата на сидата и во масовната употреба на кондомите како превентива од оваа болест, при што не се води сметка дека заштитувајќи се од сидата, со употреба на кондоми, се зголемува бројот на жени заболени од ракот на дојката. Слични истражувања се направени и во Франција и во Русија, а резултатите се речиси идентични“, вели Арне Ѓоргов.

Англичаните се најтврди по прашањето на превенција зашто кај нив кондомизацијата постои веќе 100 години, од времето кога имале колонии, а сега таа индустрија е толку развиена што цел свет го снабдува со најдобри кондоми. Англија живее практично од продажба на лиценци токму за производство на кондоми.

Имаме веќе две генерации на жени кои се изложени на кондомите. Доколку кај жените мајки се случи да добијат рак на дојка, а потоа и нивните ќерки ја добијат истата болест , тогаш тоа сигурно не е поради генетското пренесување на оваа болест. Ќерките на жените кои боледуваат од рак на дојката можат да заболат од оваа болест единствено доколку ги користат методите на заштита кои ги користела и нивната мајка.

Испитувањата покажаа дека дури и тироидната жлезда, односно ракот на тироидата, се појавува како последица на ваквата контрацепција. Таблетите за контрацепција се многу подобро средство за заштита од презервативот. Но, доколку се земаат таблети за контрацепција а партнерот е стерилен, тогаш таа жена исто така има голема веројатност да добие рак на дојка.

„Последните направени испитувања кај ученичките во средните училишта покажаа повторно ист резултат. Девојчињата од 15,16 години како и помладите жени се премногу млади за да добијат рак на дојката, но затоа добиваат анорексија како последица на бариерната контрацепција“, смета Ѓоргов. Вообичаено се смета дека токсините и хемикалиите во водата и во воздухот, како и на работното место се главен причинител за појавата на бројни видови на рак, но кај ракот на дојката тоа не е случај .

Експертите велат дека прашањето на превенција и сузбивање на ракот на дојката има повеќе аспекти, тоа е филозофско, политичко, социјално и биолошко прашање.

Неопходна е политичка поддршка за спроведување на кампања за превенција на ракот на дојката. Меѓутоа, самата кампања претставува директен атак спрема цела една индустрија што се грижи за болните од рак на дојка, посебно во Америка, што никако не смее да се занемари. Шансите за лечење се донекаде зголемени, но, тоа не помага ако не се води сметка и на превенцијата.